Били Холидеј

Елеонора Фаган (7 април 1915 – 17 јули 1959 година), подобро позната како Били Холидеј, била американски џез музичарка и текстописец со кариера од речиси триесет години.

Прекарот „Лејди Деј“ го добила од страна на нејзиниот пријател и музички партнер Лестер Јанг. Холидеј извршила влијание врз џез музиката и поп пеењето. Со нејзиниот вокален стил, силно инспириран од џез инструментите, таа била пионер во новиот начин на манипулирање со фразата и темпото. Таа била позната по своите вокални способности и по нејзините импровизациски вештини, со кои се криеле нејзиниот ограничен опсег и недостатокот на формално музичко образование.

Били Холидеј
Били Холидеј
Били Холидеј, февруари 1947
Животописни податоци
Родено имеЕлеонора Фаган
Роден(а)април 7, 1915(1915-04-07)
Филаделфија, Пенсилванија, САД
ПотеклоХарлем, Њујорк,САД
Починал(а)јули 17, 1959(1959-07-17) (возр. 44)
Менхетен, Њујорк, САД
Жанрови
Занимањапејачка
Инструментивокал
Период на активност1933–1959
Соработници
Мреж. местоbillieholiday.com Уредете го ова на Википодатоците

По турбулентното детството, Холидеј почнала да пее во ноќни клубови во Харлем, каде што ја чул продуцентот  Џон Хамонд, кој го пофалил нејзиниот глас. Таа потпишала договор за снимање со Брансвик Рекордс во 1935 година. Соработувала со Теди Вилсон со кого го создале хитот „What a Little Moonlight Can Do“, песна која станала џез стандард. Во текот на 1930-те и 1940-те години Холидеј постигнала голем успех со Колумбија рекордс и Дека рекордс. До крајот на 1940 година, сепак, таа била опколена со проблеми со законот и злоупотреба на дрога. По кратка затворска казна, таа настапила на концерт во Карнеги Хол, кој бил распродаден, но нејзиниот углед бил влошен поради зависноста од дрога и алкохол.

Иако таа била успешен концертен изведувач во текот на 1950-те години со два дополнителни распродадени концерта во Карнеги Хол, лошото здравје заедно со редица на навредливи односи под дејство на дрога и алкохол, предизвикале нејзиниот глас да овене. Нејзината последна снимка била исполнета со мешани реакции за нејзиниот оштетен глас, но биле со благи комерцијални успеси. Нејзиниот последен албум, Дама во сатен, бил издаден во 1958 година. Холидеј умрела од цироза на црниот дроб на 17 јули 1959 година. Албумот, Последната снимка, бил издаден по нејзината смрт.

Животопис

Детство

Елеонора Фаган е родена на 7 април 1915 година, во Филаделфија, како вонбрачно дете на Сара Јулија Фаган и Кларенс Холидеј. Нејзиниот татко не живеел со нејзината мајка, а потоа и заминал од семејството за да започне кариера како свирач на џез бенџо и гитарист. Сара се преселила во Филаделфија на возраст од 19 години, откако таа била протерана од нејзините родители, а ќерката Елеонора ја оставила кај својата полусестра во Балтимор.

Били Холидеј 
Холидеј на возраст од 2 години, во 1917

Холидеј имала тешко детство, растела без мајка првите десет години од животот. Во својата автобиографија, Дамата пее блуз, која е за првпат објавена во 1956 година, не дала детали од своето детство. Некои историчари сметаат дека Кларенс Холидеј не бил нејзин татко, затоа што во Балтимор под графата татко било запишано името Франк де Вис. На 11 годишна возраст престанала да оди на училиште, и работела заедно со мајка ѝ во ресторан. Мајка ѝ повторно ја оставила, и се преселила во Харлем.

На почетокот на 1929 година, Холидеј дошла да живее со својата мајка во Харлем, каде мајка ѝ работела како проститутка. Денови по преселбата со својата мајка, и Холидеј на возраст од 14 години станала проститутка. На 2 мај 1929 година, по полициска рација, Холидеј и мајка ѝ биле притворени.

Почеток на кариерата

Холидеј уште млада почнала да пее по ноќни клубови во Харлем, под псевдонимот Били Холидеј, заедно со соседот кој свирел тенор саксофон, Кенет Холан. Настапувале заедно од 1929 до 1931 година. Во тој период се сретнала со татко ѝ, кој свирел во групата Флечер Хендерсон.

Кон крајот на 1932 година, на 17 годишна возраст, Холидеј го заменила пејачот Монет Мур во еден клуб, каде дошол да ја чуе продуцентот Џон Хамонд. Хамонд го организирал првото снимање на Холидеј, во ноември 1933 година, со Бени Гудман. Снимила две песни: „Your Mother's Son-in-Law“ и „Riffin' the Scotch“, кои подоцна станале нејзини први хитови. На Хамонд му се допаднало пеењето на Холидеј, и подоцна изјавил: „Нејзиното пеење го смени мојот вкус за музика.“

Во 1935 година, Хамонд договорил снимање во Брунсвик рекордс на песна што ја пееле Били Холидеј и Теди Вилсон. Нивната прва соработка била на песната What a Little Moonlight Can Do, која подоцна станала хит. Во тој период, Били Холидеј снимила серија на перформанси. Но, издавачката куќа Брунсвик рекордс била во финансиска криза, па Вилсон, Холидеј, Јанг и другите музичари импровизирале во студио при снимањето, затоа што немало пари да се плати музички аранжер. На Били Холидеј никогаш не ѝ биле платени авторски права за нејзината работа.

Кон крајот на 1937 година, Холидеј патувала како пејач со групата на Каунт Бејси. Наредната година, Холидеј била ангажирана од Арти Шоу, со што станала првата обоена жена која работела со оркестар составен од белци, што било необично во тоа време, и уште понеобично било што со нив настапувала во делови на САД каде имало расна нетрпеливост. Доживеала бројни понижувања, посебно на настапите на Југот, дел од нив опишани во нејзината автобиографија. Сепак, кога во ноември 1938 година била замолена да се вози со лифтот за слуги во хотелот „Линколн“, наместо со лифтот за гости, Холидеј решила да ја напушти групата.

Успех

Били Холидеј 
Били Холидеј, 1947 година
Били Холидеј 
Холидеј на суд, 1949 година

Песната „God Bless the Child“ станала најпопуларна од дотогашните песни на Били Холидеј, и се нашла на местото број 25 на топ листите од 1941 година, како и на трето место за песна на годината на Билборд', со продадени повеќе од милион примероци. Во септември 1943 година, магазинот Лајф за неа пишал дека има посебен стил и дека другите пејачи ја имитираат.

Во септември 1946 година, Холидеј започнала со снимање на филмот Њу Орлеанс, заедно со Луис Армстронг и Вуди Херман, но некои сцени од филмот на крајот биле избришани. Во тоа време, нејзината зависност од дрога станувала проблем. На 16 мај 1947 година Холидеј била уапсена во нејзиниот стан во Њујорк, заради поседување на наркотици. Нејзиниот адвокат не се појавил на судењето, па таа изнемоштена и дехидрирана, признала дека е виновна и побарала да биде испратена во болница. Но судот решил да ја испрати во затвор, во Западна Вирџинија. Холидеј била уапсена повторно за поседување дрога, во хотелот „Марк Твен“ во Сан Франциско, на 22 јануари 1949 година.

На 27 март 1948 година, Били Холидеј одржала концерт во Карнеги Хол, за кој 2.700 карти биле продадени однапред. На 27 април 1948 година, одржала концерт на Бродвеј, за кој исто така картите биле распродадени однапред.

Автобиографијата на Били Холидеј со наслов „Дамата пее блуз“ излегла од печат во 1956 година. Во исто време, во јуни 1956 година била објавена и ЛП плочата со ист наслов „Дамата пее блуз“. На 10 ноември 1956 година, Холидеј одржала повторно концерти во Карнеги Хол.

Смрт

На почетокот на 1959 година, на Били Холидеј ѝ била дијагностицирана цироза. На 31 мај 1959 година, Холидеј била однесена во болница, каде била лекувана. Во болницата била уапсена повторно за поседување дрога, и била под полициска присмотра. Починала во 3:10 наутро, на 17 јули 1959 година од белодробен едем и срцева слабост предизвикани од цироза на црниот дроб, на возраст од 44 години. Била закопана на гробиштата во Бронкс.

Приватен живот

Били Холидеј ијзавила дека започнала со употреба на тешки дроги на почетокот на 1940-те години. Стапила во брак со тромбонистот Џими Монро на 25 август 1941 година, кој ја изневерувал. Таа сè уште во брак, започнала љубовна врска со трубачот Џо Гај, кој воедно бил нејзин снабдувач со дрога. Во 1947 година се развела од Монро, и се разделила со Гај.

На 28 март 1957 година, Били Холидеј се омажила со Луис Мекеј, кој бил член на мафија. Мекеј, како и повеќето мажи во нејзиниот живот, ја навредувал. Во моментот на нејзината смрт, тие биле разделени.

Били Холидеј немала деца.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Били Холидеј ЖивотописБили Холидеј СмртБили Холидеј Приватен животБили Холидеј НаводиБили Холидеј Надворешни врскиБили ХолидејЏезЛестер ЈангПоп-музикаТемпо

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АнгинаРелигијаИлинденско востаниеХемороидРак на дојкаКирил ПејчиновиќСрпска пропаганда во МакедонијаРисто КрлеДенес над МакедонијаМакедонски парламентарни избори (1986)Охридска пастрмкаМедузаНародна Република КинаИнтернетПоткастПустина (роман)Староегипетска митологијаНационален парк ГаличицаБитка кај Мечкин Камен20000 милји под моретоЧетврта влада на Никола ГруевскиТито ПетковскиМали сипанициЉубомир ГајдовМакедонски претседателски избори, 1999Стефан ЛазаровСписок на политички партии во МакедонијаНАТОРомео и ЈулијаПравоаголен триаголникДен на независноста на МакедонијаСамоилово ЦарствоРечник на стари македонски зборовиМРП вакцинаЧовекВооружена престрелка во Куманово (2015)Собрание на МакедонијаГолосеменициОпштина Демир ХисарТапанОпштина ЛипковоМакедонски претседателски избори, 2019Македонски БродАлтернатива (политичка партија)Цар Едип (драма од Софокле)Втора влада на Бранко ЦрвенковскиИталијаДропкаЈулијански календарГлас за МакедонијаБосна и ХерцеговинаАДХДОпштина ЧаирОпштина КавадарциПелистерДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаКрпен животХристо УзуновМарко ЦепенковХимна на ВМРОЕнзимИзраелСтефан БогоевМасакр кај ВејцеСписок на острови во Средоземното МореВлада на Талат ЏафериПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаМакедонски претседателски избори, 2009Географија на МакедонијаПингвинБошко СмаќоскиПавле АрсоскиПат околу светот за 80 денаБитолаСписок на реки во МакедонијаСписок на команданти на ОНАНафтен танкерПреспански договор🡆 More