Скутер е возило со две тркала, најчесто со мали димензии.
Сите скутери го имаат монтирано моторот во делот под седиштето или на задната оска каде што се овозможува полесен пренос на силата на задното тркало. Сите понови модели на скутери имаат автоматски пренос на силата на задното тркало, додека постарите модели на Веспа, или некој нови „Ретро” модели имаат мануелен пренос со комадни за менување на степените на левата рачка.
Повеќето скутери се опремени со едноцилиндрични мотори од 30cc – 250cc а макси скутерите имаат двоцилиндрични мотори од 400cc па сè до 600 кубни сантиметри. Во сите држави од светот скутерите под 50 кубни сантиметри се именувани како “мопеди” додека сите останати скутери над 50 кубни сантиметри спаѓаат во класата на мотоцикли и за нив важат сите правила кои се однесуваат на мотоциклите.
Неодамна сите модерни скутери беа произведувани со воздушно ладени, двотактни мотори кај кои мешањето на горивото со маслото за подмачкување е автоматизирано. Во поново време, моделите на Yamaha-YQ50 (2002 година и сѐ уште се произведуваат) се опремени со мотор на течно ладење (Liquid Cooled Engine), пример кој подоцна ќе го следат сите произведувачи на скутери. Моделите, Gilera Runer SP 50, Aprilia SR 50, Peugeot JetForce 50 имаат мотори со ваков тип на ладење и затоа се оценети како скутери со подобри перформанси. Нов тренд во производството на скутери е вметнувањето на директното вбризгување на горивото (injection) наместо стариот начин со примена на карбуратори.Ваков систем поседуваат моделите Aprilia СР50 Di-tech, Peugeot JetForce TSDI. Перформансите на скутерите се варијабилни и се движат од 2.0 kw па сè до 15 kw кај мани-скутерите. Скутерите под 50cc имаат забрана која е поставена на 45 км/ч. Ретко кој ја почитува оваа забрана па со механичка или електронска поправка на скутерот таа се отфлра. Со фабричките делови, скутерите без забрана достигнуваат брзина од 75 км/ч,но во Италија, Јапонија, Германија, Шпанија и Холандија постојат специјализирани произведувачи на тркачки-делови за скутери кои се инсталираат за да се добие што е можно поголема брзина. Најпознати брендови се Malossi, Polini, Hebo. Најбрзиот скутер под 50cc е конструиран во Германија (марка: Yamaha –YQ 50 Aerox R) со брзина над 150 км/ч.
Право за управување на скутер под 50cc имаат лица кои наполниле 14 години, а за скутер над 50cc е потребна А-лиценца за управување на мотоцикл.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Скутер, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.