Бучавата се дефинира како непријатна звучна сензација која во организмот создава штетни ефекти.
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Таа обично се манифестира како висока гласност од околу 110-120 dB, иако може да има пониски или повисоки вредности. Бучавата обично подразбира спектар на звуци со различни честоти – штетните ефекти не зависат само од јачината, туку и од висината на звуците.
По својот карактер, бучавата може да биде:
Дејството на бучавата оди во две насоки, едната е директното дејство врз органите за слух, т.е. специфично дејство, а другиот е неспецифичното делување.
Дејството на интензивната бучава во тек на подолг период создава во слушниот апарат пореметувања кои се манифестираат од лесна наглувост во почетокот па до потполна глувост во крајните стадиуми.
Не е доволно испитано, но е познато дека бучавата предизвикува замор, слабеење на концентрационите способности, губиток на волјата и расположение а бучавата преку 110 dB создава и пореметувања во органот за рамнотежа. Кај некои пациенти се опишани пореметувања на ритамот на срцето и промени на ЕКГ. Исто така се можни пореметувања на крвниот притисок во смисла на хипер и хипотонија.
За заштита на човекот околината од бучава, неопходни се мерења на бучавата кои се прават со акустички уред наречен фонометар, односно сонометар. При заштита од бучавата треба да се има предвид дека најдобри звучни изолациони својства имаат порозните материјали. Интензитетот на звукот експонецијално опаѓа со дебелината на материјалот. Интензитетот на звукот во затворени простории зависи од коефициентот на апсорпција на ѕидовите. Така, на пример, малтерот има коефициент на апсорпција 0,02, а завесите 0,23. За намалување на бучавата, денес ѕидовите се обложуваат со материјали кои имаат својство да го апсорбираат звукот. Во близина на аеродромите се прават високи ѕидови на кои најчесто се засадуваат растенија (ползавци) кои со повеќекратна рефлексија на звучните бранови го намалуваат нивниот интензитет. Процесот на рефлектирање и апсорпција на брановите има посебна улога при ширење на брановите во затворени простори. Овие процеси ги определуваат акустичките својства на просториите. При проектирање на амфитеатри, предавални, конценртни и театарски сали, ТВ-студија, се користат посебни техники кои се дел од архитектонската акустика.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Бучава, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.