Неранимајковци

Неранимајковци (англиски: Superbad) — американска младешка комедија од 2007 г., во режија на Грег Мотола, со Џона Хил и Мајкл Сера во главните улоги.

Сценариото било на Сет Роген и Еван Голдберг, кои почнале да го пишуваат кога и двајцата имале 13 години, а на 15 години веќе го завршиле првиот нацрт. Имињата на главните ликови се исти како и имињата на Роген и Голдберг.

„Неранимајковци“
Неранимајковци
Плакатот на филмот
РежисерГрег Мотола
Продуцент
  • Џад Апатоу
  • Шона Робертсон
Сценарист
  • Сет Роген
  • Еван Голдберг
Главни улоги
  • Џона Хил
  • Мајкл Сера
  • Кристофер Минц-Плас
  • Сет Роген
  • Бил Хејдер
МузикаЛајл Воркмен
КинематографијаРус Олсобрук
МонтажаВилијам Кер
Студио
  • Columbia Pictures
  • The Apatow Company
ДистрибутерSony Pictures Releasing
Премиера13 август 2007 г. (Grauman's Chinese Theatre)
17 август 2007 г.
Времетраење113 минути
ЗемјаНеранимајковци САД
Јазиканглиски
Буџет17,5 — 20 милиони долари
Бруто заработка170,8 милиони долари

Содржина

Сет и Еван се двајца откачени средношколци што се пријатели уште од детството. На училиште се понижувани, а само сонуваат за внимание од девојките. Наскоро ќе дипломираат и ќе студираат на факултет — итно треба да ја подобрат нивната положба во очите на нежниот пол. По часот по домашна економија, на кој Сет работи заедно со убавата Џулс, момчето станува посмело и започнува разговор со неа. Излегува дека Џулс ќе организира забава. Еван, исто така, собира смелост и ја поканува својата сакана Бека на забавата. Момците им ветуваат на девојките дека проблемот со алкохолот ќе го преземат на себе.

Фогел, соученик на Сет и Еван и колега „откаченик“, признава дека набавил лажни документи и може да купи алкохол во продавница. Во документите на Фогел тој е наведен како „Меклавин“ (англ. McLovin). Немирен од страв, Фогел оди да купи алкохол, но токму во тој миг продавницата е ограбена и Фогел добива удар во главата од злосторникот. Продавачката се јавува во полиција. Стоејќи надвор, Сет и Еван се уверени дека нивниот другар е фатен со лажни документи. Сепак, полицајците Слејтер и Мајклс се покажуваат мирољубиви и му нудат на Фегел возење до забавата. Сет, панично бегајќи од продавницата, го удира кола. Му паѓа на памет да го уценува возачот, кој е на условен отпуст. Сет го принудува возачот да им земе повеќе алкохол, инаку ќе се јави во полиција. Возачот ги носи на друга забава каде што можат да добијат алкохол. Сет и Еван крадат алкохол, го истураат во канти што ќе ги најдат и бегаат.

Во меѓувреме, Слејтер и Мајклс му даваат на Фогел возење со службено возило. Додека се на должност пијат алкохол, пеат и пукаат на сите страни. Во тој миг, Сет и Еван бегаат од забавата и Сет повторно го удира кола — само, овој пат е полициското возило во кое се возел Фогел. Момците успеваат да избегаат и да стигнат до забавата на Џулс со алкохолот недопрен. На забавата, приказните на момците за полицијата и престрелката создаваат возбуда, а момците го бараат вниманието на поднапиените девојки. Сет се обидува да ја бакне Џулс, но таа се спротивставува. Сет се онесвестува од пиење и, паѓајќи, случајно ѝ задава модринка. Еван се повлекува со Бека, но тој самиот не е подготвен да преземе активни дејства, бидејќи премногу ја почитува и не сака да има полов однос со пијана девојка. Идилата ја нарушуваат Слејтер и Мајклс, кои упаѓаат на забавата. Сет и Еван бегаат од нив. Полицајците влегуваат во собата токму кога Фогел има полов однос со девојка. Полицајците во последен миг неочекувано му признаваат на Фогел дека не му се лути и се подготвени да го пуштат, иако знаат за неговата измама со документите. Фогел склучува договор со своите нови пријатели и глумат лажно апсење, што остава голем впечаток на целата пијана група. На пат од забавата, полицајците одлучуваат да ја напуштат службата и заедно со Фогел со службеното оружје пукаат во автомобилот и го палат со молотовов коктел.

Следниот ден, Сет и Еван се среќаваат со Џулс и Бека во трговскиот центар. По некоја незгодност, момците сфаќаат дека девојките не им се лути. Тие се делат во парови и заедно одат на пазарење.

Улоги

Глумец Улога
Џона Хил Сет
Мајкл Сера Еван
Кристофер Минц-Плас Фогел „Меклавин”
Сет Роген полицаецот Мајклс
Бил Хејдер полицаецот Слејтер
Марта Макајзак Бека
Ема Стоун Џулс

Наводи

Надворешни врски


Tags:

Неранимајковци СодржинаНеранимајковци УлогиНеранимајковци НаводиНеранимајковци Надворешни врскиНеранимајковци2007Англиски јазикКомедијаСоединети Американски Држави

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Срцева слабостМакедонски народни инструментиОдисејаВооружена престрелка во Куманово (2015)ПолиграфШехзаде Џихангир (син на Сулејман I)Владо ИлиевскиРимска култураХристо ТатарчевПипи Долгиот ЧорапХронична опструктивна белодробна болестКристијано РоналдоНародна носијаАнафораСветско првенство во ракомет за мажи 2023КрвПенис (човек)ТапанПјацаАвантурите на Том СоерУкраинаКомплет тапаниИталијаВиенаСудска властКрвоток1 век п.н.е.Демографија на МакедонијаШехзаде Бајазит (син на Сулејман I)СреќаHTMLЖивотна срединаТапаниГуливеровите патувањаАкумулаторМитологијаЃорѓи КолозовДеценијаБиполарно растројствоЏузепе ВердиСписок на реки во МакедонијаПубертетОпштина Ѓорче ПетровСписок на повикувачки броеви на земјитеКанадаМавровоАДХДПовикот на дивинатаПетар ГеоргиевскиТумор на мозокВолкЗоки ПокиМакедонска револуционерна организацијаПеперугиАлергиски дерматозиРоботикаИлијадаБургравиЕвроОрхидеиОсигурувањеОпштини во МакедонијаКружење на водатаЈагликиХектарЗурла (македонска)Словенска писменостОнлајн казиноНатриумДелењеСтоби2005 во архитектуратаВиницаПрво заседание на АСНОМРокселанаЛасер🡆 More