Филм Од 1951 Туѓинци Во Воз

Туѓинци во воз (англиски: Strangers on a Train) - американски филм од 1951 година, во режија на Алфред Хичкок.

Главните улоги ги играат: Фарли Гренџер, Рут Роман, Роберт Вокер, Лео Г. Керол, Патриша Хичкок и Кејси Роџерс. Во 1952 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во категоријата за најдобра кинематографија.

Синопсис

Гај Хејнс (го гра Гренџер) е млад тенисер кој е во врска со Ан Мортон (ја игра Роман), ќерката на сенаторот Мортон (го игра Керол). Истовремено, тој е во постапка на развод од неговата сопруга Миријам (ја игра Роџерс), која е бремена со друг човек. Еднаш, додека патува со воз, Гај се среќава со Бруно Ентони (го игра Вокер), синот на богат човек. Ентони знае сè за Гај и за неговите проблеми, па му го предложува својот план за совршено убиство: тој да ја убие Миријам, а Гај да го убие татко му. На тој начин, двајцата ќе имаат полза, а полицијата нема да ги открие, зашто тие би убиле сосема непознати луѓе. Набргу, Бруно ја дознава адресата на Миријам, ја следи и ја убива во луна-паркот, а потоа бара од Гај да го изврши убиството. Во меѓувреме, Гај е осомничен за убиството на Миријам поради што се наоѓа под надзор на полицијата. Но, Бруно е упорен и по пошта му го испраќа планот од куќата, клучот од собата на татко му и пиштол. Тој му се наметнува на Гај и по една забава во куќата на Ан, таа насетува дека Гај и Бруно делат заедничка тајна. Тогаш, Гај му кажува на Бруно дека е согласен да го убие татко му и оди во неговата куќа, но таму го пречекува Бруно, а Гај му соопштува дека нема намера да го изврши убиството. Поради тоа, Бруно планира да се врати на местото на злосторството и таму да ја остави запалката на Гај, со цел полицијата да го најде доказот и да го обвини Гај за убиството. Во меѓувреме, Гај учествува на тениски натпревар, но со помош на Ан и нејзината сестра успева да пристигне навреме во луна-паркот. Таму започнува борба меѓу Гај и Бруно, кој погинува во несреќен настан, а еден сведок го препознава Бруно, со што Гај е ослободен од обвинението.

Наводи

Tags:

Алфред ХичкокАнглискиОскарРежијаФилм

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Национални паркови во МакедонијаЖичени инструментиДанела АрсовскаГаличникВелигденРоберт ПетковскиВештачка интелигенцијаЖолчкаБиблијаТеодосиј СинаитскиМакедонски парламентарни избори (2011)Нова алтернативаУстав на МакедонијаСпоменка (книга)Свети ГеоргиХоландијаАзијаБогородицаМакедонски парламентарни избори, 2006Имер СелманиСписок на градови во Македонија по населениеСоцијалистичка партија на МакедонијаЃурѓовденСолунска ГлаваЗмијаСоцијалдемократијаВесна БендевскаВолфганг Амадеус МоцартСписок на државни знамињаХИВАнтониа ГиговскаФиброаденомТито ПетковскиИлинденско востаниеЦрвен крст на МакедонијаБраиловоВелики петокЗемји членки на Европската УнијаStaphylococcus aureusТабла (игра)Борис ТрајковскиРечник на стари македонски зборовиМоликаСузан АкбелгеБакарВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаМакедонски парламентарни избори (2008)Свети Наум (манастир)Европска УнијаЈаглерод моноксидМасакр кај ВејцеАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаВикипедијаМакедонски парламентарни избори, 2014ТоксикологијаМанастир ОстрогСДСМДраган Павловиќ ЛатасЦар СамоилВиножитоЕлизабета ЃоргиевскаПоштенски броеви во МакедонијаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаПрва влада на Бранко ЦрвенковскиХемороидПечалбариВтора влада на Никола ГруевскиМинато определено свршено време во македонскиот јазикМакедонски претседателски избори, 2009Општина ЖелиноМакедонски парламентарни избори, 2016Слуз-цедење во грлотоНародна Република МакедонијаЕкосистемДемократијаЛокални избори во Македонија (2017)Лозје (книга)🡆 More