Излегување Од Ормарот

Излегување од ормарот (англиски: coming out of the closet, честопати и скратено како coming out, каминг аут или истапување како хомосексуалец) е моментот во кој некој ја искажува својата сексуална ориентација или родов идентитет.

Овде исто така се работи за некој кој отстапува од општествено застапените норми, конкретно некој којшто не е хетеросексуален или цисродов.

Надвор од ормарот

Ако некој сè уште не е ‚надвор од ормарот‘, тоа значи дека тој уште ја нема јавно споделена својата сексуална ориентација што во некои случаи се прави за да се избегне дискриминација, социјално исклучување и стигматизација.

Поимот ‚излегување од ормарот‘ алудира на тоа дека се случува во еден момент, додека во суштина тоа може да е долг процес; во секое социјално опкружување личноста мора да одлучи во конкретниот случај да излезе од ормарот. Многу луѓе се на пример отворени за својата сексуалност кога станува збор за нивните фамилии или пријатели, но тоа не важи на училиште, на работа, во религиозните опкружувања или спортските асоцијации, или не со нивните родители или други блиски личности. Контрастот којшто се состои од тоа да се биде внатре или надвор од ормарот значи ‚сè или ништо‘, додека во реалноста процесот е многу покомплициран.

Да се излезе од ормарот е резултат на личен избор и сопствена иницијатива. Ова е спротивно од процесот на ‚аутинг‘: без знаење или дозвола на засегнатата личност да се искаже нејзината сексуална ориентација или родов идентитет. На ‚аутинг‘-от генерално се гледа со негодување.

Да се излезе од ормарот кога станува збор за родот може на пример да е пропратено со тоа личноста да се претстави како некој од друг род и во многу случаи да се избере ново име или надимак. Луѓето кои ја запознаваат таа личност после таквиот процес (и ја запознаваат како некој од новиот род), може не знаат дека засегнатата личност оригинално живеела како некој од другиот род. Ова не значи дека дотичната личност исто така треба да сподели дали имала операција на половите органи, планови за нешто слично или натамошни детали; ова честопати се споделува со помалку луѓе.

Процесот ‚coming-out‘ се пропагира како здрав чекор во самоспознанието, а останувањето во ормарот како спречување и потиснување на сопствениот карактер. Да не се излезе од ормарот има негативна конотација, која се содржи во метафората на ормарот: во ормарот е темно и тесно, надвор е слободно и светло. На другата страна може да е непривлечно или дури и опасно секаде јавно да се истапи како хомосексуалец поради ‚отстапување од нормата‘, а поради тоа расте и шансата од дискриминација, одбивање и конфронтација со вербално или телесно насилство или злоупотреба. Поради различни пригоди, во голем број земји низ светот, се одржуваат манифестации како Хомосексуална Парада на Гордоста со различни имиња.

Настани и телевизиски програми

Од 1988, на 11 октомври се одржува Денот на излегувањето од ормарот ширум светот. Холандскиот министер на OCW Роналд Пластерк го има назначено овој ден во 2009 за Холандија за национален ден на каминг аутот, за на тој начин да го поттикне социјалното прифаќање на хомосексуалитетот.

Во Северна Македонија, во Скопје се одржува Парадата на Гордоста.

Поврзано

Tags:

Англиски јазикСексуална ориентација

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Втора влада на Никола ГруевскиАутизамЖелезоСоцијалистичка партија на МакедонијаРомео и Јулијаgr7cmМасакр кај ВејцеТоме АрсовскиОНАКрушевоСтево ЦрвенковскиОпштина ДолнениБиблијаРистиќева палатаПопис на населението во Македонија (2021)Илинка МитреваОслободителна војска на КосовоБиљал КасамиХороскопски знациДелчевоОпштина СтуденичаниТодор АлександровДомашно говедоХајди (роман)Лазар КолишевскиПросветителствоКанадаВикипедијаМакедонски парламентарни избори, 2008Надреден знакСписок на тегоби и болки на стапалатаСкржавецот (Плавт)Оливера ТрајковскаШенка КолозоваПингвин20000 милји под моретоСашо МијалковДоситеј ОбрадовиќПридавкаДостоинство (политичка партија)Арбен ТаравариКоле ЧашулеГоран СтефановскиСолунски атентатиКирилицаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Македонски месециЈохан ТарчуловскиРоднински односиАли АхметиКалиопиСписок на држави по населениеМакедонски парламентарни избори (2014)Масакр во СребреницаМејозаНеутрализацијаПартија за демократски просперитетВиртуелна машинаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаМакедонски парламентарни избори (1990)АлопецијаАнтарктикРобинзон КрусоБукурешки договор (1913)ВардарБубрежен каменИзборна единица 8Свети Наум (манастир)Хрватски месециРак на белите дробовиИзборна единица 5Панонска НизинаОпштина ПрилепСтругаПолитика на МакедонијаМакедонски претседателски избори, 1994🡆 More