ХМС Бигл ( Бродот на Неговото Височество „Бигл“) бил борбен брод со десет топови, втор брод на Кралската морнарица на Велика Британија кој го носел тоа име.
Бродот е именуван по расата на кучиња Бигл (англиски: beagle). За време на прославата на крунисувањето на Џорџ IV, Бигл бил првиот брод кој што поминал под новиот Лондонски мост. Од 27 декември 1831 година до 2 октомври 1836 година, Чарлс Дарвин на овој брод ја извршил својата истражувачка експедиција.
Во историјата на британската кралска морнарица, осум бродови го носеле името „Бигл“, но само овој брод се здобил со светска слава.
На 11 мај 1820 година од Докот Вулвич на Темза бродот Бигл бил за прв пат спуштен во вода. Овој брод бил изграден за 7803 фунти. Во јули истата година, Бигл учествувал на поморската парада на прославата во чест на крунисувањето на Џорџ IV и бил првиот воен брод кој пловел по Темза подалеку од Лондонскиот мост. Во 1825 година, Бигл беше претворен во брод за истражувачки цели и учествувал во четири хидрографски експедиции.
Учествувал во хидрографската експедиција (1826-1831) надгледувана од Филип Паркер Кинг, која била ангажирана за премер на јужниот брег од Јужна Америка која прво била под команда на капетан Стоукс, а потоа поручникот Роберт Фицрој.
На втората експедиција (27 декември 1831 година - 2 октомври 1836 година), под команда на капетанот од трет ранг Роберт Фицрој, присуствувал и младиот природонаучник Чарлс Дарвин, чии што трудови го направија „Бигл“ еден од најпознатите бродови во историјата. За време на оваа експедиција, Бигл ја обиколил Јужна Америка, по што, откако ги посетил Нов Зеланд и Австралија, се врати во Англија, правејќи патување околу светот.
По враќањето од патување околу светот, Бигл тргнал на следната хидрографска експедиција (1837 - 1843). Во периодот од 1837 до 1841 година, под команда на Џон Викем, бродот бил на картографско истражување на северниот брег на Австралија. Од 1841 до 1843 година, било извршено истражување на брегот на Нов Зеланд. Со бродот командувал Џон Стоукс, кој го заменил Викем, кој се повлекол од флотата поради здравствени причини. И двајцата офицери претходно служеле под команда на Роберт Фицрој и учествувале во патувањето на Бигл околу светот.
По 1845 година, бродот бил претворена во царински патролен брод и извршувал крајбрежна должност во Саутенд, на устието на реката Темза .
Во 1870 година бил продаден за да биде расклопен.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Бигл (брод), which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.