Љубиша Самарџиќ

Љубиша Самарџиќ - Смоки (роден на 19 ноември 1936 во Скопје — починал на 8 септември 2017 во Белград) — српски и југословенски глумец.

Љубиша Самарџиќ
Љубиша Самарџиќ
Роден 19 ноември 1936(1936-11-19)
Скопје, Кралство Југославија
Починал 8 септември 2017(2017-09-08) (возр. 80)
Белград, Србија
Националност Србин
Познат по улогата во:
Битка на Неретва
Валтер го брани Сараево
Битка на Сутјеска
Тигар
Занимање глумец
Сопружник Мирјана Самарџиќ

Животопис

Љубиша Самарџиќ е роден во Скопје во семејство на рудари во 1936 година. Студирал право, но потоа се префрлил на Академијата за драмски уметности во Белград. Благодарение на стипендијата на режисерот Бојан Ступица, започнал да глуми во театарот. Првата улога ја остварил во филмот „Прекобројна“ на Бранко Бауер, а потоа следувале низа филмови, „Денови“, „Десантот на Дрвар“, „Битката на Неретва“, за која ја добил и наградата Гранд-при во Ниш. За улогата во филмот „Утро“ е награден и на филмскиот фестивал во Венеција. Долго време глумел во партизански филмови, а напоредно остварил и голем број улоги во телевизиски серии „Жежок ветер“, „Есента доаѓа, дуњо моја“, „Враќањето на отпишаните“, „Полицаецот од Петлово брдо“, „Каде одат дивите свињи“. Во 1988 ја добил тогаш највисоката државна награда „АВНОЈ“, кој првпат се доделила на филмски глумец.

Кон крајот на 2016 година бил опериран поради тумор на мозокот, по кое останал неподвижен. Починал по подолго боледување на 8 септември 2017 година во Белград.

Награди

  • Златен лав за улога во филмот Утро (1967)
  • Глумечки пар на годината — заедно со Милена Дравиќ за улога во филмот Утро во (1968)
  • Гран-при за улога во филмот Битка на Неретва во Ниш (1970)
  • Златна арена за улога во филмот Бомбаши (1973), Доктор Младен (1975) и Работа на одредено време (1980)
  • Глумечки пар на годината — заедно со Весна Чипчиќ за улога во телевизиската серија Жежок ветар на Филмскиот фестивал во Ниш (1980)
  • Гран-при за улогата на Боривој Шурдиловиќ (1983)
  • Награда Павле Вуисиќ за животно дело (август 1995)
  • Награда „АВНОЈ“ (1988)
  • Награда на академијата Иво Андриќ за животно дело (2005)
  • Награда Милан Жмукиќ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови (2016)

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Љубиша Самарџиќ ЖивотописЉубиша Самарџиќ НаградиЉубиша Самарџиќ НаводиЉубиша Самарџиќ Надворешни врскиЉубиша Самарџиќ19 ноември193620178 септемвриБелградСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори, 2008Национален парк МавровоГлаголи во македонскиот јазик‘Рбетен столбЈордан Хаџи Константинов-ЏинотМртво МореМитСписок на главни градови во ЕвропаИзборна единица 6Мустафа Кемал АтатуркФјодор Михајлович ДостоевскиОбединето КралствоПреспански договорМакедонски претседателски избори (1994)КриптовалутаЗагадувањеМакедонски парламентарни избори (2008)Велко НеделковскиИсторија на македонскиот народПолитика на МакедонијаЕнциклопедијаКомунизамДебрцаИсторија на Македонија (1991 - денес)Бекир ХалимиМејозаКрушевска РепубликаБиполарно растројствоДонтов методАтрибут во македонскиот јазикКрал МаркоОпштина СарајХоландијаВилма ТрајковскаЛила СтојановскаГенералот на мртвата војскаПапратАцо ШоповЕрих КестнерКичевоВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаСписок на главни градови во светотЗоран ЗаевКумановоПоделба на властаБедија БеговскаВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)МечкаБиблијаПавле АрсоскиРак на грлоОпштина РанковцеЛазар КолишевскиБитолаИсламМакедонски парламентарни избори (2006)КошаркаЖивотниБошко СмаќоскиКамен мост (Скопје)Општини во МакедонијаПочваГласачки системТрапезСписок на архаични зборови во македонскиот јазикОпштина КривогаштаниЕгејска МакедонијаЛимфомМатка (кањон)Диво месо (драма)Општина Македонски БродОпштина НовациХимна на ВМРООпштина Центар ЖупаСтефан Лазаров🡆 More