Грнчиште: село во Општина Градско

Грнчиште — село во Општина Градско, во велешкиот крај.

Грнчиште
Грнчиште во рамките на Македонија
Грнчиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Грнчиште
Местоположба на Грнчиште во Македонија
Грнчиште на карта
Регион Грнчиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Вардарски
Општина Градско
Област Клепа
Население 5 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 29019
Надм. вис. 677 м
Грнчиште на општинската карта
Грнчиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Грнчиште во рамките на општината
Грнчиште: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Грнчиште на Ризницата

Географија и местоположба

Селото е сместено во областа Клепа, северозападно од општинското седиште Градско.

Историја

Подрачјето на селото е населено уште од бронзено време, за што сведочи наоѓалиштето Лака на 2 км северозападно од Грнчиште.

Во XIX век Грнчиште било македонско-турско село во Велешката каза (нахија Клепа). Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 65 домаќинства, од кои 80 жители муслимани и 198 жители Македонци.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Грнчишта имало 680 жители, од кои 400 Македонци христијани и 280 Турци.

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Гринчишта (Grintchichta) имало 424 Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Грнчишта (Grnčišta) како мешано село, сочинето од Македонци христијани и Македонци-муслимани.

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948307—    
1953253−17.6%
1961202−20.2%
1971102−49.5%
198140−60.8%
ГодинаНас.±%
199118−55.0%
19947−61.1%
20021−85.7%
20215+400.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Турци и 150 Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 680 424 307 253 202 102 40 18 7 1 5

Родови

Грнчиште е македонско село, а порано во селото имало и муслимани.

Според истражувањата од 1920-тите години, родови во Грнчиште биле:

  • Македонски родови: Илевци (8 к.), Карабатовци или Карпузовци (2 к.) и Мишковци (1 к.) овие три рода потекнуваат од Иле, Коле и Мишко кои го основале селото кон крајот на XVII век; Кушковци (5 к.) доселени се на почетокот од XVIII век од прилепското село Никодин; Дашковци (4 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Црквино; Маџаровци (5 к.) доселени во исто време со претходните родови, доселени се од некое село во околината на Колоња во Албанија; Ристовци (5 к.) време на доселување како претходните родови, доселени се од селото Ногаевци; Малинковци (1 к.) бегот ги донел однекаде во средината на XVIII век.
  • Муслимански родови биле: Говедаровци (26 к.) се делат на Мутовци, Селмановци, Зуликаровци, Камберовци, Каплановци, Ќилимовци, Смајиловци, Мунишовци-Кусибацевци, Џаферовци и Дурмишовци. Доселени се кон крајот на XVIII век од селото Кочилари, по потекло се Јуруци; Мемедовци (4 к.) доселени се од селото Виничани на почетокот од XIX век; Куковци (3 к.) доселени се од Сирково на почетокот на XIX век; Абдишовци (1 к.) доселени се од некое село Татарлија во Овче Поле; Имерчевци (2 к.) и Чабревци (2 к.) доселени се од Оризари (велешко), по потекло се Јуруци; Демировци (1 к.) доселени се од Црквино; Алијовци (7 к.) гранка се од православниот род во селото Карпузовци.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2225 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Виничани. Во избирачкото место се опфатени населените места: Грнчиште, Виничани, Скачинци.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 526 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
  • Висок Камен — населба од римско време
  • Габер — населба од доцноантичко време
  • Градиште — градиште од доцноантичко време
  • Грамаѓе — населба од римско време
  • Лака — населба од бронзено и римско време
  • Шупле — населба од доцноантичко време

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Од селото има иселеници во Турција. До 1924 година 7 семејства се иселиле, од Алимановци и Мутовци.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Грнчиште Географија и местоположбаГрнчиште ИсторијаГрнчиште СтопанствоГрнчиште НаселениеГрнчиште Општествени установиГрнчиште Самоуправа и политикаГрнчиште Културни и природни знаменитостиГрнчиште Редовни настаниГрнчиште ЛичностиГрнчиште Култура и спортГрнчиште ИселеништвоГрнчиште НаводиГрнчиште Надворешни врскиГрнчиштеВелешкоОпштина Градско

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на држави во светотБледски договор (1947)Масовни медиумиПоумГлаголи во македонскиот јазикДен на востанието на МакедонијаМесопотамијаКрсте Петков МисирковОпштина ДебарПавле АрсоскиОпштина БитолаСедум смртни гревовиДемократска партија на Турците на МакедонијаОпштина Шуто ОризариТирВладимир Илич ЛенинМитРасказОбединети нацииСмртност на доенчињаСписок на политички партии во МакедонијаСписок на повикувачки броеви на земјитеБогородичната црква во ПаризМарков манастирВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоУставен суд на МакедонијаДренок (Струшко)ЖабаЃорѓи КолозовМакедонски парламентарни избори (2008)ВекторИсторија на христијанствотоСтевчо ЈакимовскиИзборни единици во МакедонијаОпштина Ново СелоСписок на македонски народни поговоркиМакедонци-муслиманиПетар ПанБор (град)Црни и жолтиСтрадањата на младиот ВертерКомпасРегионален пат 1101ФашизамОпитФлејтаПравопис и правоговор на македонскиот јазикМечкин КаменЧасовникКичевоБрод (пловило)Загадување на водатаБиблијаЗемјотресМакедонциКипарРасејувањеНовак ЃоковиќВодаНикола ТеслаИнфективна мононуклеозаЛевица (политичка партија)Министерство за животна средина и просторно планирањеСинонимЕлектричен отпорЧовечко телоПаризОсновен приходСлаткаристикаКлеткаПрилепМекотелиГрад СкопјеВевчаниЖелудникПанонски легенди🡆 More