Аеродромот во Копенхаген (Дански: Københavns Lufthavn, Kastrup) (IATA: CPH, ICAO: EKCH) е главниот аеродром кој го опслужува Копенхаген, Данска и околните градови во регионот на Ересунд.
Сместен е на некои 8 километри од центарот на Копенхаген, и 24 километри од центарот на Малме, Шведска. Аеродромот е еден од трите главни централи на Scandinavian Airlines System, исто така е централа и на авиокомпанијата Sterling. Аеродромот опслужува во просек околу 60.000 патници во еден ден, додека минатата година околу 21,4 милиони патници поминаа низ аеродромот, правејќи го најзафатен аеродром во Скандинавија, како и на 17 место меѓу најфрекфентните аеродроми во Европа. Аеродромот оригинално беше наречен Каструп аеродром, бидејќи е сместен до мало место наречено Каструп, и сѐ уште официјалното име е Аеродром Копенхаген, Каструп за да се направи разлика од аеродромот Роскилде, кој е официјално наречен аеродром Копенхаген, Роскилде.
Аеродром Копенхаген Københavns Lufthavn Copenhagen Airport
1946: SAS е формиран, важен настан за аеродромот Копенхаген, бидејќи аеродромот ќе биде главна централа на авиокомпанијата. Сообраќајот се зголемува по формирањето на авиокомпанијата, а исто така аеродромот доаѓа на трето место по големина во Европа.
1947: На 26 Јануари, авион на КЛМ се урива по застанување на пат кон Стокхолм. 22 патници загинуваат, вклучувајќи ја и Шведскиот принц Густав Адолф, и Американскиот оперски пејач, Грејс Мур.
1948: 150 полетувања и спуштања дневно, и 3000 патници обработени на ден.
1954: 11,000 тони на карго товар е обработен на ден. SAS започнува со првата транс поларна рута, летајќи до Лос Анџелес. Рутата се покажува како многу популарна, и во период од неколку години, Копенхаген преоѓа во популарно место за Холивудските звезди.
1956: 1 милион патници обработени за една година. Аеродромот добива награда за аеродром на годината.
1960-ти: Со влегувањето во џет ерата, започнува дебата за голема експанзија на аеродромот. На авионите им е потребен поголем простор за маневрирање, и се доаѓа до план да се прошири аеродромот во еден од регионите на Каструп или на малиот остров Салтхолм. Доаѓа до протести од месното население и планот се стопира за некој период.
1960: На 30 април, Терминалот 2 се отвора. Исто така, нова контролна кула се отвора и аеродромот обработува 2 милиони патници на годишно ниво.
1970-ти: Аеродромот се соочува со проблеми со немање простор, посебно со влегувањето во сообраќај на Боинг 747. Паднала одлука да се прошири аеродромот кон островот Салтхолм, но данскиот парламент ја стопира реновацијата.
1973: 8 милиони патници обработени на годишно ниво.
1998: Отворен е терминал 3, и аеродромот обработува 17 милиони патници годишно.
1999: Системот за управување на багажот е модернизиран, и терминалот Вилхелм Лауритсен е поместен 3.8 километри за да се направи место за нови терминали, хотел и железничка станица.
2000: Аеродромот обработува 18,4 милиони патници годишно. Отворена е железничка линија до Малме.
2001: Хилтон хотел со пет звездички е отворен на аеродромот. 267,000 полетувања и спуштања.
2006: Бројот на патници надминува 20 милиони годишно за првпат.
2007: Отворена е метро станица која е вклучена во метро мрежата на градот Копенхаген.
Транспорт до аеродромот
Воз: Железничката станица на аеродромот е сместена на терминалот 3 на линијата Ересунд.
Метро: Линијата М2 сообраќа до центарот на Копенхаген
Автобус: Автобусите 5А, 35, 36, 75 Е и 96 N и Грахундбус линијата број 999 сообраќа до центарот на Копенхаген.
Авиокомпании и одредишта
Терминал 1
Сите домашни летови:
Cimber Air (Алборг, Билунд, Каруп, Борнхолм, Сенербор
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Аеродром Копенхаген, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses. ®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.