Скопска Населба Пролет: населба во Скопје

Пролет е населба во Скопје која се наоѓа во Општина Центар, поточно помеѓу Новата железничка станица, Феријален дом, Тутунски комбинат и Булевар Кузман Јосифовски Питу.

На север граничи со Маџир Маало, на југ со Кисела вода, на исток со Мичурин, а на запад со Ново Маало. Таа е најмалата скопска населба која потекнува уште пред скопскиот земјотрес, изградена во 1947 година како прва станбена населба по Втората светска војна. Има едно основно училиште (ОУ „11 Октомври“), средно училиште (СУ „Раде Јовчевски Корчагин“), балон за мал фудбал „11 Октомври“, познатите ресторани „Кај Злате“, полициската станица „Пролет“, центарот за јавно здравје, поликлиника МВР.

Настани

Вечерта пред Бадник, во населбата Пролет традиционално секоја година се пали бадников оган. Во 2001 година е почнато снимањето на телевизиската серија "Наше маало" во населба Пролет.

Спорт

Ракометниот клуб „Пролет“ моментално настапува во Вип Супер Машката ракометна лига. Своите натпревари ги игра во салата „Македонско сонце“ изградена во 2012 година во дворот на ОУ „11 Октомври“. Пред тоа, клубот своите натпревари како домаќин ги играл во салите „Расадник“ во Кисела Вода и „Автокоманда“ во истоимената населба. Порано, Пролет настапувал на отвореното игралиште кое денес не постои, а се наоѓало до Железничката станица. Спонзор на тимот е Тинекс.

Познато е соперништвото помеѓу РК Пролет и РК Југ од соседната населба Мичурин.

Tags:

Втора светска војнаЖелезничка станица - СкопјеМаџир МаалоМичуринНово МаалоОУ „11 Октомври“ - ЦентарОпштина Кисела ВодаОпштина ЦентарСУ „Раде Јовчевски Корчагин“ - СкопјеСкопски земјотресСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ТирПанонски легендиДемократијаЛокални избори во Македонија (2017)Роднински односиСписок на македонски филмовиСтар заветМакедонски претседателски избори (2024)Матичен млечВтора светска војнаОпштина ДебарДобовјаниДемир ХисарЧовечки скелетИзет МеџитиБолести и аномалии на очитеРајко ЖинзифовКорозијаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотМакедонски парламентарни избори, 2011Рак на дојкаСписок на државни знамињаСписок на држави по населениеЧасовен појасКокошкаОпштина ИлинденДелењеЦветнициХидроксидБукурешки договор (1913)ВртоглавицаПолитички системНиколај ГогољВоен конфликт во Македонија (2001)Кога тргнав ЦветоВевчаниХемиска индустријаХрватскаКавказБошко СмаќоскиСтарословенска азбукаСтрофаДислексијаКуранКралот ЛирПреспански договорКирил ЛазаровКатерина ТаневаКомпасЗаграчаниИнтернетКрвСписок на повикувачки броеви на земјитеСидОпштина КумановоЕгипетМакедонски парламентарни избори, 2006Евгениј ОнегинВладимир АнгеловскиДајреЧовечко телоЕп за ГилгамешХананШвајцаријаБудизамЗатемнување на СонцетоГамеланТелевизијаДраган МијалковскиМакедонски претседателски избори (2019)Десет Божји заповедиФолклорЈоаким КрчовскиЛоковКорупцијаБезово🡆 More