Деште Лут: пустина во Иран

Деште Лут или само Лут (персиски: دشت لوت, „Низина на Голотијата“) — голема пустина во покраините Керман и Систан и Балуџистан, Иран.

Прогласена е за светско наследство на УНЕСКО. Површината на песокот достигнува температура од 70,7 °C, што претставува рекорд за најврела површина на Земјата.

Деште Лут
دشت لوت
Деште Лут: Опис, Геологија, Археологија
Песочни образби во пустината кај Керман
Должина480 км
Ширина320 км
Површина51.800 км2
Име
Изворно имеدشت لوت  (персиски)
Географија
ЗемјаИран
Координати30°36′18″N 59°04′04″E / 30.60500001° СГШ; 59.0677777878° ИГД / 30.60500001; 59.0677777878
Светско наследство на УНЕСКО
Службен називПустина Лут
Критериумvii, viii
Навод1505
Запис2016 (XL заседание)

Опис

Деште Лут: Опис, Геологија, Археологија 
Јарданзи во пустината.

Иран климатски припаѓа на појасот на афроазиските пустини, кој се протега Мавританија, па сè до Монголија.

Географијата на Иран се состои од висорамнини обиколени од планини и одделени со котлини. Деште Лут е една од најголемите вакви котлини, со должина од 480 long и ширина од 320 км. Се смета за едно од најсувите места на светот.

Пустината зафаќа површина од околу 51.800 км2, втора по големина во Иран веднаш зад Деште Кевир. Напролет, кога е повлажно, во пустината дотекува вода од Керманските Планини, но набргу пресушува, оставајќи зад себе само камења, песок и сол.

Источниот дел на Деште Лут е ниска висорамнина покриена со солници. За разлика од тоа, средишниот дел има напоредни сртови и бразди извајани од ветерот, кои се протегаат 150 км и достигнуваат висина од 75 км. Ова подрачје е полно со кланци и вртачи. Југоисточниот дел е огромно песокливо пространство, налик на сахарските ергови, со дини високи 300 м, кои се меѓу највисоките во светот.

Геологија

Според едно проучување, преку половина од пустината е сочинета од вулкански карпи. Во врелите периоди се забележуваат евапорити.

Археологија

Околу 2500 п.н.е. тука постоела напредна цивилизација. На западниот раб на пустината се наоѓал древниот град Шехдад. Од источната страна бил огромниот град Шахри Сухте.

Оваа пустинска област е археолошка важност за Иран. Проучени се источното крило на Керманските Планини и западната пограничје на пустината. Пронајдени се 87 археолошки наоѓалишта од V милениум п.н.е. до доцната исламска епоха. Од нив, 23 се од бакарното и бронзеното време.

Најврела површина

Деште Лут: Опис, Геологија, Археологија 
Деште Лут од вселената, 2006 г.

Сателитот „Аква“ на НАСА го набљудувал Деште Лут од 2003 до 2010 г. и забележал најврела површина на Земјата, со температури до 70,7 °C, иако самиот воздух е поладен.

Најврелиот дел на пустината е Гандом Берјан, голема висорамнина покриена со темна лава и површина од 480 км2.

Поврзано

  • Деште Кевир
  • Географија на Иран

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Деште Лут ОписДеште Лут ГеологијаДеште Лут АрхеологијаДеште Лут Најврела површинаДеште Лут ПоврзаноДеште Лут НаводиДеште Лут Надворешни врскиДеште ЛутИранКерман (покраина)Персиски јазикПустинаСветско наследствоСистан и БалуџистанУНЕСКО

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Кочо АнѓушевМеѓународен ден на РомитеЛеопардов смокПоречеМакедонски парламентарни избори (2016)Никола КаревСеверна КорејаМали сипанициМакедонска револуционерна организацијаЉубиша ГеоргиевскиПлаошникВладо МисајловскиГордана Силјановска-ДавковаГоран МинчевСвета ГораТодор АлександровБујар ОсманиМакедонски парламентарни избори (2008)Список на главни градови во ЕвропаГрад СкопјеЏезКавадарциОпштина КумановоМинистерство за животна средина и просторно планирањеЧешкаБугарски возМендух ТачиСашо МијалковИзборна единица 5Ѕвезда од КутлешФудбалЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридАнтичка МакедонијаЦариградска патријаршијаВелигденПаризРисто ВртевБугаријаМакедонски претседателски избори, 2009Дебело цревоАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаХераклеЕврејски календарВаландовоКатастарски општини во МакедонијаЏо БајденНатриум бикарбонатЛибанБик (хороскопски знак)ЈугославијаЗијадин СелаМасакр кај ВејцеГустав ШвабДимитар МиладиновМарокоЗоран ЗаевПрва светска војнаГраѓанска опција за МакедонијаТегавецЃорге ИвановАпостол ПавлеРаички манастирСписок на македонски народни поговоркиСрпска странка во МакедонијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаЗемјотресЕдинствена МакедонијаПетар Поп АрсовЧорбаџи ТеодосВикиНова социјалдемократска партијаСтојанче АнгеловИсламска ДржаваИсламот во ЕстонијаСеверина ВучковиќШеријат🡆 More