Мануш Георгиев: македонски револуционер

Мануш Горгиев Турновски (10 август 1881 во Турново — 7 февруари 1908 во Долна Рибница, Пиринска Македонија, Бугарија) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.

Мануш Георгиев
Мануш Георгиев: Животопис, Народна песна за Мануш војвода, Надворешни врски
Роден 10 август 1881
с. Турново, Република Македонија
Починал 7 февруари 1908
с. Долна Рибница, Република Бугарија

Животопис

Тој е роден на 10 август 1881 г. во Турново, Струмичко. Се школувал во струмичката прогимназија. Потоа, обрзвоанието го продолжил во педагошкото училиште во Сер каде и станал член на Македонската револуционерна организација. Заради учество во бунт против директорот на училиштето во 1903 година е исклучен. Истата година станува нелегален.

Учествува како делегат од Струмичкиот револуционен округ на Рилскиот конгрес на ВМРО во 1905 година. По што е поставен за раководител на Петричкиот реон, па така на 24-годишна возраст станал реонски војвода. 1907 година е избран за член на Окружниот комитет, помошник струмички војвода и заменик на војводата Христо Чернопеев.

Тој и неговата чета биле предадени ѝ на 7 февруари 1908 година во месноста Трнка кај селото Долна Рибница, Петричко, во борба со турскиот аскер тој бил убиен. Заедно со него загинале 22 четници и малешевскиот војвода Васе Скендерски.

Народна песна за Мануш војвода

Мануш Георгиев: Животопис, Народна песна за Мануш војвода, Надворешни врски 
Манушов гроб над село Долна Рибница.

Поради јунаштвата и заштитничкиот однос кон македонскиот народ од Струмичко, народот испеал и песна посветена на Мануш Георгиев позната како „Мануш војвода“, чиј текст е:

    Мануш војвода
    Стига сме јале, јале и пиле,
    вино, ракија и руди јагниња
    Нашите мајки сè у црно одат,
    сè у црно одат и за нас жалат
    Развивај бајрак ти Мануш војвода
    Развивај бајрак низ Струмичко Поле х2
    Нашите сестри бело цвеќе садат,
    бело цвеќе садат ама не се китат
    Развивај бајрак ти Мануш војвода
    Развивај бајрак низ Струмичко Поле х2

Надворешни врски

Извори

Tags:

Мануш Георгиев ЖивотописМануш Георгиев Народна песна за Мануш војводаМануш Георгиев Надворешни врскиМануш Георгиев ИзвориМануш Георгиев10 август188119087 февруариБугаријаДолна РибницаМакедонијаМакедонска револуционерна организацијаПиринска МакедонијаТурново

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Законодавна властСписок на македонски народни и староградски песниМакедонски КонцептПере ТошевБранко ЦрвенковскиСвети Кирил и МетодијПечалбариКисел дождОпштина ОхридПроцентИзборна единица 2Општина СарајМакедонијаКостадин КостадиновПодржи КоњГлас за МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2011)Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоГласањеЈордан Хаџи Константинов-ЏинотДраган МијалковскиДесет Божји заповедиПрва светска војнаПаркинсонова болестДемократска алтернативаИзборна единица 4Антички МакедонциРоднински односиКомуњарЗНАММакедонски претседателски избори (2024)Придавки во македонскиот јазикСписок на држави во светотДржаваДанела АрсовскаАлександар ШехтанскиТоме АрсовскиПрсти на рацетеВикипедија на македонски јазикКатерина ШехтанскаЦрни и жолтиФлораОпштина ДолнениКарлес ПуџдемонГемиџииКрпен животЛевица (политика)КипарУстав на МакедонијаНорвешкаСлавко ЈаневскиМавровоОпштина ИлинденДенес над МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2014)Гласачки системВакцина против тетанусИскра ГешоскаОкеанографијаСписок на Влади на МакедонијаПовикувачки броеви во МакедонијаХимна на ВМРОЕгипетИмер СелманиДрачевоСтевче СтевановскиБубрежна инфекцијаМарина Поп ПанковаОпштина ГостиварМакедонски парламентарни избори (2020)Менструален циклусДојранско ЕзероСтолицаМандолинаИзборни единици во МакедонијаФК Реал МадридСонцеВоен конфликт во Македонија (2001)🡆 More