Шенинген

Шенинген (германски: Schöningen) — град со околу 11.000 жители во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Шенинген
Главниот плоштад со црквата „Св. Винсент“
Главниот плоштад со црквата „Св. Винсент“
Главниот плоштад со црквата „Св. Винсент“
Грб на Шенинген
Шенинген во рамките на Германија
Шенинген
Шенинген
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хелмштет
Градоначалник Хенри Безеке (независен)
Основни податоци
Површина 35,36 км2
Надм. височина 114 м
Население 11.214 (31 декември 2020)
 - Густина 317 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HE
Пошт. бр. 38364
Повик. бр. 05352
Портал www.schoeningen.de
Местоположба на градот Шенинген во рамките на округот Хелмштет
Карта
Карта
Координати 52°08′0″N 10°57′0″E / 52.13333° СГШ; 10.95000° ИГД / 52.13333; 10.95000

Географија

Шенинген 
Воздушен поглед со централата Бушхаус

Градот се наоѓа на југоисточниот дел од ридскиот масив Елм, во близина на границата со сојузната покраина Саксонија-Анхалт. Во денешниот облик бил создаден во 1974 година, кога општините Есбек, Хојерсдорф и Шенинген се приклучиле.

Железничката станица била опслужувана со регионални возови на железничката линија Волфенбител-Хелмштет, но била затворена во 2007 година. Градот е попатна станица на сценскиот германски фахверк пат.

Градски единици

Шенинген се состои од следниве делови:

  • Кернштат
  • Есбек
  • Хојерсдорф

Историја

Шенинген е познат по Шенингенски копја, четири древни дрвени копја пронајдени на отворен коп во близина на градот. Копјата се стари околу 400.000 години, правејќи ги најстари човечки дрвени артефакти во светот, како и најстари оружја, некогаш пронајдени. Три од нив веројатно биле произведени како оружја, бидејќи тежината и конусната точка е на врвот на копјето за да летаат право, слично на дизајнот на современиот џилит. Четвртото копје е пократко со точки на обете страни и се верува дека е копје за фрлање. Тие се пронајдени во комбинација со остатоци од околу 20 диви коњи, чии коски содржат месарски знаци, вклучувајќи едно копје закачено за карлицата. Ова се смета за доказ дека раните луѓе биле активни ловци со специјализирани алатки. Копјата моментално се прикажани во центарот за посетители „Палеон“, отворен во 2013 година.

Првото историско спомнување на саксонската населба во кралските анали на Франките е од 747 година, кога каролиншкиот крал Пипин Малиот останал во Скаханинги (Scahaningi) при конфликт со неговиот полубрат Грифон. Шенинген било место на кралскиот дворец на синот на Пипин, Карло Велики и подоцна на отонската династија. Свети Вилигис, надбискуп на Мајнц од 975 година, бил веројатно роден во Шенинген околу 940 година. Служел како надканцелар на царот Отон III, кој останал тука неколкупати. Шенинген бил место на бенедиктански манастир основан во 983 година. Во близина замокот Елм, изграден во XI век, бил командно место на Темпларите од 1221 година натаму.

Шенинген 
Замок Шенинген

Од XIV век бил држен од велфските војводи на Брауншвајг-Линебург, кои му дале градски права во 1332 година. Околу 1350 година, војводата Магнус Пиј го изградил замокот Шенинген како ловски дом во близина на границата со Халберштатската епископија. Бил оштетен во текот на Шмалкалдската војна во 1542 година, кога војводата Хајнрих V од Брауншвајг-Волфенбител се борел против трупите на протестантскиот Шмалкалдски сојуз. Подоцна служел како седиште на вдовицата Софија Јагелон, сестра на полскиот крал Сигисмунд II Август и нејзините наследници Елизабета Данска и Ана Софија, ќерка на изборниот кнез Јохан Сигисмунд. Војвотката Елизабета, сестра на кралот Кристијан IV Дански го обновила дворецот во богат ренесансен стил од 1613 година. Во 1640 година, Ана Софија основала латинско училиште (Anna-Sophianeum) во Шенинген, која постои како гимназија и денес.

Замокот Шенинген бил исто така административно седиште на брауншвајшкиот „амтман“ (Amtmann). Од 1679 година служела како резиденција на Ана Софија, ќерка на војводата Антони Улрих и сопруга на маркгрофот Карл Густав. Нејзината сестра Елизабета Елеонора се омажила тука за војводата Бернхард I од Саксо-Мајнинген. Во 1733 година, принцот Фридрих Велики останал тука на пат кон замокот Залцдалум за неговата венчавка со Елизабета Кристина од Брауншвајг-Волфенбител-Беверн. Откако седиштето на локалната администрација била пренесена во Хелмштет во 1815 година, замокот започнал да пропаѓа.

Стопанство

Главната индустрија во Шенинген е отворен коп за лигнит, кој се користи за производство на електрична енергија во централата Бушхаус. Рудникот и централата се раководени од E.ON. Од крајот на 2016 година централата служи како ладна резерва, а од 2020 година ќе биде целосно изгасена.

Во градот се наоѓа сателитска станица на германската служба за разузнавање.

Меѓународни односи

Шенинген е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

  • Вилигис (околу 940-1011) — надбискуп од Мајнц
  • Рајмар Олтманс (р. 1949) — новинар

Наводи

    Библиографија
  • Klein, R. „Hominin dispersals in the old world“. Во Scarre, C (уред.). The human past: World prehistory and the development of human societies. London: Thames & Hudson. ISBN 978-0-500-28531-2.
  • Bamford, Marion K.; Henderson, Zoe L. (2003). „A reassessment of the wooden fragment from Florisbad, South Africa“. Journal of Archaeological Science. 30 (6): 637–651. doi:10.1016/S0305-4403(02)00245-5.
    Наводи

Надворешни врски

Tags:

Шенинген ГеографијаШенинген ИсторијаШенинген СтопанствоШенинген Меѓународни односиШенинген Познати луѓеШенинген НаводиШенинген Надворешни врскиШенингенГерманијаГермански јазикГрадДолна СаксонијаХелмштет (округ)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

НеготиноДропкаДраги КостовскиЃокица ЛукаревскиВознесение ХристовоПоткастТуберкулозаМенингитисВелесЈошка МиленковскиГаличникКиро ГлигоровКоле КанинскиКире КостадиновскиВооружена престрелка во Куманово (2015)МачкаВитамин Б6Старословенска азбукаИнкиОсоговски манастирМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаСоединети Американски ДржавиСвети Кирил и МетодијРак на белите дробовиОпштина ОхридВагинален исцедокЧир на желудникотСтрептококен фарингитисБања БанскоСуданБранко ЦрвенковскиМали сипанициДебарПопис на населението во Македонија (2021)АневризмаАли АхметиГоце Делчев (роман)Стојне НиколоваИстанбулСписок на македонски филмовиСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаСрцева слабостПридавкаБаба (планина)АнгинаГрузијаВладо ЧерноземскиМесечинаСписок на птици во МакедонијаСања ЦинцеваПланинарски дом „Караџица“МавровоТодор АлександровПченкаЈосип Броз-ТитоМозочен ударВласинско езероСтрептококиЛабуништаСветлана Ражнатовиќ-ЦецаАнглиски јазикСрцево заболувањеСтале ПоповБик (хороскопски знак)Заседа Лисец (2001)Сулејман ВеличествениотЕлениДивљеВлатко СтефановскиАнтибиотикГлуварчеГабаОвулацијаЦветан ДимовКоноп🡆 More