Чифте Амам: поранешен амам во Скопје, денес уметничка галерија

Чифте амам — поранешен амам во Скопје, којшто се наоѓа во средишниот дел на Старата скопска чаршија, поточно на потегот меѓу Мурат-пашината џамија и Сули ан.

Заедно со овие два објекта ја сочинува единствената постојна „исламска тројка“ на просторот на чаршијата и во Скопје воопшто. Чифте амам денес се употребува како уметничка галерија и во него е сместен дел од поставката на Националната галерија на Македонија.

Чифте амам
Чифте Амам: Имиња, Историја, Архитектура
Чифте амам
Општи податоци
Стилосманлиска архитектура
ГрадСтара скопска чаршија
Скопје
ЗемјаЧифте Амам: Имиња, Историја, Архитектура Македонија
Почната15 век
НарачателМузеј на уметност

Имиња

Амамот името го добил од турскиот збор „чифт“ (турски: çift; со значење „парен, двоен“), поради тоа што неговата градба спаѓа во групата на двојни амами. Во чест на наредбодавачот за негова изградба, Иса-бег, познат е и под името „Иса-бегов амам“, додека познатиот патописец Евлија Челебија во своите записи го нарекува „нов амам“.

Историја

Чифте Амам: Имиња, Историја, Архитектура 
Една од бањските простори

Амамот е изграден во втората половина на 15. век, како завештание на Иса-бег. За првпат се споменува во вакуфнамата на Иса-беговата џамија во 1531 година. Тешко бил погоден со земјотресот од 1963 година, но подоцна е обновен и денес претставува уметничка галерија. Во него е сместен и дел од поставката на Националната галерија на Македонија, чиешто седиште се наоѓа во Даут-пашиниот амам.

Архитектура

Објектот е редок пример на Балканот со голема архитектонска вредност, којашто денес не може да дојде до израз, бидејќи амамот, речиси, целосно е опколен со дуќани. Тој претставува монолитна градба, а при неговата изградба, особено, се водело сметка за функционалното единство и надворешното обликување. Граден е од камен, тули и малтер. Содржи две поголеми куполи и повеќе помали. Се состои од два дела, машки и женски, па оттаму и го добил името „чифте“, односно двоен амам. За разлика од другите двојни амами, машкиот и женскиот дел во Чифте амамот се спојуваат во делот за капење.

Поврзано

Наводи

Tags:

Чифте Амам ИмињаЧифте Амам ИсторијаЧифте Амам АрхитектураЧифте Амам ПоврзаноЧифте Амам НаводиЧифте АмамАмамМузеј на уметностМурат-пашина џамијаНационална галерија на МакедонијаСкопјеСтарата скопска чаршијаСули ан

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

РибиГлаголски прирокКоле НеделковскиСписок на архаични зборови во македонскиот јазикАрмија на МакедонијаПипи Долгиот ЧорапНатриум хидроксидГрб на МакедонијаВтора светска војнаКалиштаАдам и ЕваВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоПрирокПолиграфЉубовГеографска картаИлинденско востаниеДабПоплаваСписок на електрани во МакедонијаGmailЈосиф СталинРевматоиден артритисДебело цревоСлуз-цедење во грлотоПиреј (роман)ХидроксидОпштина Шуто ОризариМакедонска радио-телевизијаКултураОксидСипанициПаркинсонова болестСкратеници во македонскиот јазикФилмКрвФК Манчестер СитиНапонПанонски легендиКамера опскураРоднински односиТешкотоМавровоУС Сасуоло КалчоАнтибиотикЕпикаГихтЦрн дробЕвропска УнијаМахидевран‘Рбетен столбОпераСлавко ЈаневскиОпштина БитолаАхилПенис (човек)ДраслајцаКамбоџаКамилаИнтернетГоран СтефановскиЛарингитисЖил ВернФолклорПридавкаПотенцијална енергијаПеш по светотОпштини во МакедонијаМенингитисСловенијаДајреРевизор (комедија)Драган МијалковскиПченкаЕлена ЗагорскајаДојранско ЕзероФудбалска репрезентација на Колумбија🡆 More