Еван Фурније (роден на 29 октомври 1992 година) е француски кошаркар, крило на Њујорк Никс и француската репрезентација.
|
Фурније е роден на 29 октомври 1992, во Сен-Морис малото предградие на Париз, од татко французин Франсоа Фурније и мајка алжирка по име Мерием Мокта. Двајцата негови родители биле професионални џудисти кои се запознале на ИНСЕП академијата.
Еван Фурније започнува да игра кошарка на 7 години, а неговиот интерес кон овој спорт уште повеќе се зголемил во 2002 година, благодарение на екипата на Сакраменто Кингс. Откако станал професионалец, Фурније го носел дресот со бројот 10 во повеќето екипи во кои настапувал во чест на тогашната 10-ка на Сакраменто, Мајк Биби.
Во 2000 година, Фурније ја започнал својата кошаркарска кариера во екипата на Шарентон. Помеѓу 2007 и 2009 година, тој го продолжил својот кошаркарски развој на академијата ИНСЕП, каде што се запознале неговите родители. Потоа тој се приклучил на екипата на Нантер која се натпреварувала во Про Б лигата (втората лига на Франција) во текот на сезоната 2009-2010 каде го направил своето деби како професионалец и подоцна бил избран за најдобар млад играч во Про Б првенството.
Во 2010 година, тој се приклучил на екипата на Поатје во најсилната француска кошаркарска лига каде што играл во просек 15 минути по натпревар (6,3 поени).
Во април 2011 година, тој учествувал на Nike Hoop Summit каде бил избран во почетната петорка. Американската селекција победила, а Фурније забележал „просечна“ партија и го завршил натпреварот со 6 поени и 6 скокови..
Во јануари 2012 година, Фурније за прв пат бил избран во „идеалната петорка“ на Про А благодарение на неговите решавачки 16 поени, 6 скока и 7 асистенции (23 валоризација) против Елан Берне По Лак Ортез. Тој продолжил со добрите игри и во март истата година бил избран за играч на месецот во Про А лигата. Конечно, во мај по завршувањето на сезоната 2011-2012, тој ги добил наградите за играч кој најмногу напредувал, како и за најдобар млад кошаркар во Про А.
На 28 јуни 2012 година, Фурније бил избран како 20-ти пик на НБА драфтот 2012 од Денвер Нагетс. На 11 јули 2012, тој потшишал руки договор со Нагетс. Веднаш по доаѓањето тој се приклучил на екипата на Нагетс која настапила во НБА летната лига 2012. Своето деби во НБА лигата го направил на 31 октомври 2012, во натпреварот против Филаделфија Севентисиксерс со кој Нагетс ја отвориле новата сезона; Фурније забележал 5 поени и една асистенција за околу 10 минути поминати во игра, а неговиот тим го загубил воведниот натпревар со 84-75. Во текот на првите 73 натпревари на Нагетс во сезоната 2012-2013, Фурније се појавил во само 29 од нив и регистрирал 10 или повеќе поени само еднаш. Тој се појавил во девет последователни натпревари пред крајот на регуларнаиот дел од сезоната, вклучувајќи и ги и последните три во кои бил стартер. Во тие натпревари имал просек од 12,3 поени и постигнал 17 или повеќе поени на четири натпревари, вклучувајќи ги и највисоките во дебитантската сезона 24 поени против Портланд Трејлблејзерс на 14 април 2013.
Во јули 2013 година, Фурније повторно се приклучил на Нагетс за НБА летната лига 2013. На 30 октомври 2013 година, Нагетс ја искористиле својата опција за трета година според руки договорот на Фурније, продолжувајќи го договорот со играчот до сезоната 2014-2015. На 23 февруари 2014 година, Фурније постигнал дотогаш највисоки во неговата НБА кариера 27 поени против Сакраменто Кингс.
На 26 јуни 2014 година, Фурније бил разменет, заедно со правата на драфт над Девин Марбл, во Орландо Меџик во замена за Арон Афлало. Дебитирал во дресот на Меџик на 28 октомври 2014, забележувајќи 11 поени, 3 скока и 2 асистенции во поразот од 101-84 на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс. На 12 ноември 2014 година, Фурније имал одлична вечер постигнувајќи највисоки во кариерата 28 поени со шут од игра 8 од 14 во победата над Њујорк Никс со 97-95.
На 3 ноември 2015 година, Фурније поставил нов личен рекорд во кариерата по бројот на поени уфрлајќи точно 30 во победата од 103–94 над Њу Орлеанс Пеликанс. На 15 март 2016 година, тој ја изедначил својата највисока цифра на поени во кариера забележувајќи одново натпревар со 30 поени против неговата поранешна екипа Денвер Нагетс. За време на сезоната 2015–2016, Фурније ја имал најдобрата година во кариерата во која просечно постигнувал по 15,4 поени по натпревар, 2,8 скокови, 2,7 асистенции, 1,2 украдени топки во 32,5 минути просечно поминати во игра. Тој, исто така, го предводел својот тим по бројот на постигнати поени 19 пати, имал 24 натпревари со 20+ поени и две со 30+ поени.
На 7 јули 2016 година, Фурније потпишал нов петгодишен договор со Меџик, вреден 85 милиони долари. На 3 ноември 2016 година, тој постигнал највисоки 29 поени за сезоната против Сакраменто Кингс.
На 16 јануари 2018 година, Фурније постигнал рекордни во кариерата 32 поени во победата од 108–102 над Минесота Тимбервулвс. На 7 март 2018 година, против Лос Анџелес Лејкерс, тој го свиткал левиот медијален колатерален лигамент. Како резултат на тоа тој ја завршил сезоната предвреме.
На 1 декември 2019 година, го изедначил своето најдобро постигнување во кариерата од 32 поени во еден натпревар во победата од 100-96 над Голден Стејт. Фурније играл и воедно започнал 26 натпревари за Меџик во неговата последна сезона во клубот и имал просек од 19,7 поени (најдобар во кариерата), 2,9 скокови, 3,7 асистенции и 1,0 украдени топки, шутирајќи за три поени со прецизност од 38,8%.
На 25 март 2021 година, Фурније бил разменет во Бостон Селтикс во замена за Џеф Тиг и два идни пикови од втората рунда на драфтот. Четири дена подоцна, тој го направил своето деби за Селтикс против Њу Орлеанс Пеликанс, но натпреварот го завршил без постигнат кош за 33 минути игра. На 2 април, Фурније постигнал 23 поени и рекордни 7 тројки во НБА кариерата, во победата од 118–102 над Хјустон Рокетс. Фурније постигнал дури 20 поени од неговите 23 поени на мечот во последната четвртина, со што станал вториот играч на Селтикс кој постигнал 20 поени со 100% шут од игра во една четвртина од Пол Пирс. Трета година по ред Фурније со својте клубови обезбедил место во плејофот, но и покрај тоа што имал одличен просек од 15,4 поени, тој не успеал да им помогне на Селтикс да ја минат првата пречка наречена Бруклин Нетс (ја загубиле серијата во 5 натпревари).
На 17 август 2021 година, Њујорк Никс ги стекнале правата над Фурние во договор за трансфер и размена со Селтикси. На 20 октомври, Фурније го направил своето деби за Никс изедначувајќи го својот највисок број на поени во кариерата, уфрлувајќи 32 поени во победата со 138–134 после две продолженија над неговиот поранешен тим Бостон Селтикс. На 6 јануари 2022 година, Фурније го надмина тој рекорд на кариерата, постигнувајќи 41 поен со десет тројки, заедно со осум скока, во уште една победа над Селтикс овојпат од 108-105. На 23 март, во победата од 121–106 над Шарлот Хорнетс, тој го соборил рекордот за најмногу постигнати тројки за Никс во една сезона, поставен од Џон Старкс во 1995 година (217).
Фурније бил избран во француската репрезентација под 18 години со која учествувал на Европското првенство под 18 во 2009 година. Франција го освоила среброто, по поразот од Србија. Тој бил избран во најдобрата петорка од овој турнир за едно со Енес Кантер (кој бил прогласен за МВП), Дејан Мусли, Тони Простран и Јонас Валанчиунас.
Во јули 2011 година, тој играл за Франција на Европско првенство под 20 години во Шпанија. Французите претрпеле само еден пораз на во ова натпреварување, со 66-77 од Италија во полуфиналето, во кое Фурније уфрлил 19 поени со шут од игра 7 од 22, вклучувајќи и 1 од 7 за три поени; Фурније на крајот го освоил бронзениот медал откако французите ја победиле Русија. Турнирот го завршил со просек од 16,9 поени. и овде како и две години порано бил избран во најдобрата петорка на натпреварувањето заедно со најкорисниот играч шпанецот Никола Миротиќ, италијанецот Алесандро Џентиле, турчинот Фуркан Алдемир и црногорецот Бојан Дубљевиќ.
Во јуни 2013 година, тој бил избран од селекторот на сениорската репрезентација на Франција Венсан Коле во списокот од 17 играчи кои најверојатно требало да учествуваат на Европското првенство 2013, но отпаднал од конечниот состав.
Сепак околу година дена подоцна, на 16 мај 2014 година, тој бил вклучен во списокот од дваесет и четири играчи избрани за учество на Светското првенство 2014 во Шпанија. Фурније одиграл 9 натпревари на првенството просечно бележејќи 6,9 поени, 1,2 скокови и 1,3 асистенции.
Следната година Фурние учествувал на Евробаскетот 2015 во Франција. Французите биле поразени од Шпанија во полуфиналето, но сепак го освоиле бронзениот медал победувајќи ја Србија во натпреварот за третото место.
Фурније настапувал и на Светско првенство 2019, на кое Франција ги победила САД во четвртфиналето (со 22 поени на Фурније), пред да загубат во полуфиналето од Аргентина. Франција го освоила третото место победувајќи ја Австралија во натпреварот за третото место. По завршувањето на првенството, Фурније бил избран во идеалната петорка на турнирот.
Легенда | |||||
---|---|---|---|---|---|
ОН | Одиграно натпревари | СН | Натпревари како стартер | МПН | Минути по натпревари |
ПШИ% | Процент на шут од игра | 3П% | Процент на шут за три бода | СФ% | Процент на шут за слободни фрлања |
СкПН | Скокови по натпревар | AсПН | Асистенции по натпревар | УТПН | Украдени топки по натпревар |
БлПН | Блокади по натпревар | ППН | Поени по натпревар | Задебелено | Најдобро во кариерата |
Година | Екипа | ОН | СН | МПН | ПШИ | 3П% | СФ% | СкПН | АсПН | УТПН | БлПН | ППН |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2012-2013 | Денвер Нагетс | 38 | 4 | 11.3 | .493 | .407 | .769 | .9 | 1.2 | .5 | .0 | 5.3 |
2013-2014 | Денвер Нагетс | 76 | 4 | 19.8 | .419 | .376 | .756 | 2.7 | 1.5 | .4 | .1 | 8.4 |
2014-2015 | Орландо Меџик | 58 | 32 | 28.6 | .440 | .378 | .728 | 2.6 | 2.1 | .7 | .0 | 12.0 |
2015-2016 | Орландо Меџик | 79 | 71 | 32.5 | .462 | .400 | .836 | 2.8 | 2.7 | 1.2 | .0 | 15.4 |
2016-2017 | Орландо Меџик | 68 | 66 | 32.9 | .439 | .356 | .805 | 3.1 | 3.0 | 1.0 | .1 | 17.2 |
2017-2018 | Орландо Меџик | 57 | 57 | 32.2 | .459 | .379 | .867 | 3.2 | 2.9 | .8 | .3 | 17.8 |
2018-2019 | Орландо Меџик | 81 | 81 | 31.5 | .438 | .340 | .806 | 3.2 | 3.6 | .9 | .1 | 15.1 |
2019-2020 | Орландо Меџик | 66 | 66 | 31.5 | .467 | .399 | .818 | 2.6 | 3.2 | 1.1 | .2 | 18.5 |
2020-2021 | Орландо Меџик | 26 | 26 | 30.3 | .461 | .388 | .797 | 2.9 | 3.7 | 1.0 | .3 | 19.7 |
2020-2021 | Бостон Селтикс | 16 | 10 | 29.5 | .448 | .463 | .714 | 3.3 | 3.1 | 1.3 | .6 | 13.0 |
2021-2022 | Њујорк Никс | 80 | 80 | 29.5 | .417 | .389 | .708 | 2.6 | 2.1 | 1.0 | .3 | 14.1 |
2022-2023 | Њујорк Никс | 13 | 7 | 20.0 | 34.4 | 33.3 | 81.8 | 2.1 | 1.7 | 0.7 | 0.2 | 6.9 |
Кариера | 565 | 417 | 28.5 | .450 | .379 | .805 | 2.8 | 2.7 | .9 | .1 | 14.3 |
Година | Екипа | ОН | СН | МПН | ПШИ | 3П% | СФ% | СкПН | АсПН | УТПН | БлПН | ППН |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2013 | Денвер Нагетс | 4 | 4 | 13.3 | .353 | .000 | .875 | .0 | 1.0 | .5 | .0 | 4.8 |
2019 | Орландо Меџик | 5 | 5 | 35.0 | .348 | .235 | .750 | 3.2 | 2.0 | 1.4 | .0 | 12.4 |
2020 | Орландо Меџик | 5 | 5 | 34.2 | .351 | .343 | .706 | 4.0 | 2.6 | 1.2 | .6 | 12.8 |
2021 | Бостон Селтикс | 5 | 5 | 33.4 | .429 | .433 | .833 | 3.6 | 1.4 | 1.2 | .0 | 15.4 |
Кариера | 19 | 19 | 29.8 | .374 | .308 | .778 | 2.8 | 1.8 | 1.1 | .2 | 11.7 |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Еван Фурније, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.