Птица Бојник

Бојник (науч. Philomachus pugnax) — средноголема крајбрежна птица која се размножува во северните делови на Европа и Азија, а зимува во јужна и западна Европа, Африка, јужна Азија и Австралија.

Бојник
Two male Ruff in breeding plumage each with prominent neck feathers, white underparts, and flanks blotched with black. One has a white neck collar of feathers and the other has a colour that is almost entirely very dark brown.
Мажјаци со перје во сезона на парење
Птица Бојник
Женка во сезона на парење
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Пескарки
Merrem, 1804
Вид: Бојник
Научен назив
Philomachus pugnax
(Linnaeus, 1758)
Generally Ruffs migrate north and breed in the northern hemisphere from about May to August, and generally at the end of the breeding season they migrate south and spend several months the Sub-Tropics before migrating north again
      Лето, размножување
      Цела година
      Зима, без размножување

Се среќава и во Македонија.

Опис

Бојникот има мала глава, среднодолг клун, долгнавест врат и овално тело. Долгите нозе се жолти или портокалови. Во лет има подлабок и побавен удар со крилјата од другите слични птици и има тенка бела лента на крилјата и на двете страни од опашката. Бојникот покажува значителен полов диморфизам иако има мал процент мажјаци кои наликуваат на женките. Но, типичните мажјаци се доста поголеми од женките и имаат впечатливи пердуви во сезоната на парење. Мажјакот е долг 29–32 см има распон на крилјата 54–60 см и тежи околу 180 грама. Во сезоната на парење која е обично од мај до јуни, нозете, клунот и голите делови на лицето на мажјакот се портокалови и има карактеристични пердуви на главата и голем пердувест околувраник. Овие орнаменти поединечно варираат, па може да бидат црни, костенливи или бели, шарени, со рабови или насекаде прошарани. Сиво-кафениот грб има скалести шарки, често со црни и костенливи пердуви, а долниот дел му е бел со интензивна црна боја на градите. Вон сезоната на парење, овие декорации на пердувите и бои на нозете, клунот и околу очите се губат, и стануваат пообични. Тогаш мажјакот има сиво-кафенест грб и бели долни делови, со сиви шарки на градите и страните.

Птица Бојник 
Мажјак со перје во сезона на парење

Женката, пак, е долга 22–26 см со распон на крилјата 46–49 см и тежина околу 110 грама. Во сезоната на парење има сиво-кафени горни делови, со пердуви кои се темни во средината и бели на рабовите. Градите и боковите ѝ се со црни точки. Зиме се слични со мажјакот, само се разликуваат по големина. Перјето на младенчињата е слично на возрасните кога се вон сезона на парење, но горните делови имаат шарки во скелеста форма, со темни внатрешни делови на пердувите, а одоздола се со потемна нијанса.

Типичниот мажјак бојник почнува со здобивање на впечатливите пердуви за парење уште пред да се врати на територијата за парење. Двегодишните птици заостануваат во декорациите. Имаат помала телесна тежина и можеби долгиот пат на преселба ги истоштува, па немаат доволно сила за навремено да се „украсат“.

Бојниците од двата пола имаат дополнителна состојба на перјето меѓу зимувањето и конечната летна – за размножување. Пред да му се развие целосната декорација со китки и гривни во боја, мажјаците добиваат шарени пердуви. Женките, исто така, добиваат мешавина од зимски и летни пердуви. Мажјакот конечните летни пердуви ги добива откако ќе ги замени сите, и зимските и овие преодни, додека женките ги менуваат само зимските, а преодните им остануваат. Можеби преодните пердуви биле оригиналните пердуви за размножување, но заради силната конкуренција, мажјакот развил уште една фаза на преобразување.

Поведение

Бојниците при преселбата формираат големи јата составени од стотици, па и илјадници птици. Мажјаците, кои немаат никаква улога во инкубацијата и одгледувањето на младенчињата, го напуштаат местото на размножување порано, кон крајот на јуни или почетокот на јули, а женките и младенчињата заминуваат при крајот на јули. Тие одат по различни патеки до местото на зимување. На пример, во Британија запираат само јата со мажјаци, додека во Кенија претежно се женки.

Размножување

Птица Бојник 
Територијален мажјак

Во сезоната на парење мажјаците се покажуваат на отворен простор и, како ретко кои други птици, тоа го прават за другите мажјаци. Односно, кај нив се води борбата меѓу соперниците. Има три форми на мажјаци: типични територијални, сателитски, со бела грива и третите, неодамна откриени – кои личат на женките. Територијалните, кои се околу 84 % од вкупниот број, вообичаено заземаат мала територија од просторот за парење и имаат црни или костенливи пердуваи на гривата. Тие активно им се приближуваат на женките и покажуваат висок степен на агресија кон другите мажјаци; 5–20 територијални мажјаци држат по 1 м своја територија, со празен простор во центарот. Нивното покажување вклучува: мавтање со крилата, скокање, исправено стоење, кревање на пердувите на гривата или борење со соперникот. Тие се тивки, дури и за време на ваквото покажување, освен понекогаш испуштаат мек звук како „гу-гу-гу“.

Мажјаците сателити се околу 16% и имаат бела или светла грива и не заземаат територии, туку влегуваат во територијата и се обидуваат да се спарат со женките кои ги посетуваат териториите на другите мажјаци. Територијалните мажјаци ги толерираат сателитските зашто тие привлекуваат дополнителен број женки. Женките, исто така, сакаат поголеми простори за размножување, опкружени со повисока вегетација што им овозможува подобро место за гнездење.

Птица Бојник 
Сателитски мажјак со бела грива
Птица Бојник 
Calidris pugnax pugnax

Третиот вид мажјаци, за првпат откриени 2006; личат на женките и се околу 1% од вкупниот број мажјаци. По големина се меѓу територијалните мажјаци и женките и немаат гриви. Тие влегуваат во територијата за парење заедно со женките и ги „крадат“ кога ќе бидат подготвени за парење.

Гнездење

Гнездото претставува плитка дупка во земјата едвај покриена со трева, гранки и листови, скриено во висока трева, а оддалечено е околу 400 метри од местото на парење. Јајцата се малку светкави, зелени или маслинастозелени, со потемни дамки. Вообичаено несат 4 јајца со димензии 44 x31mm и тешки 21 g. Јајцата ги лежи само женката 20–23 дена, а на пилињата им треба уште 25–28 дена за да се осамостојат. Младенчињата имаат окер и костенлива боја ододздола, набрано и обрабено со црно и малку матирано со бела боја одозгора. Сами се хранат со мали инсекти, но предводени од женката. Се одгледува по едно легло секоја година.

Исхрана

Вообичаено, бојниците се хранат одејќи и прибирајќи храна што ќе ја здогледаат, најчесто ларви од инсекти и инсекти. Понекогаш ги собираат од површината на водата. Се хранат ноќе, како и дење.

Врски со луѓето

Птица Бојник 
1897 илустрација на фаќање бојници со мрежа

Во 1465 година, по повод востоличкувачкиот банкет на архиепископот Невил, во Англија, биле послужени 2400 бојници. Биле фатени на територијата на парење. Така, во Англија до 1880 година овој вид дошол до границата на исчезнување, но полека со мал број нови колонии се ревитализираат од 1963 година.

Статус

Бојникот е распространет на 1–10 милиони квадратни километри и има популација од најмалку 2,000,000 птици. Европската популација од 200,000–510,000 пара, опфаќа повеќе од половина птици, што е за 30% порасната во последните 10 години. Но, таа бројка можеби произлегува од промените на местата на размножување. Бројот од популацијата на Азија не се зголемил. Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици се однесува и на бојникот. This commits signatories to regulate the taking of listed species or their eggs, to establish protected areas to conserve habitats for the listed species, to regulate hunting and to monitor the populations of the birds concerned.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Птица Бојник ОписПтица Бојник ПоведениеПтица Бојник Врски со луѓетоПтица Бојник СтатусПтица Бојник НаводиПтица Бојник Надворешни врскиПтица БојникАвстралијаАзијаАфрикаБиномна номенклатураЕвропаМакедонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ТигарСлонГенералот на мртвата војска1663 во уметностаФранц МаркОвен (хороскопски знак)СценариоПодземни водиСело зад седумте јасениМагнетно полеВетарЕгипетПрограмирањеХипертензијаАлиса во земјата на чудатаРамазанРЕК „Битола“ЗевсЦрква „Св. Климент и Пантелејмон“ - ОхридМалтаЈоаким КрчовскиШтрковиСеверна АмерикаСтрептококен фарингитисАнафораАнтонио ВивалдиПредмет (граматика)Прилепско КралствоГонорејаВооружена престрелка во Куманово (2015)Варшавски договорПериоден систем на елементитеБиполарно растројствоЦар СамоилТартиф27 мартМасакр во ВаташаБојан МиовскиУнгаријаАдаптација (биологија)ПраисторијаМачкаТумор на мозокИлинденско востаниеРелигија во МакедонијаАпостол Поце ИкономовАнгел ЧалаковЕпилепсијаХемиска реакцијаТромбонЛетно сметање на времетоЕлектричен отпор1894 во уметностаКрал МаркоМилениумValveГоце ТодоровскиПолицитемијаХороскопски знациСписок на пеперутки во МакедонијаПелаАкумулаторКиро ГлигоровПрограмски јазикАбортусАна ФранкВодно растениеЈајчникПрва помошКокичеЛарингитисСекула ПупиновскиШехзаде Бајазит (син на Сулејман I)Десет Божји заповедиВидови аглиМи заплакало селото Ваташа🡆 More