Убивањето На Светиот Елен

„Убивањето на светиот елен“ (англиски: The Killing of a Sacred Deer) — ирско-британски филм од 2017 година, во режија на Јоргос Лантимос (Yorgos Lanthimos), које и автор на сценариото, заедно со Ефтимис Филипу (Efthymis Filippou), засновано врз трагедијата на Еврипид, „Ифигенија во Авлида“.

Главните улоги ги играат: Никол Кидман, Колин Фарел, Бери Коуган (Barry Keoghan) и и Рафи Касиди (Raffey Cassidy). На Канскиот фестивал, филмот ја освоил наградата за најдобро сценарио.

Синопсис

Д-р Ствен Марфи (го игра Фарел) е ценет кардиохирург кој има идиличен семеен живот. По смртта на еден негов пациент, д-р Марфи се зближува со неговиот син Мартин (го игра Коуган). Тие си разменуваат подароци, а во една прилика д-р Марфи го кани Мартин дома, каде во него се вљубува ќерката на докторот. Наеднаш, без никаква причина, синот на д-р Марфи се парализира. Тогаш, Мартин му кажува на докторот дека го смета за одговорен за смртта на татко му и поради тоа ќе му се одмазди така што ќе ги убие сите членови на неговото семејство. И навистина, набргу, и ќерката на д-р Марфи се парализира. Лекарскиот тим не може да ја утврди причината за необичната болест на децата. Докторот ѝ кажува на својата сопруга, која открива дека д-р Марфи бил виновен за смртта на Мартин зашто бил пијан за време на оперцијата. За да ја спречи смртта на децата, докторот го киднапира Мартин и почнува да го мачи, но неговата сопруга го ослободува. Најпосле, кога станува јасно дека синот ќе умре, д-р Марфи одлучува да ја спречи трагедијата: Тој го убива својот син и со тоа се прекинува проклетството, а неговата ќерка оздравува. Во последната сцена на филмот, семејството Марфи јаде во една кафетерија. Таму влегува Мартин и тогаш семејството Марфи ја напушта кафетеријата при што ќерката на докторот и Мартин цело време гледаат еден во друг.

Наводи

Tags:

АнглискиЕврипидКански филмски фестивалНикол КидманРежијаСценариоТрагедијаФилм

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски претседателски избори (2019)БакрописПерунАлгоритамИлијадаХристо ТатарчевСписок на змии во МакедонијаГепардОпераВојдан ЧернодринскиКучеРомул и РемБелградАнтонимПретседател на МакедонијаГоце ТодоровскиСкопски аквадуктРакометВесна Мојсова-ЧепишевскаДеценијаРоботикаЈосип Броз-ТитоСан МариноСписок на реки во МакедонијаАвстријаАнета МицевскаТоплинаТом СоерДијагоналаОдбрани раскази (книга од Димитар Солев)МилениумФудбалска репрезентација на МакедонијаМакедонска преродбаВиенаКуранШизофренијаЕвгениј ОнегинКочаниМакедонија (регион)ЛимфоцитФлејтаБруто-домашен производВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)СлонОнлајн казиноПензиски системСлово за походот ИгоревСточарствоКоприварка (пеперутка)ЛарингитисПроизвод (математика)Љубен АпостоловНародна носијаСписок на македонски писателиСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаФранц МаркЧовечко телоДомашно говедоЃорче ПетровЈодидЧорбаџи ТеодосГане ТодоровскиДекарЗатемнување на СонцетоЖивотна срединаФернандо МагеланВооружена престрелка во Куманово (2015)КокошкаОливера НиколоваПраисторијаОпштина Гази БабаСонБлаже КонескиУнгаријаСписок на повикувачки броеви на земјитеНародна Република КинаМакедонско востаниеАнастас Коцарев🡆 More