Јазично Оживување

Јазично оживување или јазична ревитализација е процес кој се спроведува од некоја организација, општествена или културна група, влада или политичка организација за оживување или зголемување на бројот на говорници на некој одреден јазик.

Најчесто јазиците чиј број на говорници опаѓа се класифицирани како загрозени, мртви или исчезнати јазици. Во такви случаи, целта на јазичното оживување е да го зачува јазикот како средство за комуникација. Иако овој процес зависи од инволвираните страни или политичката и општествена околност, најчесто целта на овој процес е да се овозможи еден јазик да стане повторно активно зборуван. Овој процес е спротивен на јазичното изумирање. Добро познати примери за јазично оживување се хебрејскиот јазик, белорускиот јазик, корнишкиот јазик, манскиот јазик, шкотскиот јазик, ирскиот јазик итн.

Теорија

Јазичното оживување или обратната јазична замена била предмет на научно изучување од социолингвистите, меѓу кои и Џошуа Фишмен. Изучувањето се обидува да одреди до кој степен јазикот бил „дислоциран“ за да може да се одреди кој е најдобриот начин со кој би се оживеал јазикот.

Во тесна врска со ова е предлогот на Гилад Цукерман. Цукерман го предложил терминот „оживеана лингвистика“, која би била посебна јазична дисциплина. Овој модел се заснова на теоријата на јазичниот контакт. Оваа нова дисциплина би се занимавала со универзалните методи и механизми кои се потребни за оживување на еден јазик.

Модел за оживување

Моделот на Џошуа Фишмен за оживување на мртви јазици се состои од осум чекори. Според теоријата, особено внимание треба да се обрне во раната фаза на процесот и истата треба добро да се воспостави пред да се реализираат следните фази или чекори. Осумте чекори или фази на овој модел се:

  1. учење на загрозениот јазик преку возрасните. Ова се препорачува за јазици кои се зборуваат само од возрасно население и нема млади говорници.
  2. да се создаде општествено интегрирано население со активни говорници на јазикот. Во оваа фаза најдобро е да се сконцентрира на усната форма на јазикот.
  3. во месѕа каде има значителен број на луѓе кои секојдневно го користат јазикот, тогаш, треба да се поттикне неформалната употреба на јазикот меѓу луѓе од различна возраст. Употребата на јазикот треба да се зајакне со основање на локални соседски институции каде јазикот би се користел, зачувувал и потикнувал.
  4. во места каде усниот говор на еден јазик бил достигнат кај сите возрасни групи, тогаш треба да се поттикне и совладување на пишаната форма. Тоа поттикување треба да е до тој степен што нема да има потреба од владина помош или помош од образовниот систем.
  5. јазикот да стане задолжителен во образовниот систем во земји да тоа возможно.
  6. кога сè од горенаведеното ќе биде постигнато, луѓето треба да бидат потикнати да го користат јазикот на работните места.
  7. кога сè од горенаведеното ќе биде постигнато, локалната власт и медиумите треба да бидат поттикнати да го користат јазикот.
  8. кога сè од горенаведеното ќе биде постигнато, јазикот треба да се воведе во високото образование, владините институции и сл.

Јазикот е така дизајниран да го води процесот директно кон целта. Губење на време и труд се појавува ако не се одвива постепено.

Фактори

Дејвид Кристал, во својата книга „Јазична смрт“, предлага шест фактори кои можат да помогнат при процесот на оживување. Еден јазик ќе стане сè позборуван ако:

  1. се зголеми престижот на јазикот во заедницата,
  2. се зголеми вредноста
  3. се зголеми легитимната моќ во очите на доминантната заедница,
  4. да се има силно присуство во образовниот систем,
  5. може да се запише јазикот, и
  6. ако може да се користи со електронската технологија.

Наводи

Поврзано

Дополнителни информации

  • Grenoble, L. A. and Whaley, L. J. (1998). Endangered Languages: Language Loss and Community Response. Cambridge University Press. (ISBN 0-521-59712-9)
  • Nettle, D. and Romaine, S. (2000). Vanishing Voices. Oxford University Press. (ISBN 0-19-515246-8)
  • Reyhner, J. (ed.) (1999). Revitalizing indigenous languages. Flagstaff, AZ : Northern Arizona University, Center for Excellence in Education. (ISBN 0-9670554-0-7)

Надворешни врски

Tags:

Јазично Оживување ТеоријаЈазично Оживување НаводиЈазично Оживување ПоврзаноЈазично Оживување Дополнителни информацииЈазично Оживување Надворешни врскиЈазично ОживувањеЈазикБелорускиот јазикЗагрозен јазикИрскиот јазикКомуникацијаКорнишкиот јазикМанскиот јазикМртов јазикХебрејскиот јазикШкотскиот јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Staphylococcus aureusМакедонијаКоле АнгеловскиЃурѓовденСмоларски ВодопадЖелезно времеОдбивање (физика)Радожда20000 милји под моретоСписок на државни знамињаСкопско КалеЕрман ШабанМислодеждаРак на дојкаВтора светска војнаВекторГлаголГордана Силјановска-ДавковаОтоманско ЦарствоАлбанијаИсус ХристосИсторија на македонскиот народКошаркаВелигденДојранско ЕзероСамоилово ЦарствоОпштина ВаландовоТоплинаМакедонски народни носииГолеми и мали (роман)Џорџ Гордон БајронШеќерна приказнаРомски јазикСлавко ЈаневскиИстанбулАцо ШоповСостави на репрезентациите на Копа Америка 2019Кога тргнав ЦветоНикола ТеслаЕтанолКочо РацинСтрумицаДувачки инструментЛеополд I (Свето Римско Царство)Адаптација (биологија)Клинесто писмоЗемјотресДесница (политика)КирилицаЈаспер де БејстЈудаизамГеографска картаЧума (појаснување)Џек ЛондонОбединети нацииМакедонци-муслиманиЛоковАлиса во земјата на чудатаКамен мост (Скопје)Слуз-цедење во грлотоМакедонски јазикВитамин Б6Лозје (книга)БиблијаОпштина ПехчевоАвстралијаМечкин КаменТелефонМакедонска кујнаТашмаруништаБегалкаВртоглавицаВардарМарио ЛеминаАли АхметиЈосиф СталинЦрква „Св. Климент Охридски“ - СкопјеМекотелиБледски договор (1947)🡆 More