Џон Херт

Сер Џон Винсент Херт, ЗБИ (22 јануари 1940 – 25 јануари 2017) — англиски глумец чија кариера траела шест децении.

Тој првично станал познат по споредната улога Ричард Рич во филмот Човек за сите времиња (1966). Подоцна, тој играл главни улоги, и тоа како Џон Мерик во биографскиот филм Човекот-слон (1980), Винстон Смит во 1984 (1984), Г-дин. Брадок во драмата Убиство (1984) и Стивен Ворд во драмата Скандал (1989). Тој е исто така познат по телевизиските улоги како Калигула во Јас, Клавдиј (1976) и како воениот доктор во Доктор Ху.

Сер Џон Херт
ЗБИ
Џон Херт
Херт во 2015 година
Роден(а)22 јануари 1940(1940-01-22)
Честерфилд, Англија
Починал(а)25 јануари 2017(2017-01-25) (возр. 77)
Кромер, Англија
ЗанимањеГлумец
Активен период1961–2017
СопружникАнет Робертсон (1962–1964)
Дона Пикок (1984–1990)
Џоан Далтон (1990–1996)
Анвен Рис-Мајерс (2005– до неговата смрт 2017)
Деца2

Херт исто така играл значајни улоги во затвореничката драма Полноќен експрес (1978), научно-фантастичниот хорор филм Осмиот патник (1979), авантуристичкиот филм Роб Рој (1995), политичкиот трилер О за одмазда (2006), натприродниот трилер Клуч на тајни (2005), научно-фантастичниот авантуристички филм Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп (2008), филмскиот серијал Хари Потер (2001–11), суперхеројските филмови Хелбој (2004) и Хелбој: Златната војска (2008) и шпионскиот филм Мислител, кројач, војник, шпион (2011). Последната сцена на неговиот лик во филмот Осмиот патник била прогласена од бројни публикации како една од најнезаборавните сцени во филмската историја.

Еден од последните филмови на Херт е биографскиот филм Џеки (2016). Негов последен филм во кариерата ќе биде филмот Најтемниот час, кој ќе биде издаден во ноември 2017 година, во кој тој ќе го толкува британскиот премиер Невил Чемберлен. Во својата богата кариера, тој добил две номинации за Оскар, еден Златен Глобус и четири БАФТА награди, од кои последната е за животно остварување за неговиот извондреден придонес кон британската кинематографија.

Наводи

Надворешни врски


Tags:

Џозеф МерикДоктор ХуКалигулаРед на Британската ИмперијаЧовек за сите времињаЧовекот-слон (филм)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

РусијаОпштина БрвеницаВанчо НиколескиБлерим РекаНина Атанасова-ШкрињариќАртан ГрубиАрбен ЏафериМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаГордана Силјановска-ДавковаГолеми и мали (роман)СардинијаМакедонски претседателски избори (2004)Босна и ХерцеговинаГерманијаСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Кронова болестБубрежен каменПравоаголникШтипСписок на архаични зборови во македонскиот јазикБогородицаДрогаОслободителна војска на КосовоВагинален исцедокТуберкулозаБели мугриОпштина ДолнениРисКандидЧир на желудникотЛокални избори во Македонија (2013)ВардарГ’зим ОстрениЗемји членки на Европската УнијаСписок на команданти на ОНАВелко НеделковскиОпштина Центар ЖупаАлтернатива (политичка партија)Цар Едип (драма од Софокле)Демократска партија на АлбанцитеОксидационо-редукциона реакцијаАлександар III МакедонскиЗагрозен видМустафа Кемал АтатуркНаполеон БонапартМакедонска азбукаКриптовалутаФјодор Михајлович ДостоевскиМајка ТерезаЏезДанте АлигиериЃорче ПетровГоце ДелчевЛевица (политика)РелигијаМедузаЕгипетМарокоПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаВтора влада на Бранко ЦрвенковскиГзим ОстрениГласачки системСипанициПрирокАвантурите на ПинокиоПирамида (геометрија)Мултипла склерозаРелигија во МакедонијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единство20000 милји под моретоДемократска партија на Србите во МакедонијаРак на грлоАмди БајрамОпштина Кисела ВодаСкопско КалеСолунски атентатиВолфганг Амадеус Моцарт🡆 More