Варошки Манастир

Варошкиот манастир се наоѓа во подножјето на Маркови кули во населбата Варош во непосредна близина на Прилеп.

Манастирот се состои од црквата „Св. Архангел Михаил“ и двата манастирски конаци. Денот на манастирот е празникот Балаклија или Источен Петок. Манастирот е посветен на светиот Архистратиг Михаил (Св. Архангел Михаил) — Началник и Војвода на сите небесни чинови. Во 1998 година, во манастирот е обновен монешкиот живот и денес, за него се грижи петчленото сестринство. Манастирот е масовно посетен од верниците, бидејќи во него се чуваат дел од моштите на Св. Козма и Дамјан, како и моштите на Св. Стилијан. „Св. Архангел Михаил“ се вбројува меѓу најубавите и најзначајните културни споменици и религиозни центри во Македонија поради што е ставен под заштита на државата како Споменик на културата.

Варошки Манастир
Варошки Манастир
Поглед на манастирот
Информации
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан10 век
Посветен наСвети Архангел Михаил
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Цркви„Св. Архангел Михаил“
Личности
Основач (и)владетелот Јован (XIII век)
Важни личностиВолкашин, Крале Марко
Место
Местосело Варош, Прилеп, Македонија Македонија
Координати41°21′25″N 21°11′57″E / 41.35694° СГШ; 21.19917° ИГД / 41.35694; 21.19917
Видливи остатоци1 црква, 2 конака
Отворен за јавностада

Црквата

„Свети Архангел Михаил“ е главната и единствена манастриска црква во Варошкиот Манастир. Легендата за потеклото на манастирот започнува во X век, кога некој непознат ученик на св. Климент Охридски се населил во некоја од карпите каде што водел осаменички живот. Денес, неговото име не е познато, но во прилог на легендата зборува фактот што местото каде што се наоѓа манастирот се вика кај Светецот. Црквата е изградена на старо култно место за што сведочат античките мермерни столбови кои се употребени во нејзината изградба. На едниот од нив е исклесан стар натпис со кирилично писмо од 996 година кој е втор најстар кириличен натпис пронајден во Македонија.

Меѓу XI век и XIII век, црквата била повеќепати градена и разурнувана. Од тој период, постои трага само од северниот ѕид на црквата каде сè уште постојат делови од фрески од XII век. Исто така, од тоа време останале и фреските во подземјето на црквата кои образуваат тунел. Кон крајот на XIII век, големиот хартулариј Јован повторно ја изградил црквата и ја посветил на св. Архангел Михаил. Имајќи предвид дека од претходната црква останал само мал дел, може да се заклучи дека црквата во целост е ктиторско дело на владетелот Јован. За тоа сведочи и фреската на западната страна на црквата на која Јован е претставен како ктитор кој во рацете го држи моделот на црквата. Притоа, тој е насликан како великосхиник, а натписот кажува дека тој се замонашил во манастирот. Подоцна, прилепските владетели Волкашин и Крале Марко ја обновиле црквата за што сведочат двете фрески на влезот на кои се претставени двајцата владетели.

Варошки Манастир 
Манастирот во време на Првата светска војна

Денешниот изглед на црквата, со исклучок на западниот дел, ги носи сите одлики од последната преправка која е извршена во 1861 година. АСпоред архитектонското решение, црквата претставува еднокорабна градба. На источната страна се наоѓа полукружна апсида, а на западната е отворен трем над кој се издига камбенаријата. На јужната фасада од западниот дел на црквата, зачуван е само еден од оригиналните прозорци кој се наоѓа во горниот дел. Останатите прозори на јужната страна и северната фасада на источниот дел од црквата се изградени 1861 година, при последната поправка. Црквата Св. Архангел Михаил во научниот свет била предмет на проучување. Проблем претставувало нејзиното првобитно подигнување и подоцнежните доградби. Имено, едни тврдат дека западниот дел е првобитен, а други источниот. Најновите истражувања одеа во прилог на тезата дека источниот дел е првобитен, а подоцна кон западната страна на таа црква бил подигнат, односно дограден, дел со купола. Во 1861 година дошло до израмнување на западниот дел од надворешната страна, подигање на камбанаријата и поставување мермерна плоча во која се зборува за обновата на црквата.

Живопис

Во црквата се забележуваат траги од богат фрескоживопис при што предност им е дадена на монашките ликови. Така, најдени се остатоци од фрески со прилично добро зачувани ликови на архијереи кои и припаѓаат веројатно на првобитната црква, или пак се остатоци од некогашната капела подигната и живописана во 12 век, како и остатоци од ѕид со зачувани фрески на владетелски портрети. Првата зона на светителите ги прикажуваат пустиножителите кои требало да бидат пример за монасите кои во тоа време го населувале манастирот. Ктиторската фреска, која го претставува св. Никола како ги води ктиторите кон престолот на Исус Христос, претставува претставителен пример на византискиот фрескоживопис. Исто така, на двете страни од влезот на црквата се прикажани фрески на кралот Волкашин и неговиот син Крале Марко.

Од зачуваните икони во црквата, најпознати се: „Христос пред Пилат“, „Патот на Голгота“ и „Симнување од крстот“.

Поглед на целиот манастирски комплекс

Конаците

Конаците се изградени од двете страни на манастирот во XIX век, од страна на прилепскиот еснаф и претставуваат убав пример на староградска архитектура. Во дворот од манастирот се наоѓа извор со лековита вода, посветен на Св. Богородица.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Варошки Манастир ЦркватаВарошки Манастир КонацитеВарошки Манастир ГалеријаВарошки Манастир НаводиВарошки Манастир Надворешни врскиВарошки Манастир1998ВарошМаркови кулиПрилепСв. Архангел МихаилСвети Кузман и ДамјанЦрква „Св. Архангел Михаил“ - Варош

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МолдавијаЦар СамоилГробот на ИсусДејвид БекамСлобода на говоротАпостол Марко (Евангелист)Катастарски општини во МакедонијаТимотеј Дебарско-кичевскиКлејмор (манга)Гудачки инструментиСипанициГемиџииКунг-фуСредоземно МореЈоаким КрчовскиЕвропаУзбекистанСрпска странка во МакедонијаБорис ЧоревскиИзборна единица 1Понтиј ПилатНикола ВапцаровДојранТатијана СтефановскаНеандерталецОпштина ПетровецБалкански ПолуостровСписок на градови во Македонија по населениеЕвангелие според ЈованСрцев ударГрупа МаестроМакедонски народни инструментиПравославна цркваСедум смртни гревовиВрбаТихи ОкеанМојсејКадина РекаПроцес на подвижни срединиСоколиИсусово воскресениеЕвреиКрушевско ЕзероНаум ПетрескиОпштина ВиницаЈордан МитевЧир на желудникотДванаесет АпостолиАнална фисураМалтаОпштина ЧаирАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. МихаилВселенски патријархПаркинсонова болестСопиштеМакедонски парламентарни избори, 2016Охридско ЕзероСвети НиколаВелики понеделникТемплариМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ЖелкиВрело (пештери)Жељко РажнатовиќАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј IIМакедонски БродОхридски рамковен договорСузана СпасовскаКумановоВенко ФилипчеСписок на повикувачки броеви на земјитеСазЈохан Тарчуловски🡆 More