Атанас Бадев: македонски композитор и музички педагог

Атанас Бадев (Прилеп, 14 јануари 1860 - Ќустендил, 21 септември 1908) — македонски композитор, хорски и музички теоретичар и педагог, еден од првите професионално школувани македонски композитори.

Основно образование завршил во родниот град, а потоа школувањето го продолжил во Солун и Бугарија, каде матурирал со одличен успех во I машка гимназија во Софија. За време на летниот одмор во 1879 г. основал црковно-училиштен хор во Прилеп. По желба на семејството две години студирал математика и физика во Универзитетот во Одеса. По враќањето од Русија се вработил во Солун, со намера да обезбеди средства за понатамошното образование.

Атанас Бадев
Атанас Бадев: Работа на македонската музикологија, Наводи, Литература
Роден 14 јануари 1860
Прилеп, Битолски Вилает, Османлиска Империја
Починал 21 септември 1908
Ќустендил, Бугарија
Познат композитор, хорски и музички теоретичар
Атанас Бадев: Работа на македонската музикологија, Наводи, Литература
Насловната страна на делото „Златоустова литургија“ од Атанас Бадев, 1898 г.

Музика најпрвин студирал во Синодалната школа за црковно пеење во Москва, потоа кај Милиј Балакирев и Николај Римски-Корсаков при Дворската пејачка капела во Санкт Петербург. По завршените студии ја истражувал и собирал македонската народна музика, бил наставник по музика и хорски диригент во Солун. По бунтот на учениците од Солунската гимназија (1896) е преместен во Русе, потоа во Самоков и во Ќустендил.

Работа на македонската музикологија

Посебно е значајна работата на Бадев врз проучувањето на македонскиот музички фолклор. Од неговата студија „Нотна тетратка“ може да се заклучи дека Бадев е еден од првите теоретичари којшто има укажано на постоењето на сложени, асиметрични метрички групации во македонската народна музика:

78 (4+3); 98 (2+3+4); 118 (3+2+2+2+2)

На првиот музички конгрес во Софија, во 1904 Бадев поднесува и реферат за метричко-ритмичките одлики на македонскиот фолклор („За фолклорот и неговите особености во Македонија“). Тоа е прв приказ од овој вид за македонската музика. Трудот не е печатен, како и неговата збирка хармонизирани народни песни, чиј ракописи до ден денес не се пронајдени.

Компонирал главно вокални дела, световни и духовни. Зачувани се само свеската „Упражнения по черковното пение“ и „Златоустова литургия“, печатена во 1898, од која посебно се изделуваат ставовите: „Иже херувими“, „Јако да царја“, „Хвалите Господа с небес“ и „Христос воскресе“. Тоа дело, пишувано под влијанието на руската духовна музика, сведочи за еден талентиран творец, полн со фантазија и за она време голем мајстор на хорскиот слог како и на хармонскиот и полифоничен начин на компонирање.

Наводи

Литература

" ignored (help); CS1-одржување: излишна интерпункција (link)

Надворешни врски

Tags:

Атанас Бадев Работа на македонската музикологијаАтанас Бадев НаводиАтанас Бадев ЛитератураАтанас Бадев Надворешни врскиАтанас Бадев14 јануари1860190821 септемвриЌустендилБугаријаКомпозиторМакедонциМатематикаПрилепРусијаСолунСофијаТеорија на музикатаФизика

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Демократска унија за интеграцијаСашо ГешовскиАнглиски јазикЈован КрстителЗрзески манастирРоманијаЖелкиЦрква „Св. Климент Охридски“ - СкопјеДоминиканска РепубликаСвети ЃорѓиВаландовоРибиСметачКошќушко (планина)Дискус хернијаАритметичка срединаЉубомир ФрчкоскиЃорѓи КолозовОбединето КралствоПанкреас1980Весна БендевскаАлександра ЈаневаДебело цревоСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаПоштенски броеви во МакедонијаЗнаме на МакедонијаПресметување на датумот на ВелигденСредоземно МореЗоки ПокиЛесновски манастирЏо БајденГрупа МаестроДунавАјфелова кулаМакедонци-муслиманиВевчаниВрутокБисер балканскиСрпски народни обичаиСкратеници во македонскиот јазикОвчи сипанициСтево ПендаровскиИзборна единица 8Владо БучковскиПоречеСкопски аквадуктЦрква „Св. Ѓорѓи“ - СкопјеСвети НиколаСончаницаБелград (Албанија)МарковденОхридско ЕзероKлиндамицинФудбалерДесница (политика)Кирил ПејчиновиќКиро ГлигоровПоткастБубрежен каменСвети НиколеЕвровизија 2024МакедонциРобинзон КрусоСузана СпасовскаСписок на македонски зборови од турско потеклоВикипедијаПиту ГулиЕгипетМајски манифестИстанбулСамоилово ЦарствоГорјан ПетревскиХари КостовМетодија Андонов-Ченто🡆 More