Брус Вилис

Волтер Брус Вилис (англиски: Walter Bruce Willis ; р.

19 март 1955) — професионално познат како Брус Вилис — американски глумец, продуцент и музичар. Неговата кариера започнала во телевизијата, во 1980-тите години, најзабележливо со улогата на Дејвид Едисон, во Осветлување на месечината (1985-1989 година). Тој продолжил на полето на филмот и телевизијата, глумејќи во комедии, акции и драми. Познат е по улогата на Џон Маклејн, во серијалот Умри машки, кој имал воедно критички и финасиски успеси. Исто така, тој се појавил во повеќе од 60 филмови, како Евтини приказни (1994), 12 мајмуни (1995), Петтиот елемент (1997), Армагедон (1998), Шесто сетило (1999), Нераскинлив (2000), Градот на гревот (2005), Упатство (2012), Царството на месечината која изгрева (2012), Г.И. Џо: Одмаздата (2013).

Брус Вилис
Брус Вилис
Willis at the 2010 San Diego Comic-Con International, July 22, 2010
Роден(а)Волтер Брус Вилис
19 март 1955(1955-03-19)(69 г.)
Идар-Оберштајн, Рајнска област-Пфалц, Западна Германија
НационалностАмериканец
Други имињаВ.Б.Вилис, Волтер Вилис
ОбразованиеСредно училиште „Пенс Гров“
Алма матерДржавен универзитет „Монтклер“
Занимањеглумец, продуцент, писател, музичар, пејач
Активен период1980–
СопружникДеми Мур
Деца4

Филмовите во кои игра Брус Вилис достигнале бруто заработка од 2,64 до 3,05 милијарди долари низ билетарниците во Северна Америка, со што тој е деветти по ред глумец кој најмногу заработува како главна улога, и дваесетти по ред играјќи како споредна улога. Двапати досега бил добитник на Еми наградата, еднаш на Златен глобус, и четири пати досега бил номиниран за наградата Сатурн. Вилис беше женет со глумицата Деми Мур, со која има 3 ќерки. Тие беа 13 години во брак, а се развеле во 2000 година. Сега, тој е во брак со моделот Ема Хеминг, со која има една ќерка.

Животопис

Вилис е роден во Идар-Оберштајн, Западна Германија. Неговиот татко, Дејвид Вилис, бил американски војник. Неговата мајка, Марлене К., била германка, родена во Кауфунген, близу Касел. Вилис е најстариот од четирите деца: тој има сестра, Флоренс, и брат, Дејвид. Неговиот брат Роберт починал во 2001 година, на 42 годишна возраст, од рак на панкреасот. Откако бил отпуштен од војска во 1957 година, татко му на Вилис, со својата фамилија, се вратил во Карнис Поинт, Њу Џерси. Неговата мајка работела во банка, а татко му бил заварувач, механичар и работник во фабрика. Вилис одел во средното училиште Пенс Гров, во своето родно место, каде што се соочувал со проблемите со пелтечењето. Неговите соученици го нарекувале Бак-Бак. Забележувајќи дека сака и дека му е лесно да се изразува на сцена, а воедно и дека со тоа ги губи проблемите со пелтечењето, Вилис започнал да глуми, а сите негови средношколски активности биле поврзани со работи како драмскиот клуб, а бил и претседател на студентскиот совет.

По завршувањето на средно училиште, Вилис се вработил како службеник од обезбедување во атомската централа Сејлем, а исто така превезувал и групи работници во фабриката Дупон во Дипвотер, Њу Џерси.

По работењето како приватен детектив (улога која подоцна ќе ја игра во телевизиската серија Осветлување на месечината, исто така и во филмот од 1991 година, Последниот извидник), Вилис се навратил на глумењето. Тој се запишал во драмската програма на Државниот универзитет Монтклер. Во неговата последна година од студирањето, тој го напуштил училиштето и се преселил во Њујорк, каде што на почетокот на 1980-тите години, се издржувал себеси работејќи како шанкер во барот Камикази.

По неколку аудиции, тој го имал и својот прв драмски настап во оф-Бродвеј продукцијата на Небо и земја. Со повеќе искуство се здобил во Луд за љубов, и во реклама за Левис.

Кариера

Почеток на кариерата

Брус Вилис 
Вилис на 61-вото доделување на Оскарите, 1989 г.

Вилис го напуштил Њујорк и се упатил кон Калифорнија на аудиции за неколку телевизиски емисии. Во 1984 година, тој се појавил во епизодата Без излез, во ТВ серијалот Пороците на Мајами. Во 1985 година, се појавува во првата епизода од серијалот Зона на самракот. Тој учествувал на аудиција за улогата на Дејвид Едисон Џуниор од серијата Случајни партнери (1985-89 г.), натпреварувајќи се против 3.000 други глумци за истата улога. Главната улога, наспроти Сибил Шепард, му помогна да се докаже како комичен глумец, со што серијата траеше пет сезони. Во време кога серијата доживувала големи успеси, производителот на пијалаци Сиграм, го најмил Вилис да учествува во рекламата за производите на Златно вино. Оваа рекламна кампања и исплатила на оваа новородена ѕвезда околу 5 до 7 милиони долари, за две години. И покрај тоа, Вилис решил да не го обновува договорот со оваа компанија, кога решил да престане со пиењето алкохол во 1988 година.

Вилис го имаше своето деби во филмот на Блејк Едвардс од 1987 година, Состанок на слепо, со Ким Бесинџер и Џон Ларокет. Едвардс повторно му доделил улога, да го игра Том Микс со неговиот вистински живот, во Зајдисонце (1988 г.). Меѓутоа, тогаш неочекуваната улога на Џон Маклејн во Умри машки (1988 г.) му го донесе статусот филмска ѕвезда. Тој ги изведува повеќето од неговите вештини во филмот, a филмот достигнал заработка и до 138.708,852 долари насекаде во светот. По неговиот успех со Умри машки, тој добил споредна улога во драмата Во земјата, како старец од Виетнам, Емет Смит, и исто така го глуми гласот на едно бебе кое зборува, во филмот Гледај кој зборува.

Кон крајот на 1980-тите, Вилис уживал во скромен успех и како глумец кој снима и музика, снимајќи албум со поп-блуз песни, наречен The Return of Bruno, кој го вклучува и хитот Respect Yourself. Тој објавил и верзија на песната Под дрвената патека на The Drifters, која достигна и до второто место на англиската топ 40 листа, иако во Америка не била толку популарна. Неколкупати потоа Вилис се навраќал на снимачкото студио. (Види Дискографија подолу)

1990-тите години

Со улогата на Џон Маклејн во Умри машки, Вилис се стекнал со голем личен успех. По овој филм следуваат и Умри машки 2 во 1990 година и Умри машки со одмазда во 1995 година. Овие три дела од серијалот Умри машки имале меѓународна заработка од преку 700 милиони долари и го вовлекле Вилис во редот на Холивудските акциони ѕвезди.

Во почетокот на 1990-тите години, кариерата на Вилис се соочила со нагло опаѓање, глумејќи во утнати филмови како Оган од суети, Хадсон Хок, и други. Тој глумел како главна улога во високо сексуализираниот еротски трилер Бојата на ноќта (1994 година): уште едно промашување, кое било жестоко нападнато од критичарите, но сепак добро поминал на пазарот за домашни видеа и станал еден од топ 20-те најизнајмувани филмови во Соединетите Американски Држави во 1995 година.

Во 1994 година, тој играл споредна улога во докажаниот филм Евтини приказни на Квентин Тарантино, кој повторно ја издигнал неговата кариера. Во 1996 година, тој бил извршен продуцент на цртаниот филм Детето Бруно, со кој на некој начин се претставува и себеси. Тој продолжил со глумење на главните улоги во 12 мајмуни (1995 г.) и Петтиот елемент ( 1997 г.). Меѓутоа, кон крајот на 1990-тите години, неговата кариера повторно била загрозена со критички нападнатите филмови како Чакалот и Појадок за шампиони, за да биде пак, повторно спасена, овој пат со Армагедон во режија на Мајкл Беј, кој бил филм со најголема заработувачка за 1998 година. Истата година, неговиот глас и слика биле вклучени во Плејстејшн видео играта Апокалипса. Во 1999 година, Вилис играл во филмот на М. Најт Шијамалан, Шесто сетило. Овој филм доживеал големи успеси и помогнал повторно да се зголеми интересот за глумецската кариера на Вилис.

2000-2010 години

Во 2000 година, Вилис доби Еми награда за неговото учество во Пријатели (каде го глумел таткото на најмладата девојка на Рос Гелер). Исто така, во 2001 година бил номиниран за Американска награда за комичар, за неговото учество во Пријатели. Му била доделена и улогата на Тери Бенедикт во Единаесеттемина на Оушн (2001 г.), но се повлекол за да работи на снимање на албум. Тој накратко се појавува до Дванаесетмината на Оушн (2004 г.).

Во текот на неговата кариера, неколкупати гостувал во Доцнежното шоу со Дејвид Летермен. На 26ти февруари 2003 година, поради болест, тој го заменил Дејвид Летермен во неговото шоу, каде тој требало да биде само гостин. На повеќе наврати појавувајќи се во шоуто, Вилис исценирал комплицирани шеги, како на пример носел портокалов костим во чест на капиите на Централен парк, си ја направил едната страна од лицето со вештачки рани од сачма по застрелувањето од Хери Витингтон, и се обидувал се да го сруши рекордот во стоење под вода дваесет секунди (пародија на Дејвид Блејн).

Брус Вилис 
Вилис на Филмскиот фестивал во Кан 2006 г.

На 12 април 2007 г., тој се појавил повторно, овој пат носејќи перика како пејачот Санџаја Малакар. Неговото последно појавување било на 25 јуни 2007 г. кога се појавил и носел мини-турбан заврзан на неговата глава, за да се надополни за шегата за неговиот сопствен измислен документарец насловен како Непривлечно претчувство. Вилис се појавува и во телевизиските реклами за јапонскиот модел на Субару Легаси. Поврзувајќи се на ова, Субару направиле ограничена линија на модели на Легаси, кои се симболизираат со Субару Легаси патуваат со Брус, во чест на Вилис.

Вилис се појавил во 4 филмови со Семјуел Л. Џексон. Тој работел и со неговата најстара ќерка Румер, во филмот Заложник (2005 г.). Во 2007 година, се појавува во трилерот Совршен странец, наспроти Хали Бери, во криминал/драмата Алфа Дог со Шерон Стоун, и го одбележува своето враќање со улогата на Џон Маклејн во Живеј слободно или умри машки. Подоцна, тој се појавува во филмовите Пикантни холивудски приказни и Сурогати, заснован врз стрип со истото име.

Вилис бил избран да го глуми американскиот генерал на војската, Вилијам Р. Пирс, во филмот Пинквил на режисерот Оливер Стоун, драма за истрагата за масакрот кај Ми Лај во 1968 г. Меѓутоа, поради штрајкот на американските сценаристи од 2007 година, филмот бил откажан. Кон почетокот на 2009 година, Вилис се појавува во рекламна кампања за да ја изнесе во јавноста промената на името на осигурителната компанија Норвич Унион во Авива.

Брус Вилис 
Вилис на премиерата на Живеј слободно или умри машки во јуни 2007 г.

Вилис глумел со Трејси Морган во комедијата Коп Аут, во режија на Кевин Смит, за двајца детективи кои ја истражуваат кражбата на безбол картичка. Филмот бил објавен во февруари 2010 година. Вилис се појавува и во музичкото видео на Горилаз за песната Стило. Тој, исто така, во 2010 година накратко се појавил во филмот Платеници со акционите глумци од 80-тите години, Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегер. Вилис ја глумел улогата на господин Чурч. Ова е прво заедничко појавување на сцена на овие тројца славни акциони ѕвезди. Иако сцената на која се појавуваат тројцата глумци е многу кратка, сепак, таа е најочекуваната сцена од целиот филм. Тројцата глумци ја снимиле оваа сцена во празна црква на 24 октомври 2009 година. Вилис потоа глумеше во RED кој се темели на истоимениот стрип, во кој тој го глуми Френк Мозис. Филмот е објавен на 15 октомври 2010 г.

Во Кралството на младата месечина (2012 г.), Вилис глуми покрај Бил Мари, Едвард Нортон и Франсес Мекдорманд. Филмот е сниман на Род Ајленд под режија на Вес Андерсон во 2011 година. Вилис се враќа во Платеници 2 (2012 г.), но овој пат со поголема улога. Тој се појавува и во научно-фантастичната акција Лупер (2012 г.), заедно со Џозеф Гордон-Левит, глумејќи го Џо (постара верзија од ликот на Гордон-Левит).

Вилис соработувал со 50 Cent во филм режиран од Дејвид Барет, глумејќи наспроти Џош Дуамел и Росарио Досон, во кој се раскажува за пожарникар кој мора да ја спаси љубовта на неговиот живот. Вилис се приклучува и на глумецската екипа од Винс Вон и Кетрин Зита-Џонс во филмот Обложи се на фаворитот на Стивен Фриарс од 2012 година, во кој се раскажува за една келнерка од Лас Вегас која ќе стане елитен професионален коцкар. И двата филма се дистрибуирани во Лајонсгејт Ентертејнмент.

Вилис по петти пат ја прикажа својата најпозната улога на Џон Маклејн, во Убав ден да се умре машки, кој е објавен на 14 февруари 2013 година. Во едно интервју, Вилис изјавил: Умри машки има посебно место во моето срце...можноста да го глумам истиот лик над 25 години и сè уште да бидам баран за тоа е навистина забавно. За мене е голем предизвик да треба повторно да снимам филм, и да се обидувам да се натпреварувам самиот со себеси, а баш тоа го правам во ‘‘Умри машки‘‘. Се обидувам да ја подобрам мојата работа секој пат.

Претстојни филмови

Вилис ќе глуми во филмската адаптација на видео играта Кејн и Линч: Мртов човек, насловена како Кејн и Линч.

Бизнис активности

Вилис поседува имот во Лос Анџелес, изнајмува стан во кулата Трамп во Њујорк, како и дом во Малибу, Калифорнија, ранч во Монтана, куќа на плажа во Парот Кеј во Туркс и Кајкос, и неколку имоти во Сан Вали, Ајдахо.

Во 2000 година, Вилис заедно со неговиот бизнис партнер Арнолд Рифкин основал филмска продуцентска куќа наречена Чејен Ентерпрајсес. Тој ја напуштил компанијата во 2007 година, по снимањето на филмот Живеј слободно или умри машки, и Рифкин продолжил да ја води сам. Исто така, тој располага и со неколку мали бизниси во Хејли, Ајдахо, вклучувајќи го барот Минт, театарот Либерти и е соосновач на Планет Холивуд, заедно со глумците Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне. Во 2009 година, Вилис потпишал договор за да биде заштитно лице на Собјески вотка од компанијата Белведере СА, во замена за 3,3% од акциите во компанијата.

Приватен живот

Луѓето од кои Вилис зема пример на поле на глумецството се Гери Купер, Роберт де Ниро, Стив Маквин и Џон Вејн.

Бракови и семејство

На премиерата за филмот Надгледување, Вилис ја запознал глумицата Деми Мур. Тој се оженил со Мур на 21 ноември 1987 година, и со неа има три ќерки: Румер Вилис (родена 1988 г.), Скаут Лару Вилис (родена 1991 г.) и Талула Бел Вилис (родена 1994 г.) пред парот да се разведе на 18 октомври 2000 година. Тие не и дале на јавноста никакви објаснувања за нивниот развод. Во врска со разводот, Вилис изјавил: Се чувствувам како да не сум успеал добро да се снајдам во улогата на татко и сопруг, со оглед на тоа што не успеав да направам работите да функционираат добро. Тој вели дека најзаслужен за тоа што тој добро се соочил со ситуацијата е глумецот Вил Смит. По нивниот развод, почнаа да се шират гласини дека тие планираат повторно да се венчаат, сè додека Деми Мур не се венча со Ештон Качер. Вилис останал во добри односи и со Мур и со Качер, дури присуствувал и на нивната венчавка.

Вилис бил верен со глумицата Брук Бернс, но по десет месеци поминати заедно, тие се разделиле во 2004 година. Тој се оженил со моделот Ема Хеминг во Туркс и Кајкос на 21 март 2009 година, а помеѓу присутните на венчавката биле неговите три ќерки, Деми Мур и Ештон Качер. Оваа свеченост не ги обединила законски, па парот шест дена подоцна, повторно се венчал со сите граѓански формалности во Беверли Хилс. Со Хеминг, тој има две ќерки, едната родена во 2012 година и другата родена во 2014 година.

Ставови за религијата

Вилис, порано, бил лутеран, но повеќе не се занимава со тоа. За едно интервју од списанието Џорџ, во јули 1998 година, тој изјавил: Организираните религии воопшто, според мене, се изумирачки вид. Сите тие беа многу важни кога не знаевме зошто сонцето се движи, зошто климата се менува, зошто се случуваат урагани, или пак зошто постојат вулканите. Модерната религија е последната трага од модерната митологија. Но, постојат луѓе кои ја пренесуваат Библијата буквално. Буквално! Јас одлучив да верувам дека тоа не е начинот. И, тоа е она што ја прави Америка кул земја, знаете?

Политички ставови

Во 1988 година, тој и неговата тогашна сопруга Деми Мур воделе отворена кампања за претседателската кандидатура на гувернерот на Масачусетс, Мајкл Дукакис. Четири години подоцна, тој го поддржал претседателот Џорџ Х.В. Буш за да биде повторно избран, и бил отворен критичар на Бил Клинтон. Сепак, во 1996 година, тој се спротивставил да го поддржи противникот на Клинтон, Боб Дол, бидејќи Дол ја критикувал Деми Мур за нејзината улога во филмот Стриптиз. Вилис бил поканет како говорник на Републиканскиот државен конгрес од 2000 година, каде отворено го поддржал Џорџ В. Буш. Тој немал никаков придонес и не дал никаква јавна поддршка во претседателската кампања од 2008 година. Во неколку интервјуа во јуни 2007 година, тој изјавил дека ги поддржува некои од Републиканските идеологии.

Во 2006 година, тој изјавил дека САД мора повеќе да интервенира во Колумбија, со цел да се стави крај на трговијата со дрога. Неколкупати во интервјуата, тој изјавил дека го поддржува тоа да има поголеми плати за наставниците и за полицајците, но дека е разочаран од методот на згрижување на деца во САД, и од начинот на кој се заштитуваат домородните американци. Исто така, тој изјавува и дека е поддржувач на правото да се биде сопственик на оружје: Секој има право да поседува оружје. Ако им ги одземете оружјата на легалните сопственици, тогаш единствените луѓе кои ќе поседуваат оружје се лошите луѓе и злосторниците. Дури и пацифист би станал насилен, доколку некој се обиде да го убие. Секако дека секој би се борел за својот живот.

Во февруари 2006 година, Вилис се појавил во Менхетен за да зборува со новинарите за 16 блокови. Еден новинар се обидел да го праша за неговото мислење за тогашната влада, но Вилис го прекинал на пола реченица: Преку глава ми е да одговарам на такви прашања. Сакам помала влада, и сакам владата да не се наметнува. Сакам да престанат да ги злоупотребуваат моите пари, твоите пари, и данокот за кој даваме 50%... секоја година. Барам од нив да бидат малку поодговорни, и сакам овие проклети лобисти да го напуштат Вашингтон. Направете го тоа и ќе кажам дека сум Републиканец. Ја мразам владата, во ред? Јас сум против политиката. Запишете го тоа. Јас не сум Републиканец.

Името на Вилис се среќава во реклама во Лос Анџелес Тајмс на 17 август 2006 година, која ги осудува Хамас и Хезболах, а го поддржува Израел во Израелско-либанската војна од 2006 година.

Воени интереси

Во текот на неговата филмска кариера, Вилис прикажува неколку воени ликови во филмовите како Опсада, Војната на Харт и Солзите на сонцето. Растејќи во воено семејство, Вилис јавно продавал извиднички колачиња за вооружените сили на САД. Во 2002 година, неговата најмала ќерка, Талула, му предложила да набави колачиња, за да им прати на војниците. Тој купил 12.000 кутии со колачиња кои им биле испорачани на морнарите на бродот УСС Џон Ф.Кенеди и други војници стационирани низ Средниот Исток тоа време.

Во 2003 година, тој го посетил Ирак, како дел од турнејата со УСО, пеејќи им на војниците со својот бенд. Вилис размислил да се приклучи кон војската за да помогне во втората Ирачка војна, но бил одбиен поради неговата возраст. Се верува дека тој понудил 1 милион долари за оној војник заднинец кој ќе пријави некој од водечките терористи Осама бин Ладен, Ајман ал-Завахири или Абу Мусаб ал-Заркави. Сепак, во изданието на Венити Фер од јуни 2007 година, тој разјаснува дека таа изјава била дадена хипотетички и дека не треба да се сфаќа буквално. Вилис исто така ги критикува медиумите за нивното пренесување во врска со војната, приговарајќи дека новинарите повеќе ги пренесуваат негативните страни од војната. Тој изјавува: Бев во Ирак, и она што го видов додека бев таму беа војници – воглавно млади деца – кои им помагаа на луѓето во Ирак; им помагаа да си ја вратат власта, повторно да ги отворат болниците, повторно да имаат вода, а вие ништо од ова не сте слушнале на вестите. Вие слушате: толку и толку луѓе беа убиени денеска, што јас сметам дека е лоша услуга. Тоа е како да плукате врз оние млади луѓе кои се таму борејќи се да и помогнат на својата земја.

Во 2005 година, Вилис изјавил дека сака да сними про-воен филм во кој американските војници ќе бидат прикажани како храбри борци за слобода и демократија.

Контроверзност

Коментари на финални натпревари

Вилис, кој е страстен обожавател на кошаркарскиот тим Њу Џерси Нетс, дал контроверзни коментари на 29 април 2007 година, во текот на прикажувањето на натпревар на Нетс во живо на ТСН, кажувајќи еден израз од неговиот филм Умри машки: Јипи ки јеееј, кучкин сине, на крајот од интервјуто. Подоцна, објаснувајќи ја својата реакција, тој изјавил дека сето тоа било поради замор, велејќи: Понекогаш ја преценувам мојата способност принудно да функционирам со спиење помалку и од она што би било доволно.

"Волтер_Б"

На 5 мај, некој, користејќи го корисничкото име Волтер_Б, почнал да објавува детални одговори на мрежното место Нели се ова интересни новости (En. Ain’t It Cool News), каде луѓето дискутирале за тоа како Живеј слободно или умри машки бил рангиран како филм за кој е потребен надзор од родители доколку го гледаат деца под 13 години, а за претходните три дела на Умри машки случајот бил различен, со тоа што надзор од родители бил потребен доколку го гледаат деца под 17 години. Одговорите вклучувале детални информации за Живеј слободно или умри машки кој требало да биде објавен наскоро. Бил откриен мотивот за серијалот Умри машки, директни критики и за други филмски екипи, и многу банални одговори за филмовите. Многу луѓе биле скептични дека Волтер_Б е всушност Брус Вилис, но на 9 мај, тој го открива својот идентитет во текот на една средба на видео разговор.

Културни врски

Во 1996 година, Роџер Директор, писател и продуцент од Изгревањето на месечината, напишал роман заснован на вистинскиот живот на Вилис, наречен Место каде да паднеш. Во нејзината автобиографија Непослушноста на Сибил од 2000 година, Сибил Шеферд напишала дека Вилис му бил лут на Роџер, бидејќи ликот од романот бил опишан како нервно оболен и гневен глумец.

Во 1998 година, Вилис учествувал во Апокалипса, видео игра на Плејстејшн. Најпрво било најавено дека тој ќе се појави како придружник, а не како главен лик. Компанијата ја преработила играта користејќи го ликот и гласот на Вилис, и ја смениле користејќи го него како главен лик.

Филмографија

Дискографија

Соло албуми

  • Враќањето на Бруно, 1987, Мотаун
  • Она што не те убива, те прави посилен, 1989, Мотаун
  • Класично Брус Вилис: Универзална колекција, 2001, Полиграм Int'l

Награди и почести

Брус Вилис 
Ѕвездата на Холивудската патека на славните

Вилис добил многу награди и се здобил со многу почести во текот на неговата кариера во телевизијата и филмот.

  • За неговиот удел во телевизиското шоу Изгревањето на месечината тој добил Еми награда (Извонреден главен глумец во драма серијал) и Златен глобус (Најдобра изведба на глумец во ТВ серијал – Комедија/Мјузикл), а воедно се здобил и со номинации од други категории за шоуто.
  • Бил номиниран за Златен глобус за Најдобар глумец во споредна улога за улогата во филмот Во земјата.
  • Списанието Максим ги именувале неговите секс сцени во филмот Боите на ноќта (1994 г.) како најдобри секс сцени во филмската историја.
  • Бил номиниран и за наградата Сатурн за најдобар глумец и се здобил и со две номинации на МТВ филмските награди за најдобра машка изведба и најдобар дует на екраните.
  • Во 2000 година, Вилис добил Еми награда за Извонреден глумец-гостин во комедија за неговото учество во серијата Пријатели.
  • Во 2002 година, Вилис бил избран од страна на претседателот Џорџ В. Буш, како државен говорник за Деца во згрижувачки семејства. Во врска со ова, Вилис изјавил: На Згрижувањето на деца без родители, гледав како начин да и помогнам на мојата земја, во уредување во кое и мала помош, може многу да им значи на децата кои се оставени буквално под заштита на државата.
  • Во април 2006 година, француската влада, го почестила за неговиот придонес во филмската индустрија. Тој бил назначен за офицер на Француската ложа на уметност и книжевност, на една свеченост во Париз. Францускиот премиер изјавил: Ова е само еден начин да му се оддаде почит на еден глумец кој ја олицетворува моќта на американскиот филм, моќта на емоциите кои ги споделува со нас преку светските екрани, и цврстите особини на легендарните улоги кои ги толкува.
  • На 16 октомври 2006 година, Вилис беше почестен со ѕвезда на Холивудската патека на славните. Ѕвездата се наоѓа на Булеварот Холивуд 6915, и таа е 2.321-вата ѕвезда во историјата на оваа улица. Како реакција на добивањето на оваа ѕвезда, Вилис изјавил: Често доаѓав овде и гледав во овие ѕвезди, и всушност, никогаш не можев да сфатам што треба некој да направи за да добие ѕвезда... Помина доста време и сега еве сум јас, правејќи го ова што го правам, и сè уште сум возбуден. Сè уште сум возбуден од помислата дека сум глумец.
  • Во 2011 година, Вилис бил примен во Њу Џерси Домот на славните.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Брус Вилис ЖивотописБрус Вилис КариераБрус Вилис Бизнис активностиБрус Вилис Приватен животБрус Вилис Политички ставовиБрус Вилис Воени интересиБрус Вилис КонтроверзностБрус Вилис Културни врскиБрус Вилис ФилмографијаБрус Вилис ДискографијаБрус Вилис Награди и почестиБрус Вилис НаводиБрус Вилис Надворешни врскиБрус Вилис19 март1955Англиски јазикЕвтини приказниУмри машкиШесто сетило

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Преспански договорХалк банкаДржавни празници во БугаријаДијалекти на македонскиот јазикБраиловоДемократска алтернативаЗемји членки на Европската УнијаГ’зим ОстрениГрад СкопјеКичевоГостиварКронова болестВенко ФилипчеДаунов синдромСловачкаРистиќева палатаКсенофобијаАвстралијаРеферендум во Македонија (2004)МалтаГригор ПрличевМакедонски народни инструментиЛокални избори во Македонија (2017)Вештачка интелигенцијаВтора влада на Зоран ЗаевМакедонски претседателски избори, 2009РелигијаХепатит ЦВелесЈордан КамчевМакедонциТоме АрсовскиКрвСписок на држави во светотНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаОпштина СарајГлавна страницаТранслитерација на македонското писмоКандидПроливГаличникЃорге ИвановСоцијалистичка партија на МакедонијаПрилепАнгинаМакедонија (регион)ГрипШахЛиберална партија на МакедонијаСтале ПоповСојузници во Првата светска војнаДаут ХарадинајГодинаДенес над МакедонијаЦар СамоилМарјан БожиновскиКарлес ПуџдемонСудска властВанчо МихајловВејцеМртво МореШармери од осмоКристофер КолумбоНадбубрежна жлездаМладотурска револуцијаПитом пелинПарадоксот на ДиогенПавел ШатевФранцијаОпштина Старо НагоричанеВикипедијаСердаротПитагорова теоремаМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаЃурѓовденЧаирГраѓанска опција за Македонија🡆 More