Мајкл Б. Џордан

Мајкл Бакари Џордан (роден на 9 февруари, 1987 во Санта Ана, Калифорнија, САД) — американски актер.

Неговите улоги во телевизиските серии досега се Ист Дилан во Средно училиште, квортербекот Винс Хауард во Светлата во петок навечер, тинејџерот дилер на дрога Валас во Жицата, Реџи Монтгомери во Сите мои деца, и Алекс во Родители .

Мајкл Б. Џордан
Мајкл Б. Џордан
Џордан во Сан Диего во 2015 г.
Роден(а)Мајкл Бакари Џордан
Занимањеглумец, продуцент
Активен1999-денес

Во филмовите, тој ја играл улогата на жртвата на напади од оружје Оскар Грант во филм со позитивна критика Станицата Фруитвејл (во 2013 година), Човекот-факел во филмот од 2015 Фантастична четворка, и Адонис Крид во продолжението на Роки филмот Крид (2015). Другите филмски улоги му биле во Црвени опашки (2012), Хроника (2012) и Тој незгоден момент (2014).

Животопис

Џордан е роден во Санта Ана, Калифорнија, како син на Дона, уметник и советник по оваа насока во средно училиште, и Мајкл Џордан, вработен во ресторан. Тој средното по возраст од трите деца покрај постарата сестра, Жамила, кој работи во производство, и помалиот брат, Калид, кој бил фудбалер на Универзитетот Хауард. Семејството на Џордан поминало две години во Калифорнија пред да се преселат во Њуарк, Њу Џерси. Тој учел во Уметничкото средно училиште во Њуарк, каде што неговата мајка работела, и каде што тој играл кошарка. Средното име на Џордан, "Бакари", е од Свахилскиот јазик за "благородно ветување."

Кариера

Мајкл Б. Џордан 
Џордан заедно со Силвестер Сталоне и Теса Томпсон на промоцијата на фимот Крид во ноември 2015.

Џордан не планирал да навлегува во глумецството, иако тој имал некои кампањи за моделирање за локалните компании, како ако и за Modells и Toys "R" Us.

Џордан ја започнал својата кариера како професионален глумец во 1999 година, кога тој се појави накратко во по една епизоди од сериите Козби и Сопранови. Неговата прва филмска улога дошла во 2001 година, кога тој бил вклучен во Хардбол , во кој глумел и Кијану Ривс. Во 2002 година, тој добил повеќе внимание играјќи ја малата, но клучна улога на Валас во првата сезона на ХБО филмот Жицата. Во март 2003 година, тој се приклучил на кастингот за Сите мои деца играјќи ја улогата на Реџи Портер, проблематичен тинејџер, сè до јуни 2006 година, кога Џордан бил ослободен од неговиот договор.

Џордан имал и неколку настапи како гостин во сериите Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас, Без трага и Заборавен случај. Потоа, тој ја имал главната улога во независниот филм Blackout и глуми во Асистенти. Во 2008 година, Џордан се појавува во музичкиот спот "Did You Wrong" на R&B изведувачот Pleasure P. Во 2009 година, тој играл како гостин во серијата Одстрел во епизодата "Hot Spot", играјќи улога на фудбалер кој игра за средното училиште но кои исто така влегол во тепачка и сега е прогонуван од страна на локалниот мафијаш. Во 2010 година, тој повторно како гостин играл во Закон и ред: Злосторски намери во епизодата "нехумано општество".

Во 2009 година, Џордан почнал да глуми во драмата на NBC‏‎ Светлата во петок навечер како квортербекот Винс Хауард, и живеел во стан во Остин каде што се одржало снимањето на серијата. Тој го играл ликот две сезони сè до завршувањето на шоуто во 2011 година. Во 2010 година, тој бил прогласен за едно од 55-те лица на иднината според Магазинот Најлон, списание за Младите глумци во Холивуд. Таа година, тој добил повремена улога во новата серија на NBC Родители играјќи го Алекс (љубовта на Хади Баверман). Со ова тој ја направил својата втора соработка со продуцентот Џејсон Катимс, кој бил задолжен и за Светлата во петок навечер. Потоа, BuddyTV го рангира на #80.место на својата список на "најсекси мажи од на ТВ за 2011 година". Џордан исто така го има и позајмено својот глас на ликот Џек од Xbox 360 играта, Gears of War 3.

Во 2012 година, Џордан се појавил во филмот на продуцентот Џорџ Лукас - Црвени опашки и одигра една од главните улоги во филмот Хроника, во кој тројца тинејџери развиваат натчовечки способности. Тој, исто така гостувал во една епизода на серијата Доктор Хаус од последната сезона, играјќи слеп пациент. Во 2013 година, Џордан го доживеал најголемиот успех во својата кариера дотогаш играјќи ја главната улога во филмот Станицата Фруитвејл, Оскар Грант, во режија на Рајан Куглер. Неговиот настап бил добро примен, а филмски критичар за Холивуд репортер Тод МекКарти пишува дека тој го потсетил на "Дензел Вашингтон како млад". По неговиот настап во Станицата Фруитвејл, Џордан бил именуван како еден глумец на кој треба да се обрне внимание во иднина од страна на списанјата People и Variety.

Потоа Џордан глумел во Тој незгоден момент, заедно со Зак Ефрон и Мајлс Телер, кој излегол во 2014 година. Во 2015 година, тој ја ограл улогата на Џони Сторм, Човекот-факел во филмот Фантастичната четворка.

Голем успех Џордан доживеал играјќи ја улогата на Адонис Крид, синот на боксерот Аполо Крид во продолжението на Роки Крид (2015), филм во режија на Рајан Куглер во кој глуми заедно со Силвестер Сталоне. Џордан се подготвувал за неговата улога како боксер во Крид, со преземање на ригорозeн физички тренинг и адстрингентно исхрана со малку маснотии во период од речиси една година.

Филмографија

Филмови

Година Наслов Улога Инфо
1999 Црно и бело Тин #2
2001 Хардбол Џамал
2007 Blackout Си-Џеј
2009 Пастор Браун Тарик Браун
2012 Црвени опашки Морис 'Бампс' Вилсон
Хроника Стив Монтгомери
2013 Станицата Фруитвејл Оскар Грант
Лига на правдата: Жариштето Парадокс Виктор Стоун / Киборг гласовна улога
2014 Тој незгоден момент Мики
2015 Фантастична четворка Џони Сторм / Човекот-факел
Крид Адонси "Дони" Џонсон Крид
2018 Црниот Пантер Н'Џадака / Ерик "Килмонгер" Стивенс
Кин Чистач
Крид 2 Адонис "Дони" Џонсон Крид
2020 Just Mercy Брајан Стивенсон Post-production

Телевизија

Година Наслов Улога Инфо
1999 Сопранови Риделанд Кид Епизода "Down Neck"
Козби Мајк Епизода: "The Vesey Method"
2002 Жицата Валас 11 епизоди
2003–06 Сите мои деца Реџи Портер Монтгомери
2006 Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас Морис Епизода: "Poppin' Tags"
Без трага Џеси Луис Епизода: "The Calm Before"
2007 Заборавен случај Мајкл Картер Епизода: "Wunderkind"
2009 Одстрел Кори Јенсен Епизода: "Hot Spot"
Коски Пери Вилсон Епизода: "The Plain in the Prodigy"
Асистентите Нејт Ворен 13 епизоди
2009–11 Светлата во петок навечер Винс Хауард 26 епизоди
2010 Закон и ред: Злосторски намери Дани Форд Епизода: "Inhumane Society"
Лажи ме Ки 2 епизоди
2010–11 Родители Алекс 16 епизоди
2012 Доктор Хаус Вил Вествуд Епизода: "Love Is Blind"
Каунти Тревис Хенкок Unaired TV pilot
2015 Running Wild with Bear Grylls Гостин Сезона 2 епизода 7

Видео игри

Година Наслов Улога Инфо
2011 Gears of War 3 Џек Стратон гласовна улога

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Мајкл Б. Џордан ЖивотописМајкл Б. Џордан КариераМајкл Б. Џордан ФилмографијаМајкл Б. Џордан НаводиМајкл Б. Џордан Надворешни врскиМајкл Б. Џордан19879 февруариАктерКалифорнија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Уд (македонски)Мојот звукКафеНикола ГруевскиПреспански договорВладимир ГлигоровМитко ЧавковРомантизамЛокални избори во Македонија (2000)Шишман АнгеловскиХартијаТалат ЏафериОхридски рамковен договорПирамида (геометрија)Анална фисураИсторија на Македонија (1991 - денес)Атрибут во македонскиот јазикМакедонски пасошМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаДомашно говедоВтора влада на Никола ГруевскиПолжавиМакедонски ораПиту ГулиШпанијаВелесБиполарно растројствоВтора влада на Бранко ЦрвенковскиРак на грло на маткаСписок на градови во Македонија по населениеГлаголи во македонскиот јазикОНАСаво КлимовскиМакедонциХепатитНикола КљусевМочуриштеСтароегипетска митологијаЦрни и жолтиСојуз на комунистите на МакедонијаНеологизамДен на планетата ЗемјаОпштина СопиштеДонтов методИзраелДафина СтојаноскаИзборна единица 2Ристиќева палатаОпштина КарбинциПеколот (Божествена комедија)Собрание на Република МакедонијаКалеш АнѓаПочваМарко ЦепенковСписок на реки во МакедонијаРеферендум во Македонија (1991)Општина Шуто ОризариЈордан Хаџи Константинов-ЏинотПсоријаза‘Рбетен столбПрирокСтобиСрцева слабостПовикувачки броеви во МакедонијаМакедонски претседателски избори (2009)Анте ПоповскиВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Масакр кај ВејцеАлопецијаОпштина КумановоЖолто МореЕнциклопедијаГлаголицаМајка ТерезаМетодија Андонов-Ченто🡆 More