Ново Конско или Ново Коњско (до 1973 г.
наречено Горничет) — новосоздадено село во Општина Гевгелија, во околината на градот Гевгелија.
Ново Конско Ново Коњско | |
Новоизградената црква „Св. Димитриј“ над селото | |
Ново Конско на карта | |
Координати 41°12′N 22°24′E / 41.200° СГШ; 22.400° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Гевгелија |
Област | Бојмија |
Население | 168 жит. (поп. 2021)
|
Пошт. бр. | 1480 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 06005 |
Надм. вис. | 133 м |
Ново Конско на општинската карта Атарот на Ново Конско во рамките на општината | |
Ново Конско на Ризницата |
Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во средишниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Ова новосоздадено село е сместено северозападно од градот Гевгелија, на патот којшто води кон селото Конско.
За селото не се водело посебна катастарска евиденција.
Подрачјето на Ново Конско е населено уште од доцната антика, за што сведочат повеќе повеќе наоѓалишта околу селото.
Во XIX век, Горничет било целосно турско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
До 1973 година, името на селото било Горничет, кое било променето во сегашното.
Селото има полјоделско-сточарска функција.
Во Ново Конско развиено е полјоделството (домати, краставици, винова лоза итн.) и сточарството.
Стопанството, но и целото село, трпи големи загуби од елементарните непогоди — се случува надојдената вода од поплавите да ги однесе пластениците, да дојде до прекин на водоснабдувањето, рушење на мостовите кон регионалните патишта итн.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горничет имало 1.100 жители, сите Турци.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 25 до 50 Грци.
Во 1971 година селото броело 219 жители, додека во 1994 година имало 145 жители, од кои 141 Македонец и 4 Срби.
Според пописот од 2002 година, во селото Ново Конско имало 136 жители, од кои 134 Македонци и 2 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 168 жители, од кои 155 Македонци, 1 Албанец, 1 Србин, 2 останати и 9 лица без податоци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.100 | — | 236 | 298 | 279 | 224 | 219 | 147 | 145 | 136 | 168 |
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Горничет, во која влегувале селата Горничет, Конско, Моин и Ума.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Гевгелиска градска општина, во која покрај селото Конско се наоѓале градот Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин, Мрзенци и Ума.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во селото постои избирачкото место бр. 354 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на младински дом. Во ова избирачко место е опфатено и селото Конско.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 111 гласачи.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Ново Конско, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.