Flaws And All

„Flaws and All“ е песна од американската пејачка Бијонсе Ноулс, вклучена на делукс изданието на нејзиниот втор студиски албум, B'Day (2007).

Била компонирана од Ноулс, Не-Јо, Ши Тејлор и Соланж Ноулс, додека Бијонсе Ноулс и Тејлор ја продуцирале песната. Во неа, Ноулс ја покажува љубовта која ѝ ја дава маж, кој ги занемарува сите нејзини мани и ја сака безусловно. „Flaws and All“ добила позитивни критики од критичарите кои ја пофалиле емоцијата на Ноулс и ранливоста на песната.

„Flaws and All“
Песна од Бијонсе Ноулс
од албумот B’Day Делукс Издание
ЖанрР&Б
Должина4:07
МаркаColumbia
ПеснописецНе-Јо, Ши Тејлор, Бијонсе Ноулс, Соланж Ноулс
Продуцент(и)Ши Тејлор, Бијонсе Ноулс

Музичкото видео било режирано од Клиф Ватс и ко-режирано од Ноулс за B'Day Anthology Video Album (2007). Содржи снимки од реклама за B'Day од Вал-Март повезани заедно, а Ноулс во видеото не пее за време на песната, туку глуми како да го изведува своето секојдневно сценарио. Ноулс кажала дека концептот на видеото бил таков за да се прикаже нејзината друга страна, која папараците и обожавателите не ја гледаат секојдневно. Ноулс ја изведувала „Flaws and All“ на The Beyoncé Experience (2007) на I Am... Турнејата (2009–10) и била вклучена на нејзиниот албум во живо The Beyoncé Experience Live (2007). Исто така била испеана на Шоуто на Елен Деџенерес во 2008.

Позадина

Flaws And All 
Сестрата на Бијонсе Ноулс, Соланж, помогнала во пишувањето на „Flaws and All“.

„Flaws and All“ е напишана од Бијонсе Ноулс, Соланж Ноулс, Не-Јо и Ши Тејлор. Бијонсе Ноулс и Тејлор исто така ја продуцирале песната. Иако била оригинално вклучена во повторното издавање на B'Day, „Flaws and All“ исто така била подоцна вклучена и на нејзините компилациони албуми. Во 2007 песната била вклучена во саундтракот на Тајлер Пери, Why Did I Get Married?. Во 2008, Ноулс ја вклучила песната во компилационене албум посветен на караоке нсатапите и бил наречен Beyoncé Karaoke Hits, Vol. I. Аутор Латрис Глен ја навел песната во мемоар наречен My Life's Journey (2010).

Прием

„Flaws and All“ добила позитивни критики од музичките критичари, кои ја пофалиле баладата за нејзината оригиналност и им се допаднало што песната била подоцна вклучена во Делукс изданието на B'Day. Крис Вилијамс од Entertainment Weekly ја нарекол песната неговото најубаво дополнение на делукс изданието на B'Day, изјавувајќи, „Подобра е 'Flaws and All', балада во која Б[ијонсе] ја прикажува нејзината мелизматична благодарност, таа работохолична кучка (нејзини зборови!) заслужно сака.“ BET ја вклучил „Flaws and All“ како една од „Топ 10 Р&Б Песни со Добро Чувство“, на деветтото место. Коментирајќи го својот избор, тие искоментирале „'Flaws and All'... ја откри Бијонсе како најранлива. Песна во која дури и суперѕвезда ќе се мачи со несигурност поради потребата за некој да ја сака.“ Кели Роуланд од Destiny's Child дискутирала за песната за време на интервју со Билборд. Таа изјавила, „Бијонсе е вистински артист кој постојано пее убаво. Мојата омилена песна секогаш ќе биде 'Flaws and All.' Толку чувства, толку убавина; нејзиниот глас звучи чудесно.“

Музичко видео

Flaws And All  Па, јас сум малку глупава, малку сум смешна и добро излезе. Има многу работи кои ги чувам за себе, бидејќи тоа е единствениот начи да го зачуваш твоето здравје. Ова [видео] е начин на кој мојата фамилија ме гледа, во него јас сум вистинската јас. Поминаа десет години и време е луѓето да ја видат мојата друга страна. Не се работи за гламур, не се работи за слава, не се работи за мене како дива — се работи за некој што те сака.Flaws And All 
—Бијонсе Ноулс, Бијонсе: Зад Сцените на Музичките видеа за B'Day'

Музичкото видео за „Flaws and All“ било режирано од Клиф Ватс и Ноулс. Видеото за песната е снимено во евтин Супер 8 филм за време на две неделното снимање на видеа за B'Day Anthology Video Album. Критичарите забележале дека Ноулс ги имитира Мерилин Монро, Бриџит Бардо и Барбра Стрејсанд за време на видеото. За време на интервју со MTV за „Бијонсе: Зад Сцените на Музичките видеа за B'Day“, MTV ја коментирале појавата на Ноулс во видеото и додале дека глуми „глупава девојка“ и „изгледа дека конечно ја видовме вистинската [неа].“ Ноулс одговорила, „Јас сум многу поразлична во мојот секојдневен живот. Мојот приватен живот и мојот славен живот — ги одделив како два различни луѓе. Но добро сум избалансирана меѓу нив. Претерувам и сум природна.“

Во интервју со Вајб, Ноулс објаснила дека концептот на видеото е суштинско откако била прашана како „секојдневна жена.“ „Јас не пеам никоја од песните. Целото видео е тивко и јас сум своја. Не настапувам. Откривам моја страна која никој досега не ја видел. Смешна сум и глупава и не ...пробувам да бидам дива, не пробувам да бидам ѕвезда – само себеси.“ Видеото е во црно-бела тема и има зрнеста текстура. Ноулс не ја отвора устата за време на песната, но глуми делови од песната и позира. Неколку од сцените искористени во видеото биле претходнос нимени за рекламата од 2006 за B'Day преку Вал-Март.

Настапи во живо

Flaws And All 
Ноулс ја изведува песната „Flaws and All“ за време на нејзината турнеја, The Beyoncé Experience.

Ноулс ја извела песната на различни места, а исто така „Flaws and All“ била дел од нејзината сет-список на The Beyoncé Experience (2007). Џон Парелес од The New York Times ја пофалил изведбата во Медисон Сквер Гарден, Менхетен изјавувајќи, „На Бијонсе не ѝ треба одвлекување од нејзиното пеење, кое може да биде кое може да биде воздушесто или металично, насолзено или опасно, скорострелно со продолжени слогови. Но, таа беше во постојано движење, во костими [...].“ Во Лос Анџелес, Ноулс имала целосен настап на песната, облечена во бронзен и прозирен корсет и златни и светлечки панталони. Изведбата била направена со неколку женски и машки позадински танчери и инструментација во живо. Крис Вилијам од Entertainment Weekly ја пофалил изведбата на Ноулс озјавувајќи, „Вистинскиот дефибралаторен момент, сите 'фрикум фустани' се сменети настрана и за време на 'Flaws and All', Бијонсе исплака вистински солзи (навечер, според репортерите на првите емисии) додека се извинуваше за тоа што е вистинска кучка. Тоа е ретка банална, мелодраматична изведба во помалку од два часа.“ Настапот исто така го привлекол вниманието на пишувачот Џон Парелес од The New York Times кој изјавил, „Со начинот на кој беше прикажан концертот за нејзината издолжена музика, од кинетичките денс ритми на песни како 'Get Me Bodied' до драматични балади како 'Flaws and All', во кои Бијонсе пееше со широко отворени очи.“ За време на настапот таа ги прикажувала своите несовршености за човекот кој ја сака безуслвоно. Настапот од Лос Анџелес бил вклучен во нејзиниот албум во живо The Beyoncé Experience Live. Настапот на „Flaws and All“ бил прикажан незавсно на MTV.com и бил издаден за дигитално спуштање на iTunes Store на 19 ноември 2007.

Ноулс ја извела песната на Шоуто на Елен Деџенерес на 25 ноември 2008 додека го промовирала нејзиниот трет албум I Am... Sasha Fierce. Кога Ноулс ја извела „Flaws and All“ за време на I Am... Турнејата, таа носела златно трико. Додека пеела зад неа се појавувале снимки од маси кои се превртуваат и други графички анимации. „Flaws and All“ не била вклучена на албумот во живо I Am... World Tour (2010).

Кредити и личности

Кредитите се земени од B'Day Deluxe Edition.

  • Џим Каруана – снимање
  • Тим Којне – мастеринг
  • Робер „ЛБ“ Дорси – снимање
  • Џин-Мери Хорват – миксинг
  • Бијонсе Ноулс – пишување, продукција, вокали
  • Соланж Ноулс – пишување

  • Колин Милер – дигитален преп инжинеринг
  • Не-Јо – пишување, ко-продукција
  • Ши Тејлор – пишување, продукција
  • Мајкл Точи – снимање
  • Шејн Вудли – снимање

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Flaws And All ПозадинаFlaws And All ПриемFlaws And All Музичко видеоFlaws And All Настапи во живоFlaws And All Кредити и личностиFlaws And All БелешкиFlaws And All НаводиFlaws And All Надворешни врскиFlaws And AllБијонсе НоулсНе-Јо

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КумановоОвчи сипанициСузана СпасовскаШизофренијаОсоговски ПланиниПетре ПрличкоЃорѓи ОровчанецЗемја (планета)Македонски парламентарни избори (2016)Црква „Св. Илија“ - Стар ДојранМедијанаТомина неделаПросекЦрква „Пресвета Богородица Перивлептос“ - ОхридСоединети Американски ДржавиКавадарциОсновен приходАрбен ЏафериАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј IIШтипВелигденЈугославијаЕпилепсијаКукумјавкаБеласичка биткаМакедонска азбукаСтојна КостовскаКочо РацинДраган Б. КостиќЗоран ЗаевКрушевско ЕзероПразници во мајЛевица (политичка партија)Игор ЏамбазовИсторија на христијанствотоЦрн дробМакедонијаГробот на ИсусТоме ВитановСашо ОрдановскиГихтПовраќањеВратикаПрва македонска фудбалска лигаОтоманска МакедонијаМинистерство за животна средина и просторно планирањеИсторија на ЕгипетОпштина ПетровецДвижење БесаВесна БендевскаЦрква „Св. Димитриј“ - БитолаИндонезијаПремиер на МакедонијаАпостол ЈудаАлијанса за АлбанцитеГрузијаГоце ДелчевСпецијална антитерористичка единица „Тигар“ИстанбулСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваЈагулаКочаниСписок на градови во Македонија по населениеЦерово (Тетовско)Благој ДавковЅвезда од КутлешФудбалМакедонски парламентарни избори, 2002МалтаАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. МихаилКристијано РоналдоАлергиски дерматозиГ’зим ОстрениПајак (пејач)ЗдравецЃомлезеЦариградска патријаршија🡆 More