Селевкидски Календар

Селевкидски календар — систем за броење на годините кој се користел во Селевкидското Царство и други земји меѓу старите македонски цивилизации.

Понекогаш се нарекува „владеењето на Селевкидите,“ или пак годината на Александар. Оваа ера започнува со повторното освојување на Вавилон од Селевк I Победникот во 312/11 година п.н.е по неговото протерување во птоломејскиот Египет, ден кој се сметал од страна на Селевк и неговиот двор за почеток на Селевкидското Царство. Според еврејската традиција, ова сметеање на времето започнало од шестата година од владеењето на Александар III Македонски. Воведувањето на новата ера е споменато во еден од Вавилонските летописи, летописот за дијадосите.

Селевкидски Календар
Пример од Кина: сирискиот текст на дното на Стелата Ксијан споменува дека стелата била подигната во „Годината на Грците 1092“ (781 н.е.), во империјалниот главен град Чанган (денешен Сиан).

Селевкидските години се користеле на два различни начини:

  1. Домородното население го користело вавилонскиот календар, во кој новата година е на 1 Нисану (3 април 311 година п.н.е), па така во овој ситем првата година од селевкидката ера се совпаѓа со април 311 година п.н.е и март 310 година п.н.е. овде можат да се споменат и Евреите, кој го нарекувале Ера на договори. Се користел во историската книга на Евреите, сега девтероканонската 1 Макавејци, во 6:20, 7:1, 9:3, 10:1, итн.
  1. Македонскиот двор го прифатил вавилонскиот календар (именувајќи ги со македонски имиња месеците) но новата година биле преместена во есен. Во овој систем 1 година е периодот од есента 312 година п.н.е до крајот на летото 311 година п.н.е. До седмиот век од новата ера/ со век по слевкидскиот календар, западните сириски христијани годината ја сметале од 1 октомври до 30 септември. Евреите пак, секој почеток на селевкидската година го поврзувале си месечевиот месец Тишари.

Овие разлики на почетоците на годините заначело дека истите се разликувале. Според примерот на Бикерман:

    На пример, обновувањето на храмот во Ерусалим од страна на Јуда Макавејски, било околу 15 декември 164 година п.н.е, настанот пак бил во 148 година според еврејските и вавилонските пресметки, но за македонскиот двор настанот бил во 149 година.

Селевкидската ера се користела до крајот на 6 век од новата ера, како на пример во записите на Зебедите во Сирија, од 24 Горпиај 823 гоодина (24 септември, 512 година), а и во записите на Јован Ефески. Сириските летописци продолжиле да го користат сè до Михаил Сириецот во 1100 година/ 1400 година според селевкидскиот календар. Најден е на написите на надгробните спменици на Источната црква во Средна Азија кои се од 14 век од новата ера.

Еврејско-вавилонскиот календар кој се користел од јеменските Евреи до современиот период, продолжил да се користи и при определени ритуали до ден денешен.

Наводи

Библиографија

Tags:

Александар МакедонскиВавилонСелевк I ПобедникотСелевкидско ЦарствоХеленистички период

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Филип ПетровскиМонакоДаниел ДефоВикипедијаКоле НеделковскиВештачка интелигенцијаОпштина Крива ПаланкаЦрн дробЉупчо ЈордановскиМакедонска крвава свадбаГрегоријански календарЗвукБилјана ВанковскаСписок на македонски народни поговоркиЈосип Броз-ТитоРахим БекириНаполеон БонапартСкржавецот (Плавт)Костадин КостадиновДебрцаМакедонски претседателски избори, 1994МоликаРак на белите дробовиПодметНеологизамВодочки манастирХипотироидизамВтора влада на Бранко ЦрвенковскиЉубчо ГеоргиевскиАнгинаДемократски сили на РомитеВикипедија на македонски јазикКорупцијаИзборна единица 8ПечалбариМинистер за здравство на МакедонијаСвети ГеоргиБубрежна инфекцијаБајкаГолемата вода (роман)Сојуз на Ромите од МакедонијаНационален парк МавровоЦрква „Успение на Пресвета Богородица“ - ДебарАлијанса за АлбанцитеИсламКонстантин МиладиновЛокални избори во Македонија (2017)Ѓокица ЛукаревскиАлександар КирацовскиМарија АнтоанетаЉубиша ГеоргиевскиИзраелЉубомир ФрчкоскиШтипДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаВидови аглиСвети Наум Охридски ЧудотворецГласачки системВасил ИљоскиОзонска обвивкаМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаПанкреасЦер (село)Дијалекти на македонскиот јазикСамоилово ЦарствоХристо УзуновСписок на реки во МакедонијаОпштина ПрилепШенка КолозоваВтора влада на Зоран ЗаевДанела АрсовскаМакедонски парламентарни избори, 1990Список на држави по населениеАрбен ЏафериДПАОпштина Кисела ВодаВасил ТупурковскиАнтони Пешев🡆 More