Едвард Iv

Едвард IV (англиски: Edward IV; 28 април 1442 – 9 април 1483) — крал на Англија во периодот од 4 март 1461 до 9 април 1483 година, со мали прекини во периодот од 1470-1471 година, и тој е првиот крал на Англија од династијата Јорк.

Едвард IV
Едвард Iv
Крал на Англија

(првпат)
На престол4 март 1461 – 3 октомври 1470 (&100000000000000090000009 години и &10000000000000182000000182 дена)
Крунисување28 јуни 1461
ПретходникХенри VI
НаследникХенри VI
Крал на Англија

(вторпат)
На престол11 април 1471 – 9 април 1483
(&1000000000000001100000011 години и &10000000000000363000000363 дена)
ПретходникХенри VI
НаследникЕдвард V
Почивалиште
Капела Свети Георгиј , Виндзор
СопругаЕлизабета Вудвилска
Деца
и др.
Елизабета
Марија
Сесилја
Едвард V
Ричард
Ана
Катерина
Бриџет
ДинастијаДинастија Јорк
ТаткоРичард Плантагенетски, трет војвода од Јорк
МајкаСесилја Невил

Доаѓање на престолот

Роден е на 28 април 1442 година во Франција. Бил син на Ричард Плантагенетски, трет војвода од Јорк. Неговиот татко имал претензии кон англискиот престол, за кој се водела т.н. Војна на розите помеѓу династија Ланкастер и династија Јорк. Кога татко му бил убиен во Битката кај Вејкфилд, Едвард, како негов најстар син, ги наследил неговите претензии. Со помош на Ричард Невил, Едвард успеал да ги порази позициите на Ланкастер, и во 1461 година да се прогласи за крал на Англија. Во тоа време, Хенри VI и неговата сопруга биле во Северна Англија. едвард уште еднаш успеал да победи во Битката кај Товтон.

Симнување од власт

Во 1464 година Едвард се оженил со Елизабета Вудвилска, вдовица на Џон Греј, кој загинал во војната. Со помош на помалиот брат на Едвард, Џорџ, опозицијата успеала да поведе војска која би војувала против Едвард. Еден дел од кралската армија доживеала огромен пораз во Битката кај Еџекот Мур, а самиот едвард бил заробен. Ворик се обидела да владее со земјата, но наишла на голем отпор од страна на благородниците, па морала да го пушти на слобода Едвард. Кралот на тоа не одговорил, туку сакал да се помират со Ворик и Кларенс. Но во 1470 година тие повторно организирале бунт против Едвард, но овој пат тие доживеале голем пораз и биле принудени да побегнат во Франција. Во Франција, тие дошшле во контакт со Маргарита де Анжу и се согласиле Хенри VI повторно да биде избран за крал на Англија. Така, со помош на Франција, Едвард бил принуден да го напушти престолот и да побегне. Во меѓувреме, братот на Ворик, Џон Невил, исто така преминал на страната на Ланкастер.

Повторно враќање

По поразот над Едвард, Хенри повторно бил избран за крал на Англија, а Едвард заминал во Бургундија. Владетели на Јорк во тоа време биле неговиот чичко Чарлс и неговата сестра Маргарите Јоркска. Во почетокот, Чарлс немал намера да му помогне на Едвард, но француските власти објавиле војна на Бургундија, па Чарлс бил принуден да ги промени своите позиции. Така, со негова помош Едвард успеал да собере определена армија и да замине кон Англија.

По враќањето на Англија, тој наишол на големи проблеми. Градот Јорк му ги застворил портите, а тој продолжил со мобилизацијата на војници. Многу бргу на негова страна се присоединил неговиот брат Кларен. Во Битката кај Барнет, Едвард успеал да му нанесе пораз на Ворик. Многу бргу по неговата смрт бил убиен и наследникот на Ланкастер, Едвард Ланкастерски. По само неколку денови Едвард се вратил во Лондон а Хенри бил убиен. На 18 февруари 1478 бил убиен и Кларенс, поради заговор.

Управување и смрт

Останатиот дел од неговото управување било мирно, бидејќи династија Ланкастер била скоро целосно уништена а единствениот соперник останал само Хенри Тјудор, кој живеел во прогонство. Во 1475 година Едвард војувал со Франција. Во 1482 година му дал поддршка на Александар Стјуартски, брат на Јаков III Шкотски, да го зазеде шкотскиот престол.

Едвард IV починал на 9 април 1483 година, а бил наследен од страна на неговиот син Едвард V.

Наводи

Tags:

Едвард Iv Доаѓање на престолотЕдвард Iv Симнување од властЕдвард Iv Повторно враќањеЕдвард Iv Управување и смртЕдвард Iv НаводиЕдвард Iv1442146114701471148328 април4 март9 априлАнглиски јазикДинастија ЈоркКрал на Англија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Северна АмерикаВоен конфликт во Македонија, 2001ЈаглехидратВакцина против тетанусФилип II МакедонскиСредоземно МореЗагрозен видАнтибиотик со широк спектар на дејствоРак на усна празнинаБраќа МиладиновциСвета ПеткаЉубчо ГеоргиевскиСписок на држави по населениеТрајко ВељаноскиГрупа МаестроГерманијаОхридско ЕзероУкраинаМетотрексатПредмет (граматика)Влатко СтефановскиЃурѓовденПаркинсонова болест26 априлМакедонска крвава свадбаБерлинМакедонски претседателски избори, 1999Изборна единица 3Балкански рисМаркетингОпштина КрушевоКичевоПанде ПетровскиМакедонски претседателски избори, 2004Охридски топчест сунѓерСвети Климент ОхридскиСојуз на Ромите од МакедонијаХронична опструктивна белодробна болестЗбогум, Румелија (ТВ-серија)Акутен панкреатитКалиопиПрва светска војнаАДХДПертусисМиле ЈаневскиАнгинаВанчо ШехтанскиГипсСилвио ПиколоминиПопис на населението во Македонија (2021)ЛимфомTrackBackИшијасЈудаизамТестостеронКанадаХипертензијаМладотурска револуцијаСловенијаРисто КрлеХари КостовХепатитВласиАзотБорис ПисториусМозочен ударПавле АрсоскиВлада на Оливер СпасовскиЖивотниГостиварМали сипанициТони НаумовскиLa Liga 2ХрватскаКрпен животОмепразол🡆 More