Гуарана

Гуарана е растение од групата бобинки.

Гуарана
Гуарана
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Sapindales
Семејство: Sapindaceae
Род: Paullinia
Вид: Гуарана
Научен назив
Paullinia cupana
Kunth

Опис

Гуараната потекнува од Бразил, а особено е распространета во басенот на Амазон. Растението има грмушесто стебло, а може да достигне висина до 12 метри. Најкарактеристичен дел е зрното кое има големина на кафе, но со поспецифичен изглед, со изразена портокалово-црвена обвивка којашто го заштитува зрното. Кога плодот ќе созрее, обвивката пука. Во внатрешноста, зрното има црна боја и тоа е обвиткано со арил.

Легенди за потеклото на гуараната

Поради специфичниот изглед на зрното, постојат неколку легенди за постанокот на гуараната, а кои потекнуваат од Бразил. Според една од нив, едно мало момче од некое село било измамено од ѓаволот да појде во џунглата. Таму, ѓаволот го убил момчето, а селаните отишле да го бараат неговото тело и таму ја нашле гуараната за која верувале дека е дар од добронанерниот бог, кој сакал да ги утеши. Затоа, за гуараната се вели дека ги претставува очите на убиеното момче. Според некои записи, за некои племиња од Амазон гуараната има бесценета вредност. Денес, во бразилскиот град Мауез постои фестивал посветен на гуараната.

Хранливи и лековити својства на гуараната

Во однос на хранливите својства на гуараната постојат многубројни докази. Така, во минатото била издвоена компонента од гуараната која била наречена гуаранин, но подоцна се открило дека станува збор за кофеин. Имено, гуараната поседува два-трипати поголема концентрација на кофеин во споредба со кафето, а ефектот на овој тип кофеин трае подолго во споредба со кафето или чајот. Според едно истражување од 1989 година, гуараната делува благотворно врз намалување на згрутчувањето на крвта и во намалувањето на ризикот од тромбоза. Друго истражување покажало дека гуараната влијае врз мозочната активност преку зголемување на меморијата и концентрацијата. Исто така, таа се користела како помош при главоболки, мигрена и ревматски болки, благодарение на нејзиното анелгетско дејство. Најпосле, важно е нејзиното дејство при некои бактериски инфекции, како: Салмонела, Ешерихија коли итн.

Наводи

Tags:

Гуарана ОписГуарана Легенди за потеклото на гуаранатаГуарана Хранливи и лековити својства на гуаранатаГуарана НаводиГуаранаБобинкиРастение

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЕнергијаКозјак (езеро)КучеАдријана АцевскаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикБадминтонс бендАпостол Поце ИкономовТетовирани душиМенструален циклусТом СоерБели мугриStaphylococcus aureusМонт ЕверестЕвгениј ОнегинКавалБлага ПетрескаЕфто ПупиновскиСписок на македонски писателиШехзаде Џихангир (син на Сулејман I)ДислексијаЗбунети годиниВалентино СкендеровскиЛалеГенералот на мртвата војскаДен на востанието на МакедонијаО писменехЖан де ЛафонтенЗемја (планета)Затемнување на СонцетоКоле НеделковскиКокошкаМасовни медиумиАрхимедВидови аглиМакедонски ораСашка ДимитровскаЗемјина атмосфераАнгелот на Света СофијаХристијанствоСолунска афераДраган ГиновскиСидПрограмирањеDNKСложена реченица во македонскиот јазикТартифДевојките на Марко (роман)КавадарциЛазарова саботаЗора зад аголот (роман)Еп за ГилгамешЗвездана АнгеловскаТрубаИсламГане ТодоровскиПелистерСписок на македонски народни и староградски песниМоклиште (село)Словенска писменостМитМакедонија (регион)ИсландСедум смртни гревовиТиквешко востаниеВооружена престрелка во Куманово (2015)Системски лупус еритематозусВизантијаЛуксембургДокументарен филмСузана ГавазоваБаваријаМакедонија во Втората светска војнаШтипЗаконодавна властХипофизаЦрнила (драма)Ромул и РемВиенаБогородичната црква во Париз🡆 More