Аргир Манасиев

Аргир Наков Манасиев (15 мај 1872 - 7 септември 1932) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.

Аргир Манасиев
Аргир Манасиев
Роден 15 мај 1872
село Сехово, Гевгелиско, Егејска Македонија
Починал 7 септември 1932
Горна Џумаја, Пиринска Македонија, Бугарија

Животопис

Манасиев завршил француски колеџ во Солун и потоа учителствувал во Ново Село и Негован, Солунско, Смоквица, Гевгелиско и градот Гевгелија.

Привлечен е од Гоце Делчев во редовите на ТМОРО. Активно учествува во создавањето на нови комитети и проширување на мрежата на Организацијата.

Аргир Манасиев 
Четата на Аргир Манасиев

Откриен од турските власти во 1901 година станува нелегален. Војвода е на чета во Гевгелиско. Учествува во Илинденското востание и заедно со Сава Михајлов организираат диверзија на железничкиот мост на Вардар крај Гевгелија.

Нивните обединети чети водат повеќе борби, а тоа кај селото Клисура на 24 август, и заедно со кукушката чета на 25 септември на Пајак планина.

По востанието останува во реонот и ја обновува организацијата. Се истакнал како цврст противник на грчката вооружена пропаганда. Делегат е на Рилскиот конгрес од солунскиот округ. На конгресот ја поддржува десницата на Организацијата.

По 1906 година емигрира во Софија, а по Младотурската револуција се враќа во Гевгелија. За време на Првата балканска војна е на чело на чета, а од 1913 година живее во Струмица, каде е околиски управител.

По крајот на Првата светска војна, од 1919 година до крајот на својот живот живеел во Горна Џумаја.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

15 мај187219327 септемвриВојводаМакедонска револуционерна организација

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори (2008)ВардарБик (хороскопски знак)МакедонијаРепортажа (филм)Македонски претседателски избори, 1999Оливера НиколоваСтојан АндовВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоПласницаОпштина МогилаВанчо ШехтанскиПанонски легендиЈоаким КрчовскиБранко ЦрвенковскиРастенијаЗа наша МакедонијаДемократска унија за интеграцијаБогородицаЉубомир ФрчкоскиПоделба на властаВлада на Никола КљусевЛетоКомуњарКаролина Ристова - АстерудПченкаОпштина ЦентарМомче во пижами со риги (филм)ВикипедијаБубрежна инфекцијаПрилепЗнаме на МакедонијаЦер (село)Македонски парламентарни избори, 2002Изборна единица 7Општина КончеТрајко ВељаноскиБитка во АрачиновоДел-реченицаОкеанографијаДојранско ЕзероХристијан МицкоскиКомунизамОпштина Шуто ОризариШишевоЈован СтојаноскиБитолаДонтов методКрушевска РепубликаСам домаСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаМакедонски парламентарни избори (1986)Том СоерЗагрозен видИсус ХристосБеровоЛиберална партија на МакедонијаОпштина ИлинденУнгаријаОпштина ДолнениСрбијаМакедонски денарИзборна единица 8Ревизор (комедија)Избори во МакедонијаМитМуса ЏафериДанте АлигиериЕгејска МакедонијаВостание на СкендербегОпштина ВаландовоПоштенски броеви во МакедонијаМали сипанициРадождаЕвропска УнијаШишман АнгеловскиИзборни единици во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2016)🡆 More