Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно

Матична статија: Тенис на Летните олимписки игри 2020.

Тенискиот турнир во женска поединечна конкуренција на Летните олимписки игри 2020 во Токио се одржал од 24 до 31 јули во Аријаке Колосеум. Учествувале 64 натпреварувачки од 35 земји.

Тенис - Жени поединечно
на Летните олимписки игри 2020
Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно
МестоАријаке Колосеум, Токио
Денови24–31 јули 2021
Натпреварувачи64 од 35 земји
Медалисти
Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно Белинда Бенчиќ Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно Швајцарија
Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно Маркета Вондроушова Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно Чешка
Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно Елина Свитолина Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно Украина
← 2016
2024 →

Моника Пуиг од Порторико била бранител на титулата од претходното издание, но се повлекла од овој турнир поради повреда.

Во финалето на турнирот играле Белинда Бенчиќ и Маркета Вондроушова. Бенчиќ го освоила златниот медал совладувајќи ја Вондроушова во три сета (7-5, 2-6, 6-3). Сребрениот медал го освоила Вондроушова, а бронзениот Елина Свитолина, која во натпреварот за бронзата ја победила Елена Рибакина со 1-6, 7-6, 6-4.

Општо

Ова било 14-тото издание (на кое се доделуваат медали) на олимпискиот тениски турнир во женска поединечна конкуренција. Турниот во женска поединечна конкуренција се одржал само еднаш за време на првите три Летни олимписки игри (во 1896 и 1904 година се играло само машки тенис), но се одржувал на секоја Олимпијада на која имало тениски турнир од 1908 година. Тенисот не бил застапен во олимписката програма во периодот 1928-1984 година, иако имало два демонстративни турнири во 1968 и 1984 година на нив не се доделувале медали за тенис.

Од осумте четвртфиналисти на игрите во 2016 година, повратнички на овој турнир се носителката на бронзениот медал Петра Квитова од Чешка и четвртфиналиските Елина Свитолина од Украина и Лаура Зигемунд од Германија. Меѓу тенисерките кои настапиле на турнирот се светскиот рекет број 1 Ешли Барти од Австралија, светскиот рекет број 2 Наоми Осака од Јапонија и светскиот рекет број 3 Арина Сабаленка од Белорусија. Четири тенисерки од најдобрите 10 играчи се повлекле од олимпискиот турнир: Софија Кенин, Симона Халеп, Серена Вилијамс и Бјанка Андрееску.

Ова е прв олимписки турнир од игрите 1996 на кој не учествувале сестрите Вилијамс, откако Серена се повлекла поради семејни проблеми додека Венус не била избрана меѓу четирите тенисерки кои ги претставувале САД.

За првпат во историјата на олимписките тениски турнири Египет имале претставник во женска поединечна конкуренција. Франција од друга страна го имала својот 13-ти настап, најмногу меѓу земјите, пропуштајќи ги само игрите во Лондон во 1908 година (кога се натпреварувале само британски играчи).

Квалификации

Секој Национален олимписки комитет (НОК) може да пријави четири тенисерки, со правилото донесено уште за време на игрите 2000 година. Квалификациите за женска поединечна конкуренција првенствено се врз основа на ВТА ранг листата објавена на 14 јуни 2021 година. Дополнително ограничување е тоа што тенисерките требало да биле во минатото дел од три натпревари во Били Џин Кинг купот во периодот помеѓу 2017 и 2020 година (со некои исклучоци). Ждребот за женскиот сингл турнир се состои од 64 играчи, а од нив 56 (рангирани од 1 до 56 место) добиваат право на учество преку ВТА листата.

Од преостанатите места, шест се достапни за играчи кои се квалификувале преку континентални квалификации: четири преку континентални турнири (две во Пан Американските игри 2019, едно од Азиските игри 2018 и едно од Африканските игри 2019 и два преку светско рангирање со ограничен континент (по еден за Европа и Океанија, кои мора да доаѓаат од НОК без други квалификувани конкуренти). Четирите места на континенталниот турнир имаат предност пред светскиот пласман, па затоа победниците (Надја Подороска, Вероника Сепеде Ројг, Мајар Шериф и Ванг Кјанг) не се бројат во оние 56 од ВТА листата (но се бројат во четири по земја).

Преглед

Прво коло

Турнирот започнал во сабота на 24 јули 2021, а првите натпревари започнале во 11:00 часот по јапонско време (04:00 по македонско време). На програмата биле натпреварите од првото коло, а првиот ден поминал мирно без поголеми изненадувања со сигурни победи за фаворитките. Првата пречка успешно ја минале победничката на Ролан Гарос 2020 и шеста носителка Ига Швјонтек од Полска која со 6-2, 6-2 била подобра од Мона Бартел од Германија како и победничката на Ролан Гарос 2021 и осма носителка, Барбора Крејчикова, на која при нејзино водство од 5-2 во првиот сет нејзината противничка Зарина Дијас од Казахстан и го предала натпреварот. Во текот на првиот ден понатаму минале и Анастасија Павлиученкова (6-0, 6-1 против Сара Ерани), Елена Рибакина (6-4, 6-2 против Саманта Стосур), Марија Сакари (7-5, 6-2 против Анет Контевеит) и Паула Бадоса (6-7, 6-3, 6-0 против Кристина Младеновиќ).

Првото големо изнеднадување се случило на вториот натпреварувачки ден: првата светска тенисерка и победник на пред само две недели завршениот Вимблдон, Ешли Барти од Австралија, била поразена од шпанската тенисерка рангирана на 48-мото место на ВТА листата, Сара Сорибес Тормо со 6-4, 6-3. Вториот светски рекет и втора носителка, домашната тенисерка Наоми Осака, остварила победа над Женг Саисаи од Кина и се пласирала во второто коло. Во текот на вториот натпреварувачки ден победи во првото коло и пласман понатаму обезбедиле третата носителка Арина Сабаленка (6-2, 6-1 против Магда Линет), четвртата носителка Елина Свитолина (6-3, 5-7, 6-4 против Лаура Зигмунд), петтата носителка Каролина Плишкова (6-1, 6-3 против Ализе Корне) и седмата носителка Гарбиње Мугуруса (7-5, 7-5 против Вероника Кудерметова). Турнирот завршил и за дванаесеттата носителка, Елис Мертенс од Белгија, која во три сета била поразена од Екатерина Александрова (4-6, 6-4, 6-4).

Второ коло

Сите натпревари од второто коло се одиграле во понеделник на 26 јули. Најголемото изненадување во оваа рунда го приредила хрватката Дона Векиќ која во три сета (по сетови 6-4, 3-6 и 7-6) ја елиминирала третата носителка Арина Сабаленка од Белорусија. Втората највиоско рангирана тенисерка која била елиминирана во оваа рунда била шестата носителка Ига Швјонтек која загубила од Паула Бадоса од Шпанија со 6-3, 7-6. Турнирот, исто така, завршил и за десеттата носителка Петра Квитова која загубила од Алисон Ван Ујтванк иако го добила првиот сет (7-5, 3-6, 0-6).

Највисоко рангираната тенисерка од преостанатите во ждребот, домашната надеж и втора носителка Наоми Осака успешно ја минала втората рунда со победа од 6-3, 6-2 над Викторија Голубиќ од Швајцарија. Во третото коло се пласирала и четвртата носителка Елина Свитолина од Украина која остварила тешка победа над Ајла Томљановиќ од Австралија, совладувајќи ја со 4-6, 6-4, 6-4. Слично како и Свитолина, така и петтата носителка Каролина Плишкова од Чешка до следната рунда дошла во три сета по победата над Карла Суарес Наваро од Шпанија. Пласман во третата рунда од носителките уште обезбедиле седмата Гарбиње Мугуруса, осмата Барбора Крејчикова, деветтата Белинда Бенчиќ, тринаесеттата Анастасија Павлиученкова, четиринаесеттата Марија Сакари и петнаесеттата Елена Рибакина.

Трето коло

Најголемата сензација во третото коло се случила кога чешката тенисерка Маркета Вондроушова (42. на ВТА-листата) ја елиминирала четирикратната Гренд Слем шампионка и втора носителка на овој турнир Наоми Осака. Осака, најголемата надеж на земјата-домаќин Јапонија за освојување на медал, очајно лошо го почнала натпреварот, а Вондрушова го искористила тоа и набрзина го добила првиот сет со 6-1. Јапонката потоа повела со 2-0 во вториот сет, но чешката тенисерка направила пресврт и победила со 6-1, 6-4, за ново големо изненадување. Со овој успех Вондроушова закажала пресметка во четвртфиналето со шпанската тенисерка Паула Бадоса, која освен на самиот крај кога ја искористила дури шестата меч-топка немала поголеми проблеми со Надја Подороска од Аргентина; славела победа 6-2, 6-3.

На четвртата носителка Елина Свитолина и требало три сета за со пресврт да ја елиминира Марија Сакари со 5-7, 6-3, 6-4. Сигурни и брзи победи во третото коло оствариле уште и седмата носителка Гарбиње Мугуруса која била подобра од Алисон Ван Ујтванк со 6-4, 6-1, тринаесеттата носителка Анастасија Павлиученкова која ја победила Сара Сорибес Тормо со 6-1, 6-3 и шестнаесеттата носителка Елена Рибакина која ја елиминирала Дона Векиќ со 7-6 и 6-4. Турнирот завршил и за петтата носителка Каролина Плишкова која загубила од Камила Џорџи од Италија, а во двобојот на осмата и деветтата носителка, поуспешна била Белинда Бенчиќ која во три сета ја елиминирала Барбора Крејчикова со 1-6, 6-2, 6-3.

Четвртфинале

Во првиот натпревар од четвртфиналето, четвртата носителка и највисоко рангираната преостаната тенисерка во ждребот Елина Свитолина ја совладала Камила Џорџи со 6-4, 6-4 и го задржала олимпискиот сон за освојување на некоја од медалите пласирајќи се во полуфиналето. Нејзината противничка била позната по одигрувањето на вториот натпревар меѓу тенисерките кои не биле носителки Паула Бадоса и Маркета Вондроушова; Бадоса подобро го започнала натпреварот и прва дошла до брејк водејќи со 3-1 во првиот сет, но Вондроушова се опоравила со серија од 5 гема за да го добие првиот сет со 3-6. Се чинело дека слабата игра на Бадоса во завршницата од сетот била резултат на тешките услови за игра кои на крајот ја приморале да го предаде натпреварот откако претрпела топлотен удар, што уште повеќе ги зголемило критиките кон организаторите на турнирот заради ужасно тешките услови за игра.

Во третото четвртфинале, деветтата носителка Белинда Бенчиќ ја победила тринаесеттата носителка Анастасија Павлиученкова со 6-0, 3-6, 6-3 во најнеизвесното четвртфинале и се изборила за полуфинален натпревар против петнаесеттата носителка Елена Рибакина, која во два сета ја елиминирала седмата носителка Гарбиње Мугуруса со 7-5, 6-1.

Полуфинале

Во првото полуфинале играле Белинда Бенчиќ и Елена Рибакина. Во првиот сет биле виден многу брејкови, а последниот кога при резултат 5-3 Рибакина сервирала за сет, а Бенчиќ успеала да освои гем на сервис на противничката и да се врати резултатски во сетот. Во продолжение немало брејк па после резултат 6-6 се играло тајбрејк кој го добила Бенчиќ и повела со 1-0 во сетови. Во вториот сет Бенчиќ имала бреј предност, но овојпат Рибакина успеала да се врати и со уште еден брејк да го добие вториот сет со 6-4. Многу брејкови имало и во третиот одлучувачки сет, но еден повеќе направила Бенчиќ што и овозможило на швајцарката да се пласира во финалето победувајќи со 7-6, 4-6, 6-3.

Вторто полуфинале меѓу Елина Свитолина и Маркета Вондроушова започнало изедначено до резултат 2-2, а потоа Вондроушова добила четири од следните пет гема за да го добие првиот сет во своја корист со резултат 6-3. Нејзината серија од пет гемови по ред била прекината при нејзино водство од 3-0 во вториот сет кога Свитолина освоила гем на свој сервис за да намали на 3-1. Сепак, тоа било се од украинската тенисерка во овој натпревар, затоа што со нова серија од три гема по ред Вондроушова го добила вториот сет со 6-1 и го решила мечот во своја корист со 6-3, 6-1.

Натпревар за бронзен медал

Во натпреварот за бронзениот медал Свитолина ја победила Рибакина, за прв медал за Украина во тенис на Летните олимписки игри. Првиот сет убедливо и припаднал на Рибакина со 6-1, а тенисерката од Казахстан на двапати имала брејк предност и во вториот, но не успеала да ја задржи предноста. Така, во вториот сет се играл тај-брејк, кој на крајот го добила Свитолина со 7-5 и изедначила на 1-1 во сетови. Во третиот одлучуваки сет повторно подобро отворила Рибакина и повела со 4-1 (со еден брејк предност), но уште еднаш не ја задржала предноста и со серија од пет гема по ред Свитолина се вратила и го добила третиот сет за освојување на бронзата (1-6, 7-6, 6-4).

Натпревар за златен медал

Во натпреварот за златниот медал играле Белинда Бенчиќ и Маркета Вондроушова. Првиот сет го добила Бенчиќ откако успеала да направи брејк при резултат 6-5 и да го добие првиот сет со 7-5. Вондроушова возвратила во вториот сет добивајќи го со убедливи 6-2 за да се избори за трет одлучувачки. Третиот сет започнал со серија на брејкови на двете страни, а одлучувачкиот момент се случил при резултат 4-3 за Бенчиќ кога швајцарската тенисерка направила нов брејк и потоа во следниот гем сервирала за победа пришто ја искористила втората меч топка откако претходно спасила три брејк шанси за Вондроушова. Така, Белинда Бенчиќ победила во овој натпревар со 7-5, 2-6 и 6-3 и го освоила златниот медал.

Тоа бил прв златен медал за Швајцарија во женска поединечна конкуренција, вкупно трети во тенис (по Марк Росе во 1992 во машка поединечна конкуренција и Роџер Федерер и Станислас Вавринка во 2008 во машки двојки). За Чешка пак, ова бил најсјајниот медал во женска поединечна конкуренција во историјата земјата (по распадот на Чехословачка), откако претходно имале само два бронзени медали освоени од Јана Новотна во 1996 и од Петра Квитова во 2016.

Интересно е тоа што, Бенчиќ играјќи во пар со Викторија Голубиќ на овие игри освоила уште еден медал, сребрениот во женски двојки. Во уште едно швајцарско-чешко финале Бенчиќ и Голубиќ загубиле од Барбора Крејчикова и Катержина Синиакова

Распоред

Турнирот ќе се одигра во текот на 8 дена, од сабота 24 јули до сабота 31 јули. Долу прикажаните времиња се на почеток на тениски сесии, иако натпреварите во женска поединечна конкуренција делат терени со други тениски конкуренции.

јули
24 25 26 27 28 29 30 31
11:00 11:00 11:00 11:00 11:00 11:00 12:00
Прво коло Второ коло Трето коло Четвртфинале Полуфинале Натпревар за бронзен медал
Натпревар за златен медал

Сите времиња се според Јапонското време (UTC+9)

Носители

    09.   Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Белинда Бенчиќ (SUI)
    10.   Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Петра Квитова (CZE)
    11.   Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Џенифер Брејди (USA)
    12.   Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Елис Мертенс (BEL)
    13.   Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Анастасија Палиученкова (ROC)
    14.   Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Марија Сакари (GRE)
    15.   Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Елена Рибакина (KAZ)
    16.   Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Кики Бертенс (NED)

Ждреб

    Легенда

  • -w/o- = предавање пред натпреварот
    (англиски: Walkover)
  • -r- = предавање во текот на натпреварот
    (англиски: Retired)
  • -d- = дисквалификација во текот на натпреварот
    (англиски: Defaulted)


Завршница на турнирот

  Четвртфинале Полуфинале Финале
                                           
  13  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Анастасија Павлиученкова (ROC) 0 6 3  
9  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Белинда Бенчиќ (SUI) 6 3 6  
  9  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Белинда Бенчиќ (SUI) 77 4 6  
  15  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Елена Рибакина (KAZ) 62 6 3  
15  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Елена Рибакина (KAZ) 7 6
  7  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Гарбиње Мугуруса (ESP) 5 1  
    9  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Белинда Бенчиќ (SUI) 7 2 6    
   Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Маркета Вондроушова (CZE) 5 6 3    
   Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Камила Џорџи (ITA) 4 4  
4  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Елина Свитолина (UKR) 6 6  
4  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Елина Свитолина (UKR) 3 1
   Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Маркета Вондроушова (CZE) 6 6     Натпревар за бронзен медал
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Паула Бадоса (ESP) 3 0r
   Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Маркета Вондроушова (CZE) 6 0     15  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Елена Рибакина (KAZ) 6 65 4
  4  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Елина Свитолина (UKR) 1 77 6

Горна половина на ждребот

Сектор 1

Прво коло   Второ коло   Трето коло   Четвртфинале
1  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Барти (AUS) 4 3  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  С. Сорибес Тормо (ESP) 6 6      Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  С. Сорибес Тормо (ESP) 6 6  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Ф. Феро (FRA) 2 6 6    Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Ф. Феро (FRA) 1 4  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Севастова (LAT) 6 4 2        Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  С. Сорибес Тормо (ESP) 1 3  
ITF  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А-Л Фридсам (GER) 77 6       13  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Павлиученкова (ROC) 6 6  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Х. Вотсон (GBR) 65 3     ITF  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А-Л Фридсам (GER) 1 1
ITF  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  С. Ерани (ITA) 0 1   13  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Павлиученкова (ROC) 6 6  
13  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Павличуенкова (ROC) 6 6       13  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Павлиученкова (ROC) 0 6 3
9  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Б. Бенчиќ (SUI) 6 6       9  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Б. Бенчиќ (SUI) 6 3 6
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Џ. Пегула (USA) 3 3     9  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Б. Бенчиќ (SUI) 6 6  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Дои (JPN) 6 6    Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Дои (JPN) 2 4  
Alt  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Р. Сарасуа (MEX) 3 2       9  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Б. Бенчиќ (SUI) 1 6 6
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  ЛА Фернандес (CAN) 6 3 6       8  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Б. Крејчикова (CZE) 6 2 3  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Д. Јастремска (UKR) 3 6 0      Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  ЛА Фернандес (CAN) 2 4
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  З. Дијас (KAZ) 2r   8  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Б. Крејчикова (CZE) 6 6  
8  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Б. Крејчикова (CZE) 5  

Сектор 2

Прво коло   Второ коло   Трето коло   Четвртфинале
3  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Сабаленка (BLR) 6 6  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Линет (POL) 2 1     3  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Сабаленка (BLR) 4 6 63  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  К. Гарсија (FRA) 2 77 3    Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Д. Векиќ (CRO) 6 3 77  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Д. Векиќ (CRO) 6 62 6        Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Д. Векиќ (CRO) 6 4  
ITF  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Шериф (EGY) 5 61       15  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Рибакина (KAZ) 7 6  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Р. Петерсон (SWE) 7 77      Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Р. Петерсон (SWE) 2 3
ITF  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  С. Стосур (AUS) 4 2   15  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Рибакина (KAZ) 6 6  
15  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Рибакина (KAZ) 6 6       15  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Рибакина (KAZ) 7 6
10  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  П. Квитова (CZE) 6 6       7  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Г. Мугуруса (ESP) 5 1
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Ј. Паолини (ITA) 4 3     10  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  П. Квитова (CZE) 7 3 0  
PR  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  И. Јоровиќ (SRB) 3 2    Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Ван Ујтванк (BEL) 5 6 6  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Ван Ујтванк (BEL) 6 6        Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Ван Ујтванк (BEL) 4 1
ITF  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  В. Сепеде Ројг (PAR) 4 3       7  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Г. Мугуруса (ESP) 6 6  
ITF  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  В. Кјанг (CHN) 6 6     ITF  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  В, Кијанг (CHN) 3 0
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  В. Кудерметова (ROC) 5 5   7  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Г. Мугуруса (ESP) 6 6  
7  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Г. Мугуруса (ESP) 7 7  

Долна половина на ждребот

Сектор 3

Прво коло   Второ коло   Трето коло   Четвртфинале
5  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Ка. Плишкова (CZE) 6 6  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Корне (FRA) 1 3     5  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Ка. Плишкова (CZE) 6 60 6  
PR  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  К. Суарес Наваро (ESP) 6 6   PR  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  К. Суарес Наваро (ESP) 3 77 1  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  О. Џабир (TUN) 4 1       5  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Ка. Плишкова (CZE) 4 2  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Ј. Остапенко (LAT) 4 77 4        Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  К. Џорџи (ITA) 6 6  
PR  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Веснина (ROC) 6 62 6     PR  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Веснина (ROC) 3 1
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  К. Џорџи (ITA) 6 6    Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  К. Џорџи (ITA) 6 6  
11  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Џ. Брејди (USA) 3 2        Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  К. Џорџи (ITA) 4 4
14  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Сакари (GRE) 7 6       4  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Свитолина (UKR) 6 6
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Контавеит (EST) 5 2     14  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Сакари (GRE) 6 6  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Н. Стојановиќ (SRB) 6 6    Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Н. Стојановиќ (SRB) 1 2  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Н. Хибино (JPN) 3 3       14  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Сакари (GRE) 7 3 4
PR  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Ј. Шведова (KAZ) 5 2r       4  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Свитолина (UKR) 5 6 6  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Томљановиќ (AUS) 7 3      Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Томљановиќ (AUS) 6 3 4
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Л. Зигемунд (GER) 3 7 4   4  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Свитолина (UKR) 4 6 6  
4  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Свитолина (UKR) 6 5 6  

Сектор 4

Прво коло   Второ коло   Трето коло   Четвртфинале
6  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  И. Швјонтек (POL) 6 6  
PR  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Бартел (GER) 2 2     6  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  И. Швјонтек (POL) 3 64  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  П. Бадоса (ESP) 64 6 6    Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  П. Бадоса (ESP) 6 77  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  К. Младеновиќ (FRA) 77 3 0        Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  П. Бадоса (ESP) 6 6  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Ј. Путинцева (KAZ) 64 3r       ITF  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Н. Подороска (ARG) 2 3  
ITF  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Н. Подорска (ARG) 77 1     ITF  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Н. Подороска (ARG) 6 6
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Александрова (ROC) 4 6 6    Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Александрова (ROC) 1 3  
12  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Е. Мертенс (BEL) 6 4 4        Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  П. Бадоса (ESP) 3 0r
16  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  К. Бертенс (NED) 4 6 4        Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Вондроушова (CZE) 6 0
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Вондроушова (CZE) 6 3 6      Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Вондроушова (CZE) 6 6  
ITF  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Бузарнеску (ROU) 60 7 6   ITF  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Бузарнеску (ROU) 1 2  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  А. Риск (USA) 77 5 4        Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  М. Вондроушова (CZE) 6 6
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  МК Осорио Серано (COL) 4 1       2  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Н. Осака (JPN) 1 4  
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  В. Голубиќ (SUI) 6 6      Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  В. Голубиќ (SUI) 3 2
 Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  С. Женг (CHN) 1 4   2  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Н. Осака (JPN) 6 6  
2  Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно  Н. Осака (JPN) 6 6  

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Тенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно ОпштоТенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно КвалификацииТенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно ПрегледТенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно РаспоредТенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно НосителиТенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно ЖдребТенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно НаводиТенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени Поединечно Надворешни врскиТенис На Летните Олимписки Игри 2020 - Жени ПоединечноТенис на Летните олимписки игри 2020

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БелградВладо ЧерноземскиПрва влада на Никола ГруевскиТриаголникКрим (полуостров)Дарко ПанчевБолести и аномалии на очитеФејсбукЗаседа Лисец (2001)Павле ВуисиќФудбалска федерација на МакедонијаВелигденСараевоБременостGКалин КаменОхридски рамковен договорТромбоцитопенијаСписок на реки во МакедонијаВанчо ПетрушевскиЗнаме на ГрцијаЏеј РамадановскиStaphylococcus aureusАпостол ПавлеAppleЗоран ВитановМоскополеСедум светски чуда на античкиот светСветско населениеНаум ПетрескиРанченциЗнаме на МакедонијаИлеусКатлановска БањаИшијасStreptococcus pyogenesФК ТетексИлче СтојановскиСлепче (Демирхисарско)ГулабКочаниЕритематозни дерматозиВасил ШишковПанче КараѓозовБудваДевица (хороскопски знак)Коле НеделковскиМеѓународен аеродром СкопјеГрадови во Германија30 априлОче нашСписок на државни знамињаРимДивљеОвчи сипанициБелгијаШпанијаГаличникЕјакулацијаЈасен (резерват)ВејцеБроеви во македонскиот јазикРоберт ПетковскиМиланоЗаздравување на ранаОпштина БеровоНенад СтојановскиЖолчкаГрадски парк (Скопје)Македонско-римски војниГорно КоличаниХоландијаВасил ЗафирчевСтарословенска азбукаПовикувачки броеви во МакедонијаМакедонски народни песниПанкреасЛионел МесиМијата🡆 More