Естроген

Естрогените хормони (или естрогени) претставуваат стероидни супстанци кои имаат важна улога во естрогениот циклус и затоа се сметаат за женски полови хормони.

Се лачат од фоликулите од овариумите. Овие хормони се одговорни за појавата на женските полови одлики. Активноста на естрогените хормони е изразена за време на пубертетот, кога отпочнува првиот месечен циклус на овариумите. Со намалување на лачењето на естрогените, најчесто меѓу 45-тата и 50-сеттата година од животот, настанува период на менопауза.

Естроген
Класа на лек
Естроген
Естрадиол, главниот естроген полов хормон кај луѓето и широко употребуван лек.
УпотребаКонтрацепција, менопауза, хипогонадизам, MTF, рак на простата, рак на дојка, други
Биолошки таргетЕстрогенски рецептори
ATC кодG03C
Надворешни врски
MeSHD004967

Естрогените хормони може се присутни кај ’рбетниците.

Претставници и примери

Структури на главните ендогени естрогени
Естроген 
Естрон (E1)
Естриол (E3)
Естетрол (E4)
Естроген 
Забележете ги хидроксилните (–OH) групи: естронот (E1) има една, естрадиолот (E2) има две, естриолот (E3) има три, и естетролот (E4) има четири.

Четирите најзастапени естрогени кај жените се естрон (E1), естрадиол (E2), естриол (E3), и естетрол (E4). Естрадиолот (E2) е доминантен естроген за време на репродуктивната возраст, како во однос на серумското ниво, така и во поглед на естрогенската активност. За време на менопаузата, естронот е доминантен циркулирачки естроген, а за време на бременост доминантен циркулирачки естроген е естриолот. Даден како субкутана инјекција кај глувци, естрадиолот е околу 10 пати повеќе потентен од естронот и околу 100 пати повеќе потентен од естриолот. Така, естрадиолот е најзначајниот естроген кај не-бремени жени помеѓу менархата и менопаузата. Меѓутоа, за време на бременоста оваа улога ја презема естриолот, а кај постменопаузални жени естронот станува примарна форма на естроген во телото. Друг тип на естроген наречен естетрол (E4) се произведува само за време на бременоста. Сите различни форми на естроген се синтетизираат од андрогените, особено од тестостерон и андростендион, под дејство на ензимот ароматаза.

Други помалку застапени естрогени, чија биосинтеза не го вклучува ензимот ароматаза, се 27-хидроксихолестерол, дехидроепиандростерон (DHEA), 7-оксо-DHEA, 7α-хидрокси-DHEA, 16α-хидрокси-DHEA, 7β-хидроксиепиандростерон, андростендион (A4), андростендиол (A5), 3α-андростендиол, и 3β-андростендиол. Некои естрогенски метаболити, како што се катехол естрогените 2-хидроксиестрадиол, 2-хидроксиестрон, 4-хидроксиестрадиол, и 4-хидроксиестрон, како и 16α-хидроксиестрон, имаат одредена естрогенска активност. Биолошкото значење на овие помалку застапени естрогени не е во потполност разјаснето.

Функција

Естроген 
Синтеза на стероидните хормони. Естрогените хормони се наоѓаат во долниот десен дела на сликата облежан со розова боја.

Естроген се присутни и кај мажите и кај жените. Обично се присутни во значително повисока концентрација кај жените во репродуктивната возраст. Тие го иницираат развојот на вторичните сексуални одлики кај жениите (како што се градите) а исто така имаат важна улога и во регулирањето на менструалниот циклус.

Кај мажите, естрогените хормони исто така регулираат некои функции на репродуктивниот систем важни за созревањето на сперматозоидите и веројатно се одговорни за поседување на здраво либидо. Постојат и неколку други структурни промени кои се индуцирани од страна на естрогените.

Примена во медицината

Средство за орална контрацепција

Естрогените хормони се користат како орални контрацептивни средства со оглед на тоа што со нивната циркулација во крвта се намалува концентрацијата на LH и на Фоликулостимулирачкиот хормон.

Рак на дојката

Во околу 80% од случаите на појава на рак на докјата, понатамошниот развој на ракот се темели на присутниот естроген. Ваквите канцери се познати како хормон-осетливи или хормон-рецептор-позитивен канцери. Сузбивањето на производството на естроген во телото се користи третман на овој вид на рак на дојката.

Рак на простатата

Под одредени околности естрогенот исто така може да се користи и кај мажите за третман на рак на простатата.

Останато

Кај луѓето и кај глувците, естрогенот го помага заздравувањето на раните.

Козметика

Некои шампони за коса содржат естрогени супстанци, а други содржат фитоестрогени. Поради ова се имаат појавено случаи кога кај мали деца се развиваат гради како резултат на изложувањето на естрогенот присутен во овие шампони. Исто така голем број на козметички производи како конзерванси користат ксеноестрогени супстанци кои може да го имитираат дејството на естрогените хормони.

Ефектите врз животната средина

Во последниве години е откриено дека преку отпадната вода, естрогенот го наоѓа својот пат во животната средина. Естрогените се само мал дел од многуте соединенија кои може да делуваат како пореметувачи на ендокриниот систем, а тоа се должи на фактот дека тие имаат висока естрогена активност. Кога естрогените ќе навлезат во животната средина може да предизвикаат сериозни проблеми со репродуктивниот систем кај мажјаците (и кај луѓето и кај животните) Еестрогените екскретирани од жените, како и на естрогените кои претставуваат отпад од користењето на контрацептивните таблети стигнуваат и до водените системи. Во текот на периодот на репродукција на рибите нивните икри се изложени на ниски нивоа на естроген, а тоа што предизвикува репродуктивни дисфункции кај рибите мажјаци - некои риба поради ова се раѓаат и со машки и си женски полови органи. Други риби мажјаци може имаат ниска плодност.

Поврзано

Литература

Надворешни врски

Tags:

Естроген Претставници и примериЕстроген ФункцијаЕстроген Примена во медицинатаЕстроген КозметикаЕстроген Ефектите врз животната срединаЕстроген ПоврзаноЕстроген ЛитератураЕстроген Надворешни врскиЕстрогенЖивотМенопаузаПубертетХормони

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Календар на Велигденски датумиМакедонски претседателски избори, 2019Општина ВрапчиштеДаме ГруевХепатитМакедонски парламентарни избори (2024)Бубрежна слабостТумор на мозокМетодистичка цркваПарите се отепувачкаГајдаПсоријазаСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаПневмонијаНова алтернативаИсус ХристосСписок на градови во МакедонијаТурцијаБРИКСРајко ЖинзифовМакедонски парламентарни избори, 1990ОдбојкаОпштина ИлинденЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеВласиРепортажа (филм)ШпанијаЖолто МореОНАВладимир ГлигоровРимКрешник БектешиЕдинствена МакедонијаСлобода или смртПридавки во македонскиот јазикХосе МухикаБели мугриПрва влада на Бранко ЦрвенковскиДржавни празници во МакедонијаМандолинаМакедонски претседателски избори (2019)Македонска револуционерна организацијаОслободителна народна армијаМалиот принцЛогистикаБраќа МиладиновциМинистер без ресорБегалкаМакедонски претседателски избори (1999)Референдум во Македонија (2004)Седум смртни гревовиДонтов методАвантурите на ПинокиоПутурусДојранско ЕзероТито ПетковскиБалкански ПолуостровОпштина ЛипковоМакедонски претседателски избори (2009)РадождаЉубиша ГеоргиевскиВикипедија на македонски јазикОпштина ДолнениИлинденско востаниеСлуз-цедење во грлотоСоцијалдемократска унијаМакедонска радио-телевизијаДУИМакедонски парламентарни избори (1998)ДПАЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридСкопски земјотрес (1963)Центар ЖупаЕгипетЕритематозни дерматозиВасил ИљоскиЛиберална партија (Македонија)🡆 More