Розамунд Пајк

Розамунд Мери Елен Пајк (родена на 27 јануари 1979 г.) е англиска глумица.

Розамунд Пајк
Розамунд Пајк
Пајк на фестивалот во Торонто во 2010
Роден(а)27 јануари 1979(1979-01-27)(45 г.)
Лондон, Обединето Кралство
Занимањеглумица
Активен период1998–сè уште
ПартнерРоби Унијаки (2009–)
Деца2

Таа ѝ станала позната на светската јавност по улогата на бонд девојката Миранда Фрост во филмот Умри некој друг ден од 2002 година. Тоа била нејзина прва филмска улога за која ја добила наградата Емпајер за најдобра нова глумица. Пајк потоа играла во филмот Гордост и предрасуда (2005) кој бил адаптација на истоимениот роман на Џејн Остин и во драмата Неодолив развратник (2004), за која ја освоила британската независна награда за најдобра глумица во споредна улога. Улогите во филмовите Образование (2009) и Произведено во Дагенхам (2010) и донеле уште две номинации за истата награда. Таа исто така настапила во блокбастерите Џони Инглиш: Повторно роден (2011), Гнев на титаните и Џек Ричер (2012).

Нејзина најзначајна улога во досегашната кариера е улогата на Ејми Елиот-Дан во трилерот Исчезната на Дејвид Финчер од 2014 година, која и донела многу награди од здруженијата на филмски критичари како и номинции за Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобра глумица.

Ран живот

Пајк е родена во Лондон како единствено дете на оперските пејачи Каролина и Џулијан Пајк. Таткото на Пајк моментално е професор по музика и раководител на оперските студии на Бирмингемскиот конзерваториум.

Поради оперските кариери на своите родители, таа до својата седма година постојано патувала со нив низ Европа. Пајк добила стипендија за училиштето Бадминтон во Бристол, и додека ја глумела Јулија во театарската претстава Ромео и Јулија во Националниот младински театар, била забележана од агент кој и помогнал да ја започне својата професионална кариера.

Откако била одбиена од многу драмски училишта, таа се запишала на студии по Англиска книжевност на колеџот Ведхем во Оксфорд, на кои дипломирала во 2001 година.

Личен живот

Покрај англискиот јазик, Пајк течно ги зборува и германскиот и францускиот јазик. Таа знае да свири на виолончело.

Додека живеела во Оксфорд, Пајк била во врска со глумецот Сајмон Вудс која траела две години. И покрај нивното прекинување на врската, тие глумеле љубовници во филмот Гордост и предрасуда. Во август 2007 година, Пајк се верила со режисерот Џо Рајт со кој започнала врска на снимањето на Гордост и предрасуда, кој бил режисиран од негова страна. Нивната свадба била планирана за мај 2008 година, но тој ја откажал свадбата и парот се разделил. Од декември 2009 година, таа е во врска со Роби Унијаки, математички истражувач. Тие имаат два сина, Соло (роден на 6 мај 2012 г.) и Атом (роден на 2 декември 2014 г.).

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Розамунд Пајк Ран животРозамунд Пајк Личен животРозамунд Пајк НаводиРозамунд Пајк Надворешни врскиРозамунд Пајк

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Уставен суд на МакедонијаРисто КрлеАвтоимуна болестГлаголХамлетИталијаДесница (политика)Миле ЗечевиќОпштина ДојранЕмил ДимитриевПајак (пејач)Список на змии во МакедонијаЈордан МијалковЛеќаЕпилепсијаЉупчо ДимовскиЛевица (политика)Споменик „Илинден“СоцијалдемократијаЈаглехидратКандидДеменцијаМладотурска револуцијаЛокални избори во Македонија (2009)Масакр кај КарпалакБорис ТрајковскиПеколот (Божествена комедија)О писменехБубамариМовПетар Поп АрсовКафеава мечкаБисера Костадиновска-СтојчевскаЗемји членки на Европската УнијаСедум (филм)ПанкреасНародна Република МакедонијаЅвезда од КутлешРеферендум во Македонија (2004)Исус ХристосМијациИшијасНикола ГруевскиВласиВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Шармери од осмоАзијаОпштина ЧаирДанела АрсовскаСписок на претседатели на САДБолести и аномалии на очитеМултипла склерозаПсихологија на личностаДесет Божји заповедиГостиварГаличникМакедонски претседателски избори, 2004Црвени крвни зрнцаНикола КљусевСрпска странка во МакедонијаСписок на држави и територии во ЕвропаСашо МијалковФосилБелградАли АхметиШвајцаријаШар ПланинаНационалсоцијализамБета-таласемијаИлче СтојановскиСписок на македонски зборови од турско потеклоЛибанНикола ТодоровТоме АрсовскиХлорамфениколОпштина ОхридЃорге ИвановРомео и Јулија🡆 More