Рустем-Паша

Рустем-паша или Дамат Рустем-паша (османски турски: رستم پاشا; хрватски: Rustem-Paša Opuković — османлиски генерал и политичар од хрватско или српско потекло.

Рустем-Паша Рустем-паша Рустем-Паша
Рустем-Паша
Голем Везир
На должноста
1544–1553
Претходник Хадим Сулејман-паша
Наследник Кара Ахмед-паша
Голем Везир
На должноста
1555–1561
Претходник Кара Ахмед-паша
Наследник Семиз Али-паша
Лични податоци
Роден(а) 1500
Босна
Починал(а) 10 јули 1561
Цариград
Националност хрватско
Професија османлиски државник
Голем везир
Вероисповед ислам

Рустем е роден во Скрадин во католичко семејство од кое бил одземен и однесен во Цариград каде се школувал и изградил голема воена и политичка кариера. Тој бил гувернер на Дијарбакир. Во 1539 година се оженил за ќерката на султанот Сулејман I, Михримах султан.

По пет години тој бил поставен за главен везир. За неговиот политички напредок голема улога имала Рокселана која била мајка на неговата сопруга. Како главна задача на Рустем при назначувањето за Голем везир била намалување на инфлацијата и полнење на државната каса. Според историските извори неговиот однос кон семејството бил доста ладен бидејќи не ги примил по нивното доаѓање во престолнината.

Како Голем везир, тој стекнал огромно богатство. Еден дел од своето богатство го искористил за изградба на јавни згради, џамии и добротворни фондации. Во времето на неговата смрт во Цариград на 10 јули 1561 година, неговиот личен имот вклучувал 815 земји во Румелија и Анадолија, 476 мелници, 1.700 робови, 2.900 воени коњи, 1.106 камили итн.

Рустем-пашина џамија се наоѓа во Еминону, и била изградена во периодот од 1561-1563 година од страна на Мимар Синан.

Рустем-паша се смета дека бил еден од главните виновници за погубувањето на шехзаде Мустафа. По неговата смрт, јаничарите и војниците кои биле на страната на Мустафа протестирале против одлуката на Сулејман, и главно ги обвинувале Рокселана и Рустем-паша. По ова Рустем-паша бил ослободен од позицијата голем везир и бил испратен назад во Истанбул.

Наводи

Политички функции
Претходник
Хадим Сулејман-паша
Голем везир на Отоманското Царство
28 ноември 1544 – 6 октомври 1553
Наследник
Кара Ахмед-паша
Претходник
Кара Ахмед-паша
Голем везир на Отоманското Царство
29 септември 1555 – 10 јули 1561
Наследник
Семиз Али-паша

Tags:

Османски турски јазикХрватски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Свети Климент ОхридскиСообраќаен знакТелефонПчеларствоСписок на пеперутки во МакедонијаНародна Република КинаСписок на кралеви на Античка МакедонијаОгист ШарлоаЅвездена нуклеосинтезаСвети КирилПеколот (Божествена комедија)Вевчански карневалЖолчкаСтарогрчка митологијаВолкБигорски манастирМарко ЦепенковПрост бројКомплет тапаниЛетно сметање на времетоЦар Едип (драма од Софокле)Владо ИлиевскиТуберкулозаКружење на водатаАнгелот на Света СофијаДанте АлигиериЦрн дробМакедонска граматикаГоце ТодоровскиОбединето КралствоДепресија (расположение)Слово за походот ИгоревЛимфоцитГраматички категории на именките во македонскиот јазикТуризамЕзѓан АлиоскиВиенаОпштина Ѓорче ПетровВиницаТом СоерИшијасЕнергијаПресметување на датумот на ВелигденВаско ЃурчиновскиДушан Трпковски - РингоМакедонска крвава свадбаВатиканСтрептококен фарингитисСузана ГавазоваМеморија (музичка група)Ристо СамарџиевРок-музикаНародна носијаРимАтомНегушко востаниеДелењеБоров четникМесопотамијаАбортусДаме ГруевЕстрогенСтопанска банка АД СкопјеНикола КаревПрилепско КралствоДаниел ДефоСкопски аквадуктЦрноризец ХрабарДекарЧешкаСтобиБаза (хемија)Повикувачки броеви во МакедонијаДислексијаСветски чудаБургравиТакахиро ОгихараКлаксвик🡆 More