Борис Трајанов

Борис Трајанов (4 ноември 1959 во Љубљана) — меѓународно истакнат македонски оперски пејач (баритон).

Борис Трајанов
Борис Трајанов

Најпрвин работи пеење со неговиот татко Гога Трајанов. Понатаму работи со Бисерка Цвејиќ во Белград и продолжува кај Пјер Миранда Фераро во Милано. Дебитира во 1986 година со оперетата „Барон Циганин“, а истата година дебитира со улогата на Енрико Ештон во „Лучија ди Ламермур“ од Доницети.

Во тресетидвегодишната кариера, настапил во повеќе од 700 претстави во над 70 оперски куќи (на околу 100 оперски сцени) низ светот, толкувајќи 42 главни баритонски улоги, меѓу кои најзначајни му се Набуко (Набуко), Симон Боканегра (Симон Боканегра), Гроф Луна (Трубадур), Риголето (Риголето), Родриго Поза (Дон Карлос), Макбет (Макбет), Ецио (Атила), Ренато (Бал под Маски), Јаго (Отело), Дон Карло (Моќта на судбината), Жорж Жермон (Травијата) - Верди; Шарплес (Мадама Батерфлај), Скарпија (Тоска) - Пучини; Жерар (Андре Шение) - Џордано; Алфио (Кавалерија Рустикана) - Маскањи; Енрико Ештон (Лучија ди Ламермур), Гуљермо (Марија Стуарда) - Доницети; Дон Пиѕаро (Фиделио) - Бетовен; Ескамиљо (Кармен) - Бизе; Елецки (Пикова Дама), Евгениј Онегин (Евгениј Онегин) - Чајковски.

Моќен, волуминозен драмски глас. Исклучителна сценска појавност, која му овозможува ефектно доловување на најсуптилните ефекти во улогите.

Во 2005 година ја добива титулата „Амбасадор на мирот на УНЕСКО“.

Во 2012 ја добива Државната награда “11 Октомври“ за животно дело.

Во 2014 го добива највисокото признание во областа на културата „Национален уметник на РМ“,

Денес, Борис Трајанов е професор на Музичката Академија во склоп на Државниот Универзитет „ Гоце Делчев “ во Штип. Во неговата класа, на отсекот соло-пеење, веќе дипломирале и магистрирале повеќе студенти.

На 27.03.2014 го доби Признанието од Универзитетскиот сенат на УГД Штип “за неговиот особен придонес во развојот на образованието, науката и афирмацијата на Универзитетот“.

Ден на дрвото

Во 2008 година Борис Трајанов се појавил како водач на акцијата Ден на дрвото. Имено, поттикнати од лошата состојба со шумскиот фонд, а особено со катастрофалните шумски пожари кои се случија изминатава деценија, стотина видни граѓани, јавни личности, творци на јавно мислење, уметници, претставници на научната мисла, музички ѕвезди итн. покренаа граѓанска иницијатива за пошумување во Република Македонија. Почнувајќи од 12 март 2008, секоја година повеќе од 2 милиони садници се засадуваат на повеќе места низ Македонија. На терен, доброволно, излегуваат околу 200000 граѓани или 10% од граѓаните на Република Македонија. Владата на РМ излезе во пресрет на иницијативата, ја поддржа и стана партнер во акцијата.

Награди

  • Во 2014 г. Трајанов ја добил почесната титула „Национален уметник за 2014“ поради неговата истакнатост во кариерата на меѓународен план, промовирајќи ја Македонија во светот и светската култура во земјата.
  • Награда „11 Октомври“ во 2012 година

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Борис Трајанов Ден на дрвотоБорис Трајанов НаградиБорис Трајанов НаводиБорис Трајанов Надворешни врскиБорис Трајанов19594 ноемвриЉубљанаБаритонОпера

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина ПрилепКрвТалат ЏафериШпанијаДвижење БесаМали сипанициСеверина ВучковиќБиблосЗалив на КоскитеКумановоРаботничка партијаСедум смртни гревовиЛешочки манастирОпштина ЧаирВлада на Димитар КовачевскиОхридски рамковен договорЖолчкаПетра МедеСкопски земјотрес (1963)АвстријаГоце Делчев (роман)КвадратСловенијаСписок на победници од ЕвровизијаПечалбариШведскаМакедонски претседателски избори, 2004Борис ТрајковскиБаталјон за специјални намениПоделба на гласовите во македонскиот јазикИмер СелманиИзраел7 мајСвети Наум (манастир)Специјална антитерористичка единица „Тигар“Народна Република КинаОпштина ДолнениСојуз на комунистите на МакедонијаМакедонциБукурешки договор (1913)Општина БутелА1-телевизијаМакедонски парламентарни избори (1994)Нова социјалдемократска партијаПатишка РекаРицинусово маслоПретседател на МакедонијаВатиканПразници во мајБарселонаСрпска странка во МакедонијаНаталиева рамондаАпостол ПетковБубрежна инфекцијаСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваОпштина Чучер-СандевоКочо АнѓушевБиљал КасамиТуберкулозаЕрекцијаМРП вакцинаСписок на македонски народни поговоркиСвети ГеоргиРелигија во МакедонијаВесна БендевскаЛазар КолишевскиАртан ГрубиQ.E.D.Монако🡆 More