Вилијам Гибсон

Вилијам Форд Гибсон (роден на 17 1948) — американско-канадски писател на шпекулативна литература и есеист заслужен како пионер во поджанрот на научната фантастика познат како сајберпанк.

Започнувајќи ја својата писателска кариера во доцните 1970., неговите рани дела спаѓале во жанрот ноар, и приказни за блиската иднина кои ги истражувале ефектите на технологијата, кибернетиката и компјутерските мрежи на луѓето - „комбинација на ниски морали и технологија на високо ниво“ кои помогнале да се направи иконографија на информатичкото време пред појавувањето на интернетот во деведесеттите години. Гибсон го воел терминот „сајберпростор“ во неговото кратко дело „Хром во пламен“ во 1982 година и подоцна го популаризирал концептот во неговата прва новела „Невромансер“ во 1984 година. Овие негови рани дела се заслужни за „оживување“ на научната фантастика по нејзиниот пад на популарност во седумдесеттите години.

Вилијам Гибсон
William Gibson
Вилијам Гибсон
Гибсон на промоција на француската верзија од
Земја на духови во Париз, 17 март 2008
Роден/аВилијам Форд Гибсон
17 март 1948(1948-03-17)(76 г.)
Конвеј, Јужна Каролина, САД
Занимањероманописец
НационалностАмериканско, канадско
Период1977–денес
ЖанрШпекулативна литература (фикција), научна фантастика
Книжевно движењеСајберпанк, стимпанк, постсајберпанк
Значајни делаНевромансер (новела, 1984)
Значајни наградиНаграда Небула, Награда Хуго, Награда Филип К. Дик, Награда Дитмар, Награда Сејун (сите категории за 1985); Награда Прикс Аурора (1995)
мрежно место
williamgibsonbooks.com

По дополнувањето на романот Невромансер со уште два романи со тоа заокружувајќи ја дистописката трилогија наречена „Сајберпростор“, Гибсон соработувал со Брус Стерлинг на романот „Мотор на различноста“ во 1990, што станал важно дело во поджанрот на научната фантастика, стимпанк. При крајот на 1990. години, Гибсон ја стоставил трилогијата „Мост“ од романи, кои го истражувале социолошкиот развиток на урбаните животни средини во блиската иднина, постиндустриското општество и доцниот капитализам. По доаѓањето на новиот век и терористичките напади од 11 септември, Гибсон се осврнал на пишување на реалистички романи како што се „Препознавање на појави што се повторуваат“ (2003), Земја на духови (2007) и Нула Историја (2010)—дела чии дејствија се случуваат во современиот свет. Овие дела за првпат го вметнаа неговото име во популарните списоци на бестселери. Неговото најново дело, Периферија (2014), повторно прави осврт кон технологијата и препознатливите научно фантастични теми.

Во 1999 година, весникот Гардијан го опишал Гибсон како „веројатно најважниот романописец во изминатите две децении“, додека австрискиот Сиднеј Морнинг Хералд го нарекол „пророк на жанрот ноар“ во полето на сајберпанкот. Во неговата кариера Гибсон напишал повеќе од 20 раскази и 10 успешно искритикувани романи (од кои еден во соработка), пишувал статии за неколку големи издавачки куќи, и соработувал со уметници, режисери и музичари. Неговата работа имала влијание низ повеќе дисциплини вклучувајќи ги академските кругови, дизајн, филм, литература, музика, сајберкултурата и технологијата.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

ЕсеистИнтернетКомпјутерски мрежиНаучна фантастикаПисателТехнологија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Рамнокрак триаголникСписок на планини во МакедонијаБелгијаАлпразоламЛазар Колишевски24 мај (празници)ФК МиланРумена ВојводаТегавецЏеј РамадановскиБрадикардијаПолип на маткатаЈане СанданскиЧинови на Армијата на МакедонијаКавалаНикола КаревТиквешко ЕзероУран (планета)Чај во пустината (филм)Отоманско ЦарствоБозаРустем-пашаВласинско езероШизофренијаДевица (хороскопски знак)Претседател на МакедонијаЕвропаКарпошЈохан ТарчуловскиКрвМакедонци30 априлНеготиноШенка КолозоваМирко ПецевМечкин лукДанскаОНАГрадови во ИталијаМакедонијаFИсак ЊутнСписок на државни знамињаДеменцијаТоше ПроескиТифусДен на македонскиот јазикДоста ДимовскаСкопско-велешки дијалектАвстријаРевматоиден артритисРимско ЦарствоРак на усна празнинаПневмонијаЅвезда од КутлешГевгелијаЕгипетски пирамидиСамовилското коњчеФотосинтезаОвен (хороскопски знак)Правопис и правоговор на македонскиот јазикМатка (кањон)Национален парк МавровоРимски бројкиЗабА1-телевизијаСписок на тегоби и болки на стапалатаБолести на белите дробовиНаум ПетрескиХипотироидизамОтоманска Македонија1 мајОслободителна Народна АрмијаСител-телевизијаОче наш🡆 More