Цесија

Цесија претставува договор за отстапување на побарување од еден на друг доверител.

Со цесијата се врши пренос на некое отуѓиво побарување од дотогашниот доверител (цедент) на нов доверител (цесионер) при што должникот (цесус) треба да ја исполни обврската кон новиот доверител.

Редовна цесија

Основниот облик на цесија се состои во тоа што доверителот (цедентот) му го отстапува на примачот (цесионерот) своето побарување што го има кон некој должник (цесусот). Притоа, воопшто не е потребно должникот да даде согласност за префрлање на побарувањето од еден на друг доверител, но цедентот е должен да го извести должникот дека обврската треба да ја изврши кон нов доверител. Со договорот за пренос се префрла не само основниот долг (главното побарување), туку и сите споредни побарувања кои произлегуваат од него.

Во тој поглед, особено е интересно прашањето за пренесување на законската казнена камата на достасанито долг кој должникот не го подмирил во редовниот рок. Казнената камата која тече од денот на пренесувањето на побарувањето до денот на наплатата на побарувањето од цесусот (т.н. идна камата) му припаѓа на цесионерот (новиот доверител). Законската казнена камата до денот на пренесувањето на побарувањето, исто така, му припаѓа на цесионерот, освен ако договорните страни не се договориле поинаку. Оттука, најдобро е во договорот за цесија прецизно да се наведе прашањето за судбината на достасаната законска казнена камата.

Цесија наместо исполнување

Посебен облик на цесија е цесијата наместо исполнување каде што цедентот е секогаш цесионеров должник и затоа помеѓу нив се склучува договор заради подмирување на цесионеровото побарување од цедентот. Овој облик е најчесто применуван и најраспространет во праксата. Притоа, со склучувањето на договорот за цесија, побарувањето од цедентот преминува од цедентот на цесионерот, а во истиот момент се гаси обврската на цедентот кон цесионерот.

Кај овој облик на цесија, истовремено течат два вида законска казнена камата и тоа, каматата што тече на цесусовиот долг кон цедентот и каматата што тече на цедентовиот долг кон цесионерот. Кај првиот вид камата соодветно се применува одредбата што важи за редовната цесија, т.е. на цесионерот му припаѓа идната камата (од денот на отстапувањето на побарувањето до неговата наплата до должникот), како и достасаната камата до денот на отстапувањето согласно соборивата законска претпоставка, доколку не е договорено поинаку. Истовремено тече камата и на цедентовиот долг кон цесионерот и тоа до моментот на достасувањето на долгот до неговата наплата. Според членот 302 од Законот за облигационите односи, доколку побарувањето што се пренесува е веќе достасано, полезно е во самиот договор за цесија точно да се наведе дали цедентовиот долг се подмирува во целост. Во спротивно, може да се претпостави дека со договорот за цесија не згаснал целиот долг, туку само делот од долгот што е разлика меѓу вкупниот долг (главницата заедно со законската казнена камата која е достасана до денот на отстапувањето) и износот на отстапеното побарување (главницата на цесусовиот долг со казнената камата која е достасана до денот на пренесувањето).

Цесија заради наплатување

Овој вид цесија се состои во отстапување на побарување чија цел е цесионерот, а не цедентот, да наплати некое свое побарување од цесусот, но ицесионерот, преку наплатата од цесусот, да го наплата побарувањето што го има од цедентот. За разлика од цесијата заради исполнување, каде цедентовата обврска се гаси во моментот на склучувањето на договорот за цесија, кај овој облик цедентовата обврска се гаси дури откако цесионерот ќе го наплати отстапеното побарување од цесусот.

Цесија заради осигурување

Цесијата заради наплата и цесијата заради осигурување во правната теорија се познати како фидуцијарни цесии, бидејќи нивната главна цел не е подмирување на цедентовата обврска кон цесионерот, туку целта е осигурување на цесионеровото побарување, т.е. наплата на долгот од цесусот, а заради подмирување на цедентовиот долг под непосредна контрола на самиот цесионер како доверител. Предноста на овој облик на цесија е тоа што цесионерот го задржува своето побарување кон цедентот и на тој начин неговиот ризик од неможност за наплата на побарувањето значително се намалува, имајќи предвид дека пред да го склучи договорот за цесија, цесионерот добро ќе го испита бонитетот на цесусот и основаноста на цедентовото побарување од цесусот. Кај овој облик нема никакви дилеми за законската казнена камата, зашто исто како главниот долг, така и казнената камата која ја должи цедентот се гаси дури откако цесионерот целосно ќе го наплати побарувањето до цесусот, а во спротивно, целосниот ненаплатен дел тој може да го побарува од цедентот.

Цесијата во македонското законодавство

Во македонското законодавство, предвидена е одредба со која е забрането обврските помеѓу правните субјекти да се плаќаат со цесија или преку друг облик на плаќање со пресметка доколку учесникот во платниот промет има блокирана трансакциска сметка. Почетокот на важење на оваа одредба, согласно членот 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за платниот промет, е одреден за 1 јануари 2014 година. Инаку, до донесувањето на Законот за платниот промет, кој влезе во сила на 1 јануари 2008 година, повеќепати била одложувана примената на оваа одредба за забрана за плаќање на обврскиет преку цесија.

Наводи

Tags:

Цесија Редовна цесијаЦесија наместо исполнувањеЦесија заради наплатувањеЦесија заради осигурувањеЦесија та во македонското законодавствоЦесија НаводиЦесија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Љубиша ГеоргиевскиИмер СелманиЃокица ЛукаревскиМакедонциВодочки манастирАрмија на МакедонијаОпштина ЦентарДијалекти на македонскиот јазикВртоглавицаСамоилово ЦарствоКомуњарВелики петокДојранско ЕзероВелко НеделковскиХамлетДемократски сојузМакедонски претседателски избори (2024)Знаме на МакедонијаМакедонска азбукаОстеопорозаБитолаРисто КрлеПелистерКонсензусДекларацијаТромбоцитопенијаВолфганг Амадеус МоцартПридавки во македонскиот јазикЛила СтојановскаМали сипанициБојаМакедонски парламентарни избори (2002)Оксидационо-редукциона реакцијаПоп-музикаФранческо ПетраркаБраќа МиладиновциБлаже КонескиРак на грлоВооружена престрелка во Куманово (2015)Македонски парламентарни избори (2020)Маја ИвановаТарабукаДанела АрсовскаМакедонски претседателски избори (2014)ИлијадаМејозаОпштина Старо НагоричанеКалиопиЏо БајденГрад СкопјеСердаротЃорѓија СајкоскиТрапезБалкански рисStaphylococcus aureusАлцхајмерова болестПартија за демократски просперитетИзборна единица 2Христијан МицкоскиИзраелIP-адресаХипертензијаМакедонски ВласиМасакр во СребреницаДемократски сили на РомитеМомче во пижами со риги (филм)Методија Андонов-ЧентоАрбен ЏафериКалендар на Велигденски датумиТамбура (македонска)Македонски народни приказни (ТВ-серија)Влада на Љубчо ГеоргиевскиПолжавиМеѓународни празнициШпанијаСојуз на комунистите на МакедонијаНародноослободителна борба во Вардарска Македонија🡆 More