Беловрато Муварче

Беловрато муварче (науч. Ficedula albicollis) — мала врапчевидна птица од семејството на муварчињата.

Беловрато муварче
Беловрато Муварче
Возрасен мажјак
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Муварчиња
Род: Ficedula
Вид: Беловрато муварче
Научен назив
Ficedula albicollis
(Temminck, 1815)
Беловрато Муварче
Ficedula albicollis

Таа е една од четирите црно-бели вида муварчиња. Се размножува низ југоисточна Европа (со изолирани популации на островите во Балтичкото Море, Шведска) и југозападна Азија. Таа е птица преселница што зимува под Сахара, во Африка. Редок скитник е во западна Европа. Оваа птица е честа во Македонија.

Опис

Оваа тица е долга 12-13.5 см. Мажјакот во сезона на парење е претежно црн одозгора и бел одоздола, со бел ѓердан, голема бела дамка на крилјата, црна опашка (иако некои мажјаци имаат бели агли по страните) и голема бела дамка на челото. Под опашката, задникот е светол. Клунот му е црн, широк и заострен на врвот, типичен за птиците кои ловат инсекти во лет. Освен со инсектите, овие птици се хранат со гасеници кои ги наоѓаат под кората на дабовите, како и со бобинки.

Кај мажјаците вон сезоната на парење, женките и младенчињата, црното е заменето со бледо кафеаво, и може тешко да се разликуваат од останатите муварчиња од родот.

Поведение

Живеалиштето на овие птици се отворените шуми, паркови и градини, во кои претпочитаат да има стари дрвја со дупки во кои ќе гнездат. Го градат гнездото во отворената дупка на дрвото или прифаќаат куќички за птици изградени од луѓето. Обично несат 5-7 јајца.

Песната му е бавен, развлечен свиреж.

Наводи

  • Veen T., Borge T., Griffith S.C., Saetre G.P., Bures S., Gustafsson L. & Sheldon B.C. (2001) Hybridization and adaptive mate choice in flycatchers. Nature, 411, 45-50.
  • J. Haavie, T. Borge, S. Bures, L. Z. Garamszegi, H. M. Lampe, J. Moreno, A. Qvarnström, J. Török, G.-P. Sætre (2004) Flycatcher song in allopatry and sympatry - convergence, divergence and reinforcement. Journal of Evolutionary Biology 17 (2), 227–237.

Надворешни врски

Tags:

Беловрато Муварче ОписБеловрато Муварче ПоведениеБеловрато Муварче НаводиБеловрато Муварче Надворешни врскиБеловрато МуварчеАзијаАфрикаБалтичко МореБиномна номенклатураВрапчевидниЕвропаМакедонијаПтица преселницаСахараСемејство (биологија)Шведска

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Локални избори во Македонија (1996)Македонски претседателски избори (1994)Бели мугриМакедонски парламентарни избори (1986)Јане СанданскиГликемијаМасакр кај ВејцеДесница (политика)Македонски АлбанциСкопско КалеТеатарска претставаСписок на градови во МакедонијаСојуз на Ромите од МакедонијаГалебот Џонатан ЛивингстонБожествена комедијаМакедонски парламентарни избори (2002)ИзраелРесенИндонезијаОпштина ОхридСтојан АндовНационални паркови во МакедонијаКалеш АнѓаСписок на реки во МакедонијаБилјана ВанковскаПретседател на МакедонијаМинистерство за животна средина и просторно планирањеЏек ЛондонГоран СтефановскиСписок на држави во светотБојаБиполарно растројствоМакедонски парламентарни избори (2016)КанадаВлада на Љубчо ГеоргиевскиШпанијаИсторија на македонскиот народОпштина РанковцеОдбивање (физика)Стојанче АнгеловСрпска пропаганда во МакедонијаЗемја (планета)Македонска обновителна реформска опција - Работничка партијаАрбен ЏафериОхридска пастрмкаБлагој ДавковНационален парк МавровоОпштина КривогаштаниБајкаРационализамОрелГзим ОстрениИзборна единица 4Бојан ЈовановскиЧорбаџи ТеодосБошко СмаќоскиБугарска пропаганда во МакедонијаСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаРамазанПартија за демократски просперитетБела мечкаПремиер на МакедонијаОпштина ГостиварКарлес ПуџдемонХристијан МицкоскиМртво МореМакедонски народни инструментиХристијанствоСписок на тегоби и болки на стапалатаКатица ЈаневаБугаријаКрушевска РепубликаМарко ЦепенковОпштина КарпошПиринска МакедонијаМатка (кањон)Ден на планетата ЗемјаОксидационо-редукциона реакција🡆 More