Барбарево: село во Општина Ново Село

Барбарево — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.

Името на селото може да се сретне и како Барбаро̀во.

Барбарево
Барбарево во рамките на Македонија
Барбарево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Барбарево
Местоположба на Барбарево во Македонија
Барбарево на карта
Координати 41°27′38″N 22°53′48″E / 41.46056° СГШ; 22.89667° ИГД / 41.46056; 22.89667
Општина Ново Село
Население 11 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 03001
Надм. вис. 665 м
Барбарево на општинската карта
Барбарево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Барбарево во рамките на општината

Географија и местоположба

Населбата е сместена на јужната падина на планината Огражден и припаѓа на Општината Ново Село. Селото е планинско, на надморска височина од 840 метри. Од градот Струмица населбата е оддалечена 30 км.

Историја

Се претпоставува дека селото го добило името од грчкиот зборбарба“ што значи „стар“, односно „стара населба“. Селото првпат се споменува во пописот од 1519 година. Низ Барбарево тече мала река што го дели селото на два дела: источно и западно маало. Во селото се наоѓа итн. Чучур чешма. Во неговиот атар се простира населбата од римскиот период, Црвено Поле. Во Барбарево постои и училиште. Црквата „Св. Атанас“ е изградена 1870 година, а селската слава се празнува на 15 мај. Селаните од ова место масовно се иселуваат, па така на пописот од 1971 година тоа имаше 375 жители, а денес само 62, сите Македонци со православна вероисповед.

Револуционерно дело

При крајот на 1909 година во селото се формира комитет на ВМРО од страна на Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков. Во својата книга „Во пламенот на животот и револуцијата“ (Презъ пламъцитѣ на живота и революцията), Михаил Думбалаков истакнува:

Здрави, смели и жилави планинци, барбаревци се одликуваат со приврзаноста им кон делото и со неизброените услуги кои ги покажаа за револуционерната организација.


При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година четири души од Барбарево се доброволци во Македонско-одринското ополченство. Селото е ослободено од османлиска власт од четите на Михаил Думбалаков и Кочо Хаџи Манов.

Стопанство

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 30,1 км2. На него доминираат шумите на површина од 1.939,9 ха, потоа следат пасиштата на површина од 964 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 100,8 ха, така што во основа селото има сточарско-шумарска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948593—    
1953566−4.6%
1961506−10.6%
1971278−45.1%
198152−81.3%
ГодинаНас.±%
199126−50.0%
199418−30.8%
200262+244.4%
202111−82.3%

За првпат селото се спомнува во Лесновскиот поменик од XVI век и во Трескавичкиот кодекс од 18 век како Барбарево.

Во Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника се вели дека 1873 г. селото Барбарово имало 100 семејства односно 382 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Барбарево живееле 480 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Барбарево имало 560 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Познатиот бугарски археолог Богдан Филов го посетил струмичкиот крај во летото 1915 година при што забележал:

Над селото Барбарево, во Огражден имало „русалиски гробишта“, останати од русалиските обичаи. Кога две групи кои земале учество во прослава се сретнувале, требало едните да поминат под ножевите на другите. Кога никоја група не отстапила, настанало тепачка и убиените биле погребани во тие гробишта.

Според етнографот Јован Трифуноски, во Барбарево се доселиле жителите на денес непостоечкото село Брест, наводно поради убиство кое се случило во 1901 г.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото Барбарево има 62 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 10 Македонци и 1 лице без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 480 560 593 566 506 278 52 26 18 62 11


Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1781 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Родени во Барбарево

  • Ангел Трајчев (1887 - 1921), деец на ВМРО
  • Андон Атанасов, деец на ВМРО
  • Атанас Илиев, деец на ВМРО
  • Атанас Тренчев, деец на ВМРО
  • Божин Георгиев, револуционер, раководител на месниот комитет на ВМОРО
  • Георги Атанасов, деец на ВМРО
  • Илија Трајков (? - 1925), војвода на ВМРО
  • Панделија Стојанов (1900 - 1983), револуционер, струмички војвода на ВМРО и деец на МПО
  • Стојан Панев Шукев (1885 - 1905), револуционер од ВМОРО, четник на скопскиот војвода Петар Апостолов
  • Трендафил Стоилков, деец на ВМРО

Култура и спорт

Иселеништво

Како и повеќето села во Република Македонија, населението масовно се иселува во средината и крајот на XIX век. Во почетокот на XIX век селото имало околу 560 жители, денес тоа има само 62 жители.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Барбарево Географија и местоположбаБарбарево ИсторијаБарбарево СтопанствоБарбарево НаселениеБарбарево Општествени установиБарбарево Самоуправа и политикаБарбарево Културни и природни знаменитостиБарбарево Редовни настаниБарбарево ЛичностиБарбарево Култура и спортБарбарево ИселеништвоБарбарево НаводиБарбарево Надворешни врскиБарбаревоОпштина Ново СелоСтрумица

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори (2024)Драмска уметностАнтон ПановБогородичната црква во ПаризПротестантствоКалеш АнѓаВодно растениеКокошкаДраган МијалковскиРечник на стари македонски зборовиОхридско ЕзероФудбалСтојан АндовГоран БреговиќОпштина Кисела ВодаНационални паркови во МакедонијаНедоразбирање (драма)Срцева слабостВласиПравоаголникБалтиморФилип РикерКаролина ГочеваGmailСтојанче АнгеловСилаВодаМакедонциОпштина СопиштеБалетГорјан ПетревскиПрилепБлаговештениеСписок на главни градови во ЕвропаМекотелиОбединето КралствоВардарЧума (појаснување)НапонОпштина БеровоДраслајцаЖолчкаБубрежен каменТелевизијаБиотички факториМасовни медиумиНАТОГрад СкопјеЕлектронска цевкаМагнетРимска уметностТрапезВладимир ПутинБрзина на светлинатаГихтДенес над МакедонијаАлбанијаРајчицаПтициФилиз АхметСтобиАлкалоид (претпријатие)Волшебното самарчеПланетаМакедонскиНачалник на Генералштабот на АРММејозаКипарПрочкаШеќерна приказнаОпштина Чучер-СандевоНикола ТеслаОпштина БогданциОтоманска МакедонијаПодметТурција🡆 More