Глицинија: род растенија

Гилицинија или вистерија (науч. Wisteria) — род на цветни растенија од семејството на мешунките (Fabaceae), кое вклучува десет видови на дрвенести ползавци од источен САД, Кина, Кореја и Јапонија.

Глицинија

Некои видови се користат како украсни растенија, особено во Кина и Јапонија

Глицинија
Глицинија: Опис, Одгледување, Видови
Кинеска вистерија (Wisteria sinensis)
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Потсемејство: Глушини
Род: Глицинија
Nutt. (1818), nom. cons.
Синоними
  • Bradburia Spreng. (1826)
  • Diplonyx Raf. (1817), nom. rej.
  • Kraunhia Raf. (1891), nom. superfl.
  • Phaseoloides Duhamel (1755), nom. rej.
  • Rehsonia Stritch (1984)
  • Thyrsanthus Elliott (1818), nom. illeg.
  • Wistaria Nutt. ex Spreng. (1826), orth. var.

Опис

Ова е род кој се состои од десет видови полудрвенести ползавци чии гранки се виткаат околу носечките столбови во насока на стрелките на часовникот и обратно. Тие можат да се искачат до 20 метри во висина и до 10 метри во широчина. Најпознатата глицинија се наоѓа во Сиера Мадре во Калифорнија и зафаќа околу 0,40 хектари и тежи околу 250 тони. Листовите се наизменични (15-35 см), во форма на перо, а ги има 9-19. Цветовите се наредени во гроздови (10-80 см), кои претежно се сино-виолетови, розови, боја на лаванда, боја на бел слез или чисто бели. Цвета во пролет кога прво се појавуваат цветовите, а потоа и листовите. Цвета уште 2-3 пати во текот на годината, во средината на лето и кон крајот на есента. Цветовите на некои видови имаат исклучително пријатен мирис, а доаѓаат до израз доколку растението е засадено на перголи. Кинеските и јапонските видови цветаат дури по неколку години (5-7), додека американските видови цветаат во втората година бидејќи се помалку робусни од јапонската и кинеската глицинија. На крајот од цветањето се формираат мешунки (плодови) со големина од 15 см, кои содржат заоблени семиња, обоени во смеѓа и црна боја.

Одгледување

Глицинијата се смета за инвазивен вид на ползавци особено ако и се дозволи да расте и да се искачува заедно со постоечко растение, бидејќи има способност да го задуши растението домаќин. Најдобро напредува на силно сонце и со потпора која мора да биде многу силна бидејќи со текот на времето глицинијата ги зајакнува своите гранки кои можат да ги скршат дрвените столбови или да го задушат возрасно дрво. Ако расте до куќа, може да предизвика оштетување на олуците, ќерамидите или дури и на приодните патеки и фасадата. Оваа раскошно растение е отпорно на ниски температури и не му пречат високите летни температури. Без проблеми ги преживува нашите континентални зими, само во првите две години треба да биде заштитена. Не и одговараат ниту зимските ниту летните ветрови. На глицинијата ѝ одговара благо кисела почва (pH вредност 6,2) и во текот на пролетта е многу важно да се ѓубри еднаш годишно. Може да се сади од семиња, но подобро и почесто тоа се прави од расад. Растението добиено од семе може да не цвета со децении, па затоа се зема фиданка што излегува од коренот.

Видови

  1. Wisteria brevidentata
  2. Флорибунда-јапонска глицинија
  3. Wisteria frutescens
  4. Wisteria sinensis - кинеска глицинија
  5. Wisteria ventusa
  6. Wisteria villosa
  7. Wisteria brachybotrys - Свиленкаста глицинија

Наводи

Литература

Tags:

Глицинија ОписГлицинија ОдгледувањеГлицинија ВидовиГлицинија НаводиГлицинија ЛитератураГлицинијаЈапонијаБиномна номенклатураКорејаНародна Република КинаРастенијаСоединети Американски Држави

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Село зад седумте јасениРисто ШишковЈапонијаХипотироидизамБелото ЦиганчеСрцева слабостПензиски системРок-музикаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаЧорбаџи ТеодосБаза (хемија)ХипертироидизамТахикардијаВатиканКристијан X ДанскиРомантизамМакедонски јазикМакедонски месециЕден на ЕденЗурла (македонска)МакедонијаПодземни водиЕзопДимче Мешковски1880 во музикатаСписок на острови во Фарските ОстровиДимитар СолевСписок на повикувачки броеви на земјитеГајдаНемања ГудељОвулацијаВиолета ТомовскаКрал МаркоРелигијаБаваријаМекотелиПолип на маткатаИшијасРаспад на СФРЈБраќа МиладиновциДеценијаСточарствоПаразитизамСимеон ІІИзраелМенаџментПелистерСвињарствоМалтаКамен мост (Скопје)Македонско востаниеЗаменкаСтрептококен фарингитисБугаријаАлшарМатеја МатевскиЗанаетчиство во Старата скопска чаршијаКозметикаТромбонДемографија на МакедонијаЕвропаЛетно сметање на времетоМилениумАДХДМавзолеј во ХаликарнасГевгелијаПискавицаШтрковиСложена реченицаРамазанВаско ЃурчиновскиГустав ШвабАрмија на МакедонијаМасакр во ВаташаГлаголицаНеготиноБубрежна инфекција🡆 More