Белокрила Рибарка

Белокрилата рибарка, (или белокрила црна рибарка) (науч. Chlidonias leucopterus) е мала рибарка која често се среќава близу слaтки води низ цела југоисточна Европа и на исток сè до Австралија.

Белокрила рибарка
Белокрила Рибарка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Рибарки
Род: Chlidonias
Вид: Белокрила рибарка
Научен назив
Chlidonias leucopterus
(Temminck, 1815)

Порано ја имало и во Македонија.

Опис

Возрасните птици, летно време имаат кратки црвени нозе и краток црн клун (мал и набиен, 22-25 мм, значително помал од главата), црн врат (често светлосив одзади) и стомак, многу темносив грб, бело под опашката и светлосива, речиси бела опашка. Лицето делува жолтеникаво. Крилјата, како што кажува името, се претежно бели. Внатрешноста на крилјата се сивкави со кафеави врвови на покривните пердуви. Вон сезоната на парење, црното е заменето со бело или светлосиво, иако некои црнкави пердуви може да останат измешани со белите долни делови. Доста црно останува на покривните пердуви одоздола. Главата е црна со бело чело. Круната е црнкавокафеава прошарана со бело, а подолу кај вратот е црнкава со повеќе бело. Овие бели прошарувања се кај возрасните со зимско перје. Тогаш имаат и триаголна црна дамка пред окото. Кај младенчињата и птиците што се митарат под опашката е светлосиво кое станува сосема сиво подоцна во годината. Јасно белата јака и задница ја изолираат темната мантија.

Хибридизација со црната рибарка

Хибридизацијата на овој вид со црната рибарка е забележано во Шведска и Норвешка. Две малденчиња во Англија, во септември 1978 и септември 1981, исто така, се верува дека биле хибридни форми зашто покажувале измешани одлики од двата вида, особено комбинацијата на темна мантија (како кај белокрилата) со темни дамки на страните од градите (карактериситика на црната).

Распространетост и живеалиште

Живеалиштето при размножување на белокрилата рибарка се слатководните бари низ југоисточна Европа до централна Азија. Тие обично гнездат на пловечки растенија во самата вода или на земја многу блиску до водата, каде несат 2-4 јајца во гнездото изградено од мали трски или друга вегетација. Тие се птици преселници кои зимуваат во Африка, јужна Азија и Австралија. Понекогаш заскитуваат во Северна Америка, претежно на атлантскиот брег, но забелеажни се и на тихоокеанскиот брег, како и во копното во областа крај Големите Езера.

Белокрила Рибарка 
Во Уганда
Белокрила Рибарка 
Chlidonias leucopterus

Поведение

Како другите барски рибарки, (Chlidonias), и за разлика од белите (Sterna) рибарки, овие птици не нуркаат во лов на риба, туку летаат полека над водата и собираат инсекти од површината или ги ловат во лет. Претежно се хранат со инсекти и мали риби. Во лет, овие птици изгледаат подебело. Замавнувањето со крилјата им е плитко и лежерно.

Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици преселници се однесува и на белокрилата рибарка.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Белокрила Рибарка ОписБелокрила Рибарка Хибридизација со црната рибаркаБелокрила Рибарка Распространетост и живеалиштеБелокрила Рибарка ПоведениеБелокрила Рибарка НаводиБелокрила Рибарка Надворешни врскиБелокрила РибаркаАвстралијаБиномна номенклатураЕвропаМакедонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КичевоБалетСтудена војнаНатриумПресметување на датумот на Велигден27 мартСписок на кралеви на Античка МакедонијаСписок на држави по населениеШутШизофренијаПолово пренослива болестОдбојкаМакедонска граматикаДождСудска властГригор ПрличевХемоглобинЈован КотескиЗбунети годиниМакедонски претседателски избори (2019)СмесаСрцева слабостБелгијаДимитар МиладиновМакедонска револуционерна организацијаДрамаИнформатикаКиселинаМиокардитисАлшарТрета фудбалска лига на Македонија 2020/2021ВирусРоботикаОпштина Ѓорче ПетровГоце ТодоровскиБалкански рисГуливеровите патувањаДен на востанието на МакедонијаРак на грло1637 во уметностаОпераОбединето КралствоКавадарциПолскаИндијаРок-музикаМалтаМечкаЅвездена нуклеосинтезаСловенска митологијаКочаниКандидЧир на желудникотКарпошСписок на архаични зборови во македонскиот јазикВатиканАлкохолизамДржаваКамен мост (Скопје)Домашно говедоЧорбаџи ТеодосНаполеон БонапартАвантурите на Том СоерСулејман ВеличествениотБлаговештениеКучковоРајна АлексоваМакедонска кујнаГајдаПаризЛионел МесиОтоманско ЦарствоИзбори во МакедонијаОдисејаУнгарија🡆 More