Јанко Узунов

Јанко Узунов-Узун (Валандово, 15 февруари 1951 — Берово, 24 август 2014) — македонски естраден уметник и пејач на народни, поп и забавни мелодии.

Јанко Узунов
Роден 15 февруари 1951
Валандово, Македонија Македонија
Починал 24 август 2014(2014-08-24) (возр. 63)
Берово, Македонија Македонија
Занимање пејач и гитарист
Сопружник Жаклина Колоска-Узунова

Животопис

Узунов е роден на 15 февруари 1951 година во Валандово, во семејство по потекло од Богданци, а музичката кариера ја започнал на почетокот на седумдесеттите години на XX век со првата снимка, „Магдалена", песна на Димитар Масевски. Во 1969 година пристигнал на студии во Скопје — Земјоделско-шумарски факултет и по завршувањето на факултетот се запишал и на Музичката академија, наставно-теоретски одел. Како агроном, Узунов работел пет-шест години. Узунов починал ненадејно од срцев удар во Берово, на 24 август 2014 година, каде бил со својата сопруга Жаклина на одмор.

Негова сопруга е: Жаклина Колоска-Узунова.

Музичка кариера

Узунов започнал да се занимава со музика уште како дете. На деветгодишна возраст почнал да свири на мандолина, во музичката секција на училиштето. Неколку години подоцна, сестра му од Скопје му донела ученичка гитара и, оттогаш, тој се насочил кон гитарата. Учел сам, и веќе во 1966 година, во Валандово ја оформил рок групата „Златни стени“, која молскавично брзо стекнала популарност, и тоа низ цела Македонија. Групата настапувала и на тогашните актуелни гитаријади, а во 1969 година, на гитаријадата во Гевгелија, Узунов бил прогласен за најдобар гитарист и списането „Млад борец“ му доделило електрична гитара.

Узунов во текот на сета своја богата музичка кариера во македонската јавност бил доживуван како „момчето со мандолината“, според хитот што во 1976 година го испеал со Цветанка Ласкова, на Фестивалот во Опатија. Подоцна, Узунов започнал да се занимава и со новокомпонирана фолк музика, останувајќи запаметен како автор на песните „Чаки панкерот“ и „Звучна фантазија“. Во последните години од животот, Узунов бил насочен на работата на своето приватно музичко училиште „Узун“.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Јанко Узунов ЖивотописЈанко Узунов Музичка кариераЈанко Узунов НаводиЈанко Узунов Надворешни врскиЈанко Узунов15 февруари1951201424 августБеровоВаландово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Кристина АгилераБлерим РекаМакедонски претседателски избори (1999)Сашко КедевВлада на Љубчо ГеоргиевскиМакедонски претседателски избори, 2014Седум светски чуда на античкиот светПоделба на властаСтојанче АнгеловЈулијански календарБолести и аномалии на очитеТунисПат околу светот за 80 денаРепублика МакедонијаАнтичка МакедонијаЉупчо ГеоргиевскиИменкаОпштина КавадарциГарванот (поема)Локални избори во Македонија (2017)МеталГордана Силјановска-ДавковаАлијанса за АлбанцитеИзбирачко местоПоштенски броеви во МакедонијаИнтеграСложена реченицаРобинзон КрусоЛевица (политичка партија)ХромозомЈужна АмерикаМакедонски АлбанциТрапезТигарЕнциклопедијаПремиер на МакедонијаГенералот на мртвата војскаДебарВласиСтево ЦрвенковскиМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Универзитет „Св. Кирил и Методиј“Македонски парламентарни избори, 1994Главна страницаДемократска обнова на МакедонијаМијациЛозје (книга)Македонски пасошЛавОпштина ЖелиноМакедонија во металното времеТоше ПроескиЧернобилска несреќаМакедонски парламентарни избори (1998)Петар Поп АрсовКамен мост (Скопје)Инфективна мононуклеозаТеодосиј СинаитскиРециклирањеЕкологијаДПАМакедонски парламентарни избори, 2008Социјалистичка партија на МакедонијаШвајцаријаКамилаПанонски легендиПавле АрсоскиМуса ЏафериЦрн дробПреспански договорПросветителствоСоединети Американски ДржавиНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаВлада на МакедонијаКумановоТуберкулоза🡆 More