Нина Спирова

Нина Спирова (Прилеп, 26 октомври 1938 — Србија, 11 септември 2020) — една од најпознатите македонски пејачки на староградска и народна музика на сите времиња.

Со нејзиниот милозвучен и моќен глас остави трајни вредности, музички записи на неколку забавни мелодии кои станаа евергрини, како и на бројни бисери на староградската македонска музика.

Нина Спирова
Нина Спирова
Животописни податоци
Роден(а)26 октомври 1938
ПотеклоПрилеп, Македонија
Починал(а)11 септември 2020 (81)
ЖанровиМакедонска народна музика, Македонска староградска музика, Македонска забавна музика
Инструментипејачка

Таа има исполнето и снимено голем број познати музички хитови, од страна на светски аранжери како и голем број на обработки на македонски народни песни. Ќе останат како трајни вредности нејзините интерпретации на „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди, зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“, ,,Еден бакнеж", ,,Молчи, молчи" и многу други.

Скромна, ненаметлива, повлечена, насмеана,со многу малку, речиси ништо познато од нејзиниот приватен живот, со однесување несвојствено за пејачка која претставува ѕвезда од конкретниот калибар. Спирова засекогаш се повлече од естрадната сцена во почетокот на 80-тите години и веќе претставува дел од македонското музичкото минато.

Кариера

Според нејзините почитувачи, но и музичките стручњаци, главен белег има оставено пеејќи ја македонската народна, но и староградската песна. Има учествувано на првите изданија на Скопскиот фестивал, а има соработувано со најпознатите македонски автори, композитори и музички аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски - Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и многу други. Има снимено над 80 композиции само за музичката продукција на МРТВ, од кој поголемиот број се хитовите: „Молчи, молчи“, „Еден бакнеж“, „Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“ итн.

Има снимено сингл плочи на српскохрватски јазик, додека забележителен настап имала на фестивалот "Белградска пролет' ("Београдско пролеће") во 1964 година, со песната „Бела хризантема“.

Како еден од вечните евергрини, кои ќе останат да не асоцираат на прекрасното минато претставува и хитот „Еден бакнеж“ во придружба на Македонската Филхармонија. Безвременска песна која има учествувано на фестивалот „Опатија“ во 1962 година и се има закитено со првата награда.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

11 септември1938202026 октомвриНародна музикаПрилепСрбија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Арбен ТаравариДелчевоАндреј ПетровВлада на Љубчо ГеоргиевскиИсторија на македонскиот народДемократска партија на Србите во МакедонијаВелигденски јајцаСписок на реки во МакедонијаЗагадување на воздухотЕрих КестнерДесница (политика)Глас за МакедонијаПрилепПреспански договорМоликаЈудаизамБошко СмаќоскиРевизор (комедија)РастенијаСДСМКостадин КостадиновОпштина АеродромВлада на Талат ЏафериШтипЛокални избори во Македонија (2000)Македонски ораМакедонски парламентарни избори, 1994Референдум во Македонија (1991)БактерииЕден на еденИзборна единица 5Загадување на водатаГрад СкопјеУДБАЛиберална партија на МакедонијаЗНАМЛокални избори во Македонија (2009)Римско ЦарствоШар ПланинаБРИКСМакедонски парламентарни избори (1986)Македонски претседателски избори (1994)Воен конфликт во Македонија, 2001ОрелПресметување на датумот на ВелигденСвети Кирил и МетодијЈоаким КрчовскиНародна Република КинаВеројатностСписок на градови во ГерманијаТурпијаМакедонски хумористични народни приказни (книга)Струјно колоНина Атанасова-ШкрињариќЕгипетМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Камен мост (Скопје)БугаријаСипанициТромбоцитопенијаОбединети за МакедонијаРадовишАвангардаТрета влада на Никола ГруевскиОпштина ГостиварШишман АнгеловскиВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Министерство за животна средина и просторно планирањеИсусово воскресениеБели мугриПаркинсонова болестГзим ОстрениБојан ЈовановскиРак на желудникЈужна ЕвропаНационални паркови во МакедонијаОпштина Тетово🡆 More