Меѓународниот аеродром Ферихеги - Будимпешта (IATA: BUD, ICAO: LHBP) е меѓународен аеродром кој го опслужува главниот град на Унгарија, Будимпешта, исто така е и најголем аеродром во рамките на Унгарија.
Најголемиот број од летовите се низ Европа, но исто така сообраќаат и летови до Азија, Блискиот Исток и Северна Америка. Во 2007 година, низ аеродромот поминаа 8,6 милиони патници. Аеродромот е сместен на околу 16 километри од центарот на Будимпешта. Аеродромот е доволно голем за да прифати и авиони од типот на Боинг 747, Антонов Ан-124 и Антонов Ан-225.
Аеродром Ферихеги Будимпешта Ferihegyi Nemzetközi Repülőtér Budapest Ferihegy International Airport | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||
Писти | |||||||||
Правец | Должина | Површина | |||||||
ft | m | ||||||||
13L/31R | 12,162 | 3,707 | Асфалт | ||||||
13R/31L | 9,875 | 3,010 | Асфалт |
Во 1938 година концепцијата на изработка на нов аеродром влезе во план. Просторот кој зафаќаше околу три региони околу Будимпешта(Pestszentlőrinc-Rákoshegy-Vecsés), беше определен за изградба на новиот аеродром. Аеродромот беше планиран за цивилни и воени цели. Во декември 1939 година, по завршувањето на тендерот, и објавувањето на резултатите, понудениот план од страна на Кароли Давид Јуниор беше избран за изградба. Изградбата започна 1942 година. Исто така, беше изграден автопат во должина од 16 километри во текот на периодот од 1940 до 1943 година. Воените структури беа изградени напоредно со цивилните структури, но поради почетокот на втората светска војна. Нормалниот сообраќај започна во 1943 година, но поради зголемените воени операции во околината на Будимпешта, сообраќајот беше стопиран во почетокот на 1944 година.
во 1947 година беше одлучено да се обнови аеродромот за цивилни цели. Церемонијата на свечено отворање на аеродромот беше одржана на 7 мај 1950 година. Во тоа време, имаше само неколку меѓународни летови и тоа главно до Софија, Прага, Букурешт и Варшава. Унгарската национална авиопревозник Малев беше формирана на 25 ноември 1954 година, додека првиот лет кон западна Европа беше летот до Виена за време на летниот период, 1956 година. Првата Западноевропска авиопревозник да лета на аеродромот беше KLM во 1957 година.
Со постојаниот растеж на сообраќајот на аеродромот, бројот на слетувања на аеродромот се зголемија од 4,786 на 17,133 и на број на патници од 49,955 на 359,338 во 1960 година. Во 1974 година, бројот на патници на годишно ниво достигна еден милион. Поради зголемениот сообраќај, повеќе проекти беа реализирани. Во 1977 година, нова контролна кула беше изградена како и втора писта паралелна на првата, како и база за одржување на авионите на Malev.
Во 1980, бројот на слетувања на аеродромот достигна 32,642, како и бројот на патници кој достигна 1,780,000. Зголемениот број на патници значеше и потреба за проширување на аеродромот. Од 1 ноември 1983 година, патниците пристигаат на терминал 2, терминал кој беше изграден на 24 илјади квадратни метри. Беше користен од Малев, како и од Луфтханза, Air France и Swissair. Во 1990 година повеќе од 40 илјади полетувања и спуштања се регистрирани, а исто така беа обработени околу 2,5 милиони патници. Летото 1993, Малев започна со летови кон Северна Америка (Њујорк Кенеди). Развојот на воздухопловството на застана тука туку продолжи да се развива. Изградбата на нов терминал, терминал 2В беше започната во 1997 година, и беше свечено отворена на 8 декември 1998 година. Капацитетот на терминалот е 3,5 милиони патници на годишно ниво.
До 2011 година, на аеродромот во Будимпешта се планирани да се инвестираат околу 261 милиони евра во проширување и модернизација на инфраструктурата. По реконструкцијата аеродромот треба да претставува модерен и економичен аеродром кој ќе нуди сервиси по Европски стандарди.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Аеродром Будимпешта, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.