Цане Николовски

Цане Николовски (роден во Битола на 8 ноември 1958 година) — македонски пејач, музичар, флејтист.

Во својата долгогодишна музичка кариера, помеѓу другото бил вокал и на групите Мадригали, Гром и Бон – Тон. Најпознат е по новокомпонираниот народен хит Жаклина, испеан во 1990 година со групата Елита од Битола.

Цане Николовски
Роден 8 ноември 1958
Битола, Цане Николовски СФРЈ, денес Македонија Македонија
Занимање музичар

Николовски останува познат како универзална појава на македонската музичка сцена која што еднакво успешно се снаоѓа и прилагодува во спектар на различни музички жанрови - рок, поп и народни изворни и новокомпонирани песни. Има снимено 37 албуми со народна, поп и музика изведена со флејта.

Од 2004 Николовски живее во туристичкото место Аликанте во Шпанија. Во 2016 година, продукцијата Лотус од Битола, снимила документарен филм за Цане Николовски со наслов „Патот за Аликанте“.

Цане Николовски
Цане Николовски

Почетоци на кариерата: Мадригали

Првите посериозни обиди за занимавање со музика на Николовски се со рокенрол бендот Мадригали од Битола. Тој на бендот му се придружил во 1975 година како вокал и флејта. Во него, покрај Цане Николовски (вокал), членувале и Драган Каранфиловски-Бојс (соло гитара); Благој Тасевски–Бале (соло гитара); Миле Шерденков–Шендер (бас гитара), Томе Георгиев – Шкипот (тапани) и Панде Пажиќ (клавијатури).

На почетоците на неговата кариера, инспирација за Николовски биле флејтистот и водач на групата Џетро Тал, Јан Андерсон, флејтистот Херби Мен, музиката на Бијело дугме...

Мадригали во 1977 година на гитаријадата во Заечар ја освоиле првата награда од жирито, првата награда од публиката, а исто така почестени биле и со првата награда на Радиотелевизија Белград. Песната „Македонија“ со која се претставиле во Заечар, ќе ја исполнат и во 1977 година на гитаријадата во Суботица. Во 1979година, бендот повторно настапил на заечарската гитаријада и го освоил првото место од публиката.

Трн во око

Во 1979 година „Мадригали“ го менуваат името во „Трн во око“. Под ова име во 1981 година бендот настапил во центарот „Скендерија“ во Сараево, каде што ја исполниле песната „Плати една дупла и мрш да те нема“, која што станала хит во бивша Југославија.

Гром

Од 1986 до 1989 година Цане Николовски бил вокал на поп бендот „Гром“ од Битола. Во 1988 година имале забележителен настап на МакФест со песната „Каде си ти, најмила моја?“.

Елита и хитот Жаклина

Во 1989 година Николовски добил понуда да стане пејач на групата која што изведувала народна музика - „Елита “ од Битола. Со нив го испеал хитот „Жаклина“. Во 1991 година читателите на магазинот „Екран “ песната ја избрале за најслушана песна за 1990 година. Според интервјуто на Николовски дадено за порталот think.mk на матурата на гимназијата Јосип Броз–Тито од Битола во 1991 година, присутните барале на секои пет минути да се свири Жаклина, љубов моја...

Од 2004 Цане Николовски живее во туристичкиот град Аликанте во Шпанија, како професионален забавувач со ангажман во различни локали и ресторани во градот. И понатаму работи на снимање на албуми од различни музички жанрови, како и албуми на коишто тој изведува музика со флејта.

Цане Николовски 
Цане Николовски 2012

Наводи

Tags:

Цане Николовски Почетоци на кариерата: МадригалиЦане Николовски Трн во окоЦане Николовски ГромЦане Николовски Елита и хитот ЖаклинаЦане Николовски НаводиЦане Николовски19588 ноемвриМадригалиМузичарПејачФлејтист

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПелистерДунавМакедонски претседателски избори, 1994ПечалбариПочваГоран МинчевРомео и ЈулијаТрансверзала (геометрија)Општина НовациКарлес ПуџдемонРимска култураВилијам ШекспирКандидСашко КедевБегалкаПетар ПанПустина (роман)Свети ГеоргиРадовишБајкаИзраелОтворени листиЛозје (книга)Македонски парламентарни избори (2020)Тодор АлександровЉубомир ГајдовСоединети Американски ДржавиМакедонска крвава свадбаЗамок БранЗагрозен видМакедонски претседателски избори (2004)Демократска партија на Србите во МакедонијаРамнокрак триаголникТалофитСрпска напредна странка во МакедонијаХристијан МицкоскиХрватски месециФранцијаВанчо ШехтанскиХазби ЛикаСкратеници во македонскиот јазикРадмила ШекеринскаЗемја (планета)Големи и мали (роман)Андреј ПетровСписок на птици во МакедонијаХристијанствоГевгелијаМерсиха СмаиловиќОпштина КавадарциРајко ЖинзифовПридавки во македонскиот јазикСписок на македонски народни и староградски песниБРИКСЗурла (македонска)Овчи сипанициСписок на политички партии во МакедонијаРазловечко востаниеПрва влада на Никола ГруевскиАвтобиографија (Григор Прличев)ГлаголСојуз на Ромите од МакедонијаНаполеон БонапартОпштина Демир ХисарПолитика на МакедонијаТетовоРибиНадреден знакВеројатностТамбура (македонска)Влада на МакедонијаЗагадувањеКафеОслободителна народна армијаКрешник Бектеши🡆 More