Вошките (латински: Pediculus humanus capitis) се мали инсекти без крила и цицаат крв од главата.
Нивната боја е различна, од белузлава до кафеава и црвеникава до кафеава. Вошките живеат само кај луѓето. Ако се отстранат од главата, тие умираат обично во рок од 24 часа. Вошките не скокаат, тие можат само да ползат при што се пренесуваат од глава на глава.
Вошките се паразити кои наликуваат на инсекти без крила, живеат на косматиот дел на телото. Вошливоста е честа во школите, во центрите со дневен престој и други простори, кои се пренатрупани и каде децата се во близок меѓусебен контакт. Доколку вашето дете било во контакт со друго дете кое има вошки, прочитајте ја внимателно оваа информација
Вошките не можат нити да скокаат нити да летаат. Се пренесуваат со директен контакт или индиректно со заедничка употреба на шешири, капи и четки. Женките ги депонираат јајцата во косата и тоа во близина на коренот (близина на скалпот) каде е најтопло. Јајцата наликуваат на беличасто-сивкасти зрнца кои се фиксирани за коренот на влакната и не може да се исчеткаат како перут. Најчесто се сместуваат во тилниот дел или зад ушите и може да се видат со голо око. Возрасните вошки се потемно обоени и се гледаат како се движат низ косата. Кај тешки инфестации присутен е интензивен јадеж на скалпот .
Колку време детето е заразно за другите и кога може да се врати во градинка/училиште? Инфективен период/исклучување од дневниот престој на инфицираните деца треба да е до следното утро, по третманот.
Децата со вошки често се стигматизираат, но ова е погрешно бидејќи практично секој може да добие вошки. Вошките претпочитаат чиста и здрава коса и скалп. Добрата лична хигиена не може да го заштити вашето дете од вошки. Не е пријатно некој да добие вошки, но секако не е фатално. Единствениот начин на кој вошките вистински може да ве повредат, е ако заради чешањето секундарно се инфицираат раните.
Кога некој ќе добие вошки треба да се третира целата фамилија . Вошките се кријат во четките за коса, во креветот и во мебелот на куќата и лесно се шират.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Вошка, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.