Картографска Проекција

Картографска проекција — збир на математички постапки за пресликување на површината на Земјата или нејзин дел на рамнина.

При проектирањето може да се појават деформации на површините, линиите и аглите. Според карактерот на деформации, проекциите може да бидат: конформни, еквивалентни и произволни.

Картографска Проекција
Карта на светот во Меркаторова проекција, со големи деформации на површината северно и јужно (споредете Гренланд и Австралија)

Конформни картографски проекции

Кај конформните проекции нема деформации во аглите, но има во површините и должините (се нарекуваат аголни проекции). Напоредниците и меридијаните се сечат под прав агол, а азимутите одговараат на вистинските во природата. Значајни се Гаус-Кригерова за топографски карти, Меркаторова за поморски и Ламбертова за воздухопловни карти.

Еквивалентни картографски проекции

Кај еквивалентните картографски проекции се задржува еднаквоста на површините, но има значителни деформации на аглите и должините. Погодни се за прикажување на вистинските површини на континентите. Од овој вид, значајни се Сансоновата и Боновата проекција.

Произволна картографска проекција

Картографска Проекција 
Гаус-Кригерова проекција

Произволните картографски проекции се средина меѓу деформациите на конформните и еквивалентните и се користи за изработување на меѓународната карта на светот.

Според методот на пресликување, картографските проекции може да бидат: цилиндрични, конусни, азимутни и произволни.

Гаус-Кригерова проекција

Гаус-Кригеровата проекција спаѓа во групата напречни цилиндрични конформни проекции, кај која Земјата се смета за вртежен елипсоид. Земјата го допира цилиндарот по еден допирен меридијан. Деформациите кај оваа проекција се зголемуваат со оддалечување од допирниот меридијан.

Меркаторова проекција

Картографска Проекција 
Меркаторова цилиндрична проекција.

Меркаторовата проекција е конформна (аголна). Земјата го допира цилиндарот на екваторот. Мрежата од напоредници и меридијани се неправилни правоаголници, а деформациите се зголемуваат кон половите. Проекцијата не се користи за картирање на области кои се наоѓаат над 80 степени северна и јужна географска ширина.

Државна картографска проекција

Во Република Македонија, државна картографска проекција е Гаус-Кригеровата проекција. Таа е конформна, напречно-цилиндрична проекција со пресликување на делови од Земјината површина на елиптични цилиндри, во зони од по 3 географска должина. Зоните се нумерирани од Гриничкиот меридијан кон исток, а територијата на Македонија се наоѓа во седмата зона. Проекцијата на меридијанот со 21 степен источна географска должина во рамнина, претставува х-оска на координатниот систем, во кој у-оската е проекцијата на екваторот. За да се избегнат негативните вредности по у-оската, според препораките на Баумгартнер, сите точки на х-оската имаат вредност од 500 илјади метри.

Tags:

Картографска Проекција Конформни картографски проекцииКартографска Проекција Еквивалентни картографски проекцииКартографска Проекција Произволна картографска проекцијаКартографска Проекција Гаус-Кригерова проекцијаКартографска Проекција Меркаторова проекцијаКартографска Проекција Државна картографска проекцијаКартографска ПроекцијаАголЛинијаМатематикаПланета ЗемјаПовршина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ГликемијаЦапариАстрологијаAppleЈордан Поп Јорданов - ОрцетоПодмочаниКирил ПејчиновиќДен на сесловенските просветителиТоше ПроескиТабла (игра)Дванаесет АпостолиОпштина КавадарциГрадови во ИталијаБактерииБудизамЧај во пустината (филм)ГрузијаШизофренијаЃула ЧеснекиХемороидНационален парк ПелистерДунавДедо Иљо МалешевскиКиткаЃорги ЈармовНационален парк ГаличицаМакедонциПопова ШапкаМакедонски парламентарни избори (2020)Владимир АнгеловскиМаксим ДимитриевскиПолжавиШведскаАнтибиотикДен на Жените МироносициМилениумски крстКуниРаштакАнтониа ГиговскаЛазар КолишевскиМакедонска крвава свадбаМакедонски денарЛепа БренаМијатаЈасен (резерват)ФудбалГерман (Кривопаланечко)Владо ЈаневскиВодаСУ „Д-р Панче Караѓозов“ - СкопјеБубрежен каменРак (болест)Колешински ВодопадСписок на македонски писателиСвети НиколеТрета македонска фудбалска лигаА1-телевизијаХајди (роман)Олимписки боговиКиро ГлигоровТифусАпостол ПавлеБабуна (река)Средоземно МореСвета ГораБелградРечник на стари македонски зборовиГрадови во ШвајцаријаОлимпЛила СтојановскаФК БеласицаРазвој на македонската азбука🡆 More