Иверски Манастир: манастир на Света Гора

Иверски манастир или Иврион (грузиски: ივერთა მონასტერი, iverta monast'eri; грчки: Μονή Ιβήρων, Monḗ Ibḗrōn) — источноправославен манастир во монашката држава Света Гора во северна Грција.

Иверски манастир
Иверски Манастир: Историја, Објекти, Реликви
Поглед кон манастирот.
Информации
Манастир на:порано Грузиска православна црква
сега Цариградска патријаршија
Основанbetween 980-983 AD
Посветен наУспение на Богородица
Личности
Основач (и)Георгиј Иверски и Торник
МонасиНатанаел
Важни личностиГеоргиј Иверски, Торник, Јован Иверски, Евтимиј Атоски
Место
МестоГрција Света Гора, Грција
Отворен за јавностаединствено мажи

Историја

Ивирон е основан кон крајот на 10 век на местото на стариот Климентов манастир, малку по основањето на манастирите Голема Лавра и Ватопед. Манастирот бил изграден под надзор на двајца грузиски монаси, Јован Иверски и Торник помеѓу 980-983 и во него живееле грузиски свештеници. Иверски (Иврион) буквално значи „на Иберијците“ на грчки јазик. Името потекнува од древното грузиско Кралство Иберија. Во 14 век манастирот пострадал од честите напади на каталонските пирати и од приврзаниците на унијата со Римокатоличката црква. Сепак манастирот успеал да опстане, благодарение на помошта од страна на византиските цареви од династијата на Палеолозите и од кралевите на Србија и Грузија.

Манастирот е рангиран на третото место во хиерархијата на Атонските манастири. Манастирската библиотека содржи 2.000 ракописи, 15 литургиски свитоци и 20.000 книги на грузиски, грчки, хебрејски и латински.

Манастирот има мошти на повеќе канонизирани светци од било кој друг на Света Гора. Панагија Портаитиса, позната икона од 9 век, исто така се наоѓа во Иверскиот манастир.

Манастирот има околу 30 монаси, од кои ниту еден не е Грузиец.

Објекти

Двата параклиса посветени на Пресвета Богородица и на Јован Крстител се од најраниот период на манастирот. Во центарот на дворот на манастирот се наоѓа главниот храм (католикон), изграден во првата половина на 11 век и обновен во 1513 година од игуменот Ѓорѓи Варасвацис. Католиконот е посветен на Успението на Пресветата Богородица. Празникот на манастирот е на 15 август.

Реликви

Иверскиот манастир е познат по многуте архитектонски одлики, како столбовите во главниот брод на католиконот, поствизантискиот дрвен иконостас, вратата на ходникот со убава резба и фреските. Особено е извонреден сребрениот лустер подарен од архимандритот Кирил за својот манастир од страна на народот на Москва во 1818 година. Исто така, зачувувани се многу вредни црковни облеки, чинии, евангелие донирано од Петар Велики, мошти на околу 150 светци. Манастирот е најбогат во целата заедница на Света Гора.

Наводи

Tags:

Иверски Манастир ИсторијаИверски Манастир ОбјектиИверски Манастир РеликвиИверски Манастир НаводиИверски МанастирГрузиски јазикГрцијаГрчки јазикПравославна цркваСвета Гора

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Влада на Димитар КовачевскиРистиќева палатаРециклирањеЃурѓовденОливер СпасовскиБиблијаВлада на Македонија од 1992Македонски парламентарни избори (2008)Јосип Броз-ТитоДраган Павловиќ ЛатасЦрни и жолтиОхридско ЕзероКатица ЈаневаИсламИменкаИзет МеџитиМакедонски парламентарни избори, 2014Географија на МакедонијаДржавни празници во БугаријаХоландијаДемократска алтернативаДневникот на Ана ФранкГостиварЉубиша ГеоргиевскиСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаОпштина ВаландовоВакцина против тетанусОпштина Крива ПаланкаПалиградСпецијална антитерористичка единица „Тигар“РеченицаМакедонија (регион)Марија АнтоанетаОпштина ВрапчиштеЛуцеркаБогородицаМагнетЗоран ЗаевЛозје (книга)ААОпштина Маврово и РостушеМарија КириПодржи КоњДостоинство (политичка партија)КанцониеротЛевица (политичка партија)БаронЖичени инструментиПтициНикола КаревПрсти на рацетеСписок на македонски филмовиСоцијалдемократијаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотПченкаВесна БендевскаОпштина Центар ЖупаАлтернатива (политичка партија)КочаниСиријаХемороидМакедонски парламентарни избори (2020)ШтипОливера НиколоваБранко ЦрвенковскиСам домаПоштенски броеви во МакедонијаПравоаголен триаголникЛасерНационален парк ПелистерМакедонски парламентарни избори, 2008Либерално-демократска партијаКозјак (езеро)Горјан ПетревскиВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоЈанко БачевЗоран ДамјановскиВооружена престрелка во Куманово (2015)Елизабета Ѓоргиевска🡆 More