Ивица Златевски

Ивица Златевски (Волково, Општина Ѓорче Петров, 20 декември 1976 – Љуботенски Бачила, Љуботен (Скопско), 10 август 2001) бил македонски бранител, војник од резервен состав на АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Загинал на 10 август 2001 заедно со седуммина соборци, откако камион на АРМ полн со муниција налетува на две нагазни мини поставени на шумскиот пат на правецот Љубанци - Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора, на околу 5 км од селото.

Ивица Златевски
20.12.1976 – 10.08.2001 (24 г.)
Ивица Златевски
Роден во:Волково, Скопје, СР Македонија
Починал во:Љуботенски Бачила, Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Ивица Златевски Војник од резервен состав
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја:Ивица Златевски Медал за храброст

Животопис

Живот, војната 2001 и сведоштва

Ивица Златевски е роден на 20 декември 1976 година во скопското село Волково. Според неговите блиски, од Ивица зрачеше спортскиот дух и ентузијазам, во време кога беше убеден дека доаѓаат подобри времиња во неговиот и животот на земјата. Доаѓа од мешано семејство каде што тато му е Македонец а мајка му Србинка. Ивица завршува во „Димитар Влахов“ училиште за касап. После тоа го отслужува воениот рок во касарната „Ѓорче Петров“, каде бил шеф на готвачите. Тој никогаш не работел на струката. Се вработил после отслужувањето на воениот рок во соседството во автомеханичарски сервис. Беше горд што мајка му била Србинка и се чувствуваше пола Македонец пола Србин. Од вујко му ја земал војничката капа од српската армија и си ја понесе во Љубанци. На мајка му, Ивица и донела и слики: на едни со македонска беретка, на друга со српска.

Животот го гледаше само од убавата страна. Во ридиштата крај Љубанци, на 10 август 2001 година, со силната експолизија поставена од терористите, загинува Ивица. Тој посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.

Поврзано

Наводи

Tags:

Ивица Златевски ЖивотописИвица Златевски ПоврзаноИвица Златевски НаводиИвица Златевски10 август197620 декември2001ЉубанциЉуботен (Скопско)АРМВоен конфликт во Македонија, 2001ВолковоМасакр кај Љуботенски БачилаОпштина Ѓорче ПетровСкопска Црна ГораСписок на загинати бранители на Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Пустина (роман)Четврта влада на Никола ГруевскиДрачевоФашизамВоен конфликт во Македонија (2001)ПтициДостоинство (политичка партија)Хари КостовСтево ПендаровскиМакедонски парламентарни избори (2011)Љупчо ЈордановскиХрватски месециГерманијаПерунКозјак (езеро)БегалкаВардарМинистер без ресорУстав на МакедонијаПласницаАвантурите на Том СоерПиреј (роман)Општина КумановоЕлизабета ЃоргиевскаБубрежна слабостБРИКСПолитички спектарМакедонски парламентарни избори, 1990Македонски денарКатерина ШехтанскаКрпен животАтентат врз Киро ГлигоровТоше ПроескиОслободителна Народна АрмијаЧенто (населба)БелградБалкански ПолуостровУд (македонски)Општина Гази БабаОпштина ЛипковоПетар Поп АрсовМакедонски парламентарни избори (1998)Оливер СпасовскиПрво заседание на АСНОМГрб на МакедонијаДаниела ТемелковскаСтрујно колоМарина Поп ПанковаРепублика МакедонијаБитка во АрачиновоОпштина ПласницаАфрикаЖивотниНезависен политичарДемократска обнова на МакедонијаМитОслободителна војска на КосовоЛазарова саботаПартија за движење на Турците во МакедонијаРевизор (комедија)Сам домаПитагорова теоремаБроеви во македонскиот јазикМагнетна резонанцијаМојот звукАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаСвети ГеоргиПопис на населението во Македонија (2021)РадождаЛазар МојсовСашо МијалковПетар ПанМакедонски парламентарни избори (1986)РеченицаИталијаЈулијански календар🡆 More