Генерална Дирекција За Надворешна Безбедност

Генералната дирекција за надворешна безбедност (Фра.

Direction générale de la Sécurité extérieure, DGSE) е главната разузнавачка агенција на Франција. Таа е наследник на службата БЦРА, која е формирана во почетокот на Втората светска војна, во рамките на Штабот на генералот и подоцнежен претседател на Република Франција, Шарл де Гол. Во рамки на дирекцијата, извршени се две реконструкции и реорганизации, и тоа во 1947 и 1974 година, со што станува потполно автономна разузнавачка служба, потчинета на претседателот и на премиерот. Во 1982 година го добива и денешниот актуелен назив.

Генерална Дирекција За Надворешна Безбедност
Логото на ГДНБ

Генералната дирекција за надворешна безбедност е подредена на Минстерството за национална одбрана на Франција. Таа е одговорна и за военото разузнавање, електронското разузнавање, како и за контрашпионажата надвор од границата на националната територија.

Денес ГДНБ претставува централен и раководен орган во разузнавачката заедница со цел да врши контрола на службите за разузнавање и контрашпионажа. Таа првенствено делува на територијата на Франција, со основна задача собирање и обработка на податоци и нивно доставување до корисниците. Во рамки на оваа Дирекција функционира Групацијата за радиоелектронско извидување, која има за задача стратегиско-електронско разузнавање чии центри се разместени насекаде низ светот. Во нејзиниот состав се наоѓаат Пливачката единица и Акционата дивизија.

Задачи на дирекцијата

Основни правци на интересирање на оваа служба се: прибирањето на податоци од сите сфери на општествениот живот на секоја странска земја, заради предвидување на развојот на ситуациите кои би можеле да ги загрозат воените, политичките и други интереси на Република Франција, како и собирање на податоци од областа на науката и технологијата, со цел зголемување на познавањата од овие области, и откривање на плановите и позициите на странските разузнавачки служби заради спречување на нивните активности насочени кон Република Франција.

Седиште и организациона структура

Генерална Дирекција За Надворешна Безбедност 
Седиштето на ГДНБ во Париз

Централата на оваа служба се наоѓа во Париз. Нејзиното раководство го сочинуваат Генераллен директор, негов помошник и директори на организационите единици во составот на службата. Во рамките на оваа дирекција до неодамна егзистираа како нејзини составни делови следниве дирекции, служби и органи:

  • Дирекција за истражување;
  • Дирекција за контрашпиунажа;
  • Дирекција за проучување на документација;
  • Дирекција за акции;
  • Служба за технички материјали; и
  • Финансиско-кадровска служба.

По извршената реорганизација, Генералната дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) се состои од следните оддели (управи):

  • Стратегиска управа;
  • Разузнавачка управа;
  • Технички оддел; и
  • Оддел за операции.

Стратегиската управа подготвува студии за политички опции достапни на Франција. Во реализацијата на своите активности остварува тесна соработка со Министерството за надворешни работи.

Разузнавачката управа е задолжена за собирање на информации првенствено од човечки извори, со акцент на воено-разузнавачките задачи. Во поново време се почесто се занимава и со проблемите на технолошката шпионажа.

Техничкиот оддел е задолжен за стратегиско собирање на електронски податоци и одржување на станиците во Франција и странство.

Одделот за операции е наменет за подготвување на тајните операции и нивна реализација.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Генерална Дирекција За Надворешна Безбедност Задачи на дирекцијатаГенерална Дирекција За Надворешна Безбедност Седиште и организациона структураГенерална Дирекција За Надворешна Безбедност НаводиГенерална Дирекција За Надворешна Безбедност Надворешни врскиГенерална Дирекција За Надворешна БезбедностВтора светска војнаПремиерПретседателРазузнавачка службаФранцијаШарл де Гол

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

6 мај (празници)Борислав КрмовМакедонски парламентарни избори (2006)Одри ХепбернКристијано РоналдоСолунЈоаким КрчовскиБиљал КасамиСазАлександар I КараѓорѓевиќАнтичка МакедонијаАрбен ЏафериКадина РекаОпштина ПетровецМакедонски парламентарни избори, 2002Зрзески манастирЛокални избори во Македонија (2005)ДелчевоМајка ТерезаЛеукемијаСписок на градови во ГерманијаНаум СтрумичкиСписок на претседатели на САДУспение на Пресвета БогородицаПопис на населението во Македонија (2021)Свети Наум (манастир)Македонски претседателски избори (2009)МодусАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. АнгеларијПроливПодвис (Кичевско)Никола БадевКарлес ПуџдемонМакедонски парламентарни избори (1998)Црква „Св. Димитриј“ - БитолаЖељко РажнатовиќГрузијаСлепо цревоКодификација на македонскиот стандарден јазикАфионИталијаВиолета ТомовскаСвети Кирил и МетодијМакедонски парламентарни избори (2024)ПетровденПетар РенџовТимотеј Дебарско-кичевскиАпостол ЈудаОпштина Гази БабаТетовоПравоаголен триаголникСвети Ѓорѓи КратовскиМеѓународен ден на трудотГудачки инструментиНеандерталецАлександар ШехтанскиДанскаОвчи сипанициМарокоКалендар на Велигденски датумиОбединето КралствоИнформбироПравославна цркваБогомилствоЦрква „Св. Троица“ - РадовишДржавни празници во МакедонијаЛесновски манастирХектарБалканска приказна (ТВ-серија)ИзраелСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваМакедонијаДемографија на МакедонијаМарсејски атентат🡆 More